Коментари

Бугарскиот рекорд на хаосот: десет години без влада, со апетит за туѓ устав

1a-aleksandar copy copy copy copy

1a-aleksandar copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Александар Македонски Џеповски

Десет години политичка немоќ. Десет години избори, технички влади, привремени решенија и постојан институционален ќорсокак. Ако постои категорија во Гинисовата книга на рекорди за држава што најдолго не знае да си состави влада, Бугарија одамна требаше да ја добие златната медаља.

И токму таква држава – неспособна да воспостави стабилна власт, без јасна стратегија и без елементарен политички консензус – си зема за право да држи лекции, да условува и да бара промени во Уставот на Република Македонија. Апсурд до апсурд, трагикомедија до трагикомедија.

Земја што не може да си го среди сопствениот двор, со деценија го заглави парламентот, а амбициозно тропа на туѓи врати и бара да ѝ се отвори Уставот. Тоа не е политика, тоа е политичка мизерија.

Доволно е некој бездомник да фрли камче кон нивна амбасада – или некој да биде посочен како „идеален виновник“ – и веднаш следи симфонија од жалопојки за омраза, прогон и наводна жртвеност. Трубење на сите фреквенции, дипломатски писма, европски аларми.

Вистината е многу поедноставна и многу поболна: Бугарија не може да состави влада затоа што не знае каде припаѓа. Раскината меѓу Брисел и Вашингтон, од една страна, и сенките на Москва и Пекинг, од друга, таа чека да види кој ќе биде победникот во големата геополитичка пресметка. Додека не стане јасно кој ќе доминира – ЕУ и НАТО или Евроазија со Русија и Кина – во Софија владее парализа.

Но, кога конечно ќе им се расчисти сликата, тогаш чудото ќе се случи за една секунда. Владата ќе се состави експресно, со насмевки, со цвеќиња и со свечен пречек на „победникот“. А веднаш потоа, старото хоби ќе продолжи: притисоци кон Македонија и нови барања Бугарите, овојпат можеби и по втор или трет пат, да се „вградат“ во македонскиот Устав.

И тука трагедијата станува фарса. Држава што не може да се договори сама со себе, се обидува да крои уставни решенија на друга. Држава што е заложник на сопствениот страв и неодлучност, глуми европски тутор.

Македонија, за разлика од тоа, одамна ја научи лекцијата: стабилност не се гради со уцени, а идентитет не се менува по туѓа желба.

Колку и да трае бугарскиот политички хаос, едно е сигурно – нивната неспособност да состават влада не може и не смее да биде македонски уставен проблем.

СМЕШНИ БИЛЕ И ТАКВИ ЌЕ ОСТАНАТ ОВИЕ ШТО СЕ НАРЕКУВААТ БУГАРИ. ТОА ИМ Е КАЗНА ОДРЕДЕНА ОД БОГА И КАКО ТАКВИ ДА ОСТАНАТ ДО КРАЈОТ НА НИВНИТЕ МИЗЕРНИ  ЖИВОТИ.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top