Коментари

Методија Андонов Ченто и другарите го играат Тешкото на Шаторов камен

Cento

Cento

 Методија Андонов Ченто и другарите го играат Тешкото на Шаторов камен

“Се тресе“ Шаторов камен од тупотот на Методија Андонов Ченто и другарите. Кај локацијата на традиција и оро, со свирката на Кемче на планината Селечка се организирале излети. Фотографот ги “фатил“ на тешкото оро со “дружината“ со паларии и гологлави, под будното око на љубопитните деца и други “сеирџии“.

„ТЕШКОТО“ НА ШАТОРОВ КАМЕН–Од Методија Андонов Ченто до УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!

„Се тресе“ Шаторов Камен од чекорот што не бара дозвола. Од „Тешкото“ што не се игра за веселба, туку за опстанок. Тогаш, како и денес, проблемот не беше орото – проблемот беше македонската свест.

Ченто знаеше дека кога народот нема право јавно да зборува, телото зборува наместо него. Чекорот станува изјава, орото – протест, а песната – обвинение. На Селечка Планина, „Тешкото“ беше национален чин. Затоа беше опасно. Затоа власта го гледаше како закана, а не како традиција.

Ченто беше уапсен не затоа што повика на насилство, туку затоа што повика на достоинство и национални права.

Историјата постојано ја повторува истата формула: кога се бара обединета Македонија, репресијата станува правило. По Втората светска војна, човекот што стоеше на чело на АСНОМ и ја вгради македонската државност во институциите, беше прогласен за непријател. Не затоа што згрешил, туку затоа што не прифатил половична слобода и наметнати компромиси со идентитетот. Девет години затвор беа порака до сите што ќе се осмелат да одат по истиот пат.

Уставобранителите го одиграа „Тешкото“ во Собранието на Република Македонија–без музика, но со иста историска тежина.

891 copy

На 21 ноември 1946 година Методија Андонов-Ченто е осуден на 11 години затвор, на 27 април 2017 година за настанот во Собранието на Република Македонија уставобранителите беа затворени и осудени на долгогодишни затворски казни, меѓу осудените беше и неговиот внук Јане Ченто–тоа е уште еден доказ дека борбата за Македонија сèуште се плаќа со слобода.

Методите се исти како во времето на Методија Андонов – Ченто, само правно спакувани: наместо отворена политичка пресметка – судски пресуди, наместо идеолошки прогон – кривични квалификации, наместо „непријател на државата“ – „пречка за иднината“ и „Терористи“. Но суштината е иста: кој ќе застане во одбрана на темелите, ќе биде казнет.

Како што Ченто беше затворен затоа што не се откажа од Македонија, така и уставобранителите беа затворени затоа што не се откажаа од Уставот на Република Македонија.

Уставобранителите го одиграа своето „Тешкото“ во Собранието на Република Македонија – без музика, но со иста историска тежина.

Слобода за Уставобранителите!

Tome Veljanovski copy

Томе Вељановски

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top