Коментари

Ламбе Арнаудов: Одржан е 31-от состанок на куќниот совет од “Бихаќка“ 8

1v-Lambe copy copy copy

1v-Lambe copy copy copy copy copy copy

Во присуство на бројни (скоро сите) членови на малата и во слободен пад да се смали уште повеќе, се одржа долго најавуваната средба, која никого не го интересираше, на вкупниот незначителен број членови на куќниот совет на “Бихаќка“ 8.

Интересно е што како и во Бихаќ 1942 година поради тешки борбени но и “предавнички“ услови немаше скоро половина од сите поканети. Најприсутни беа заборавените и тие останаа дома, убедени дека и понатака ќе биде полошо од секогаш лошото во нивната средина, така што нивното отсуство или присуство не менува ништо, бидејќи концертот на шунд музиката што беше понуден ниту беше за слушање, уште помалку за гледање, од соло настапот на најлошиот музичар во овој веќе одамна заборавен БЕНД составен од лоши музичари и р`ѓосани инструменти, најлошо без публика, помина без никаков публицитет.

Се потрудија!

Поканија уште две, три, четири порано многу, многу мали куќни совети, за колку толку да се соберат, ама тие сироти од кога се во друштво со нив, ги нападнала инфекцијата на “големиот“ да се стреми успешно, ултра брзо да се смалува за да биде невидлив.

И, нормално како да се дозволи нешто малу, мрва… големиот да дозволи малите да можат да бидат поголеми од него.

Тука клучна улога одигра и нивната главна идеолошка матрица: Сите по број да се изедначат. Не може само малите да се смалуваат, па така тие наводно малу поголемите, силно, брзо и со многу голем интензитет ќе се намалуваат за да бидат сите “рамноправни“ оти не е фер тие, големите, да имаат неколку членови повеќе од исто така малите кои што се намалуваат.

Важно е да си солидарен кон патот на пропаѓање, односно сите заедно “јуначки“ да се покажат лојални на слепиот водач кој ги носи со празни ветувања кон неостварливи соништа, дива река што нема брег од двете страни каде да застанеш, само стихија и од време на време, поточно на секои 100 години видливи како СКИТАЧКИОТ ХОЛАНЏАНИН.

И, сите тие собрани НЕКОЛКУМИНА во број се договориле како да го оправат домот во кој живеат, да ги подобрат условите за живеење, да обезбедат некоја си каква таква иднина, бидејќи не се мрднати од место.

Но, како што понекогаш и бива, и во најдлабоката јама и црна темнина ќе се најде некој да праша: “Како дојдовме до ова дереџе? Како да се погледнеме в очи кога е црна темнина?

Како да го следиме некого кога и тој е ОБНЕВИДЕН? Ај што е таков, ама и позади и е невидлив…? Но, видлива е неговата самопрегорна посветеност, истрајност и издржливост и понатака да руши, разградува, да се одмаздува на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да ја мрази МАКЕДОНИЈА и сето со векови од народот позлатено да го пеплоса и претвори во ситни груменчина прегорен јаглен.

Што да поправаме? Не го знаеме домаќинот ниту името на објектот што ние го продадовме заедно со народот обезимен и без дом што го оставивме и тоа за понижувачки и бесценети пари, но и крвави и клети.

Кој ќе ни поверува? Еден народ едно време го лажевме и го суредивме. Но не можеме постојано сиот народ цело време да го лажеме.

Што повторно, со која хипокризија и со која ново понудена апокалиптична измама ќе ги придобиеме станарите?

Прочитани сме, жигосани за навек, отфрлени одамна, непожелни за пријатели, комшии, сватовштина, соработници праша, единствениот кој што малу прогледал после оперативниот зафат кај офталмолог, за на крај да додаде: Оставете ги мајсторите и велемајсторите да градат сé што ние растуривме. Тие знаат и сакаат. Ние не сме квалификувани ни за чираци а камо ли калфи да им бидеме.

А, тоа дека не сакаме: Точно е, но делумно. Вистинскиот одговор е: Ние ги мразиме своите. Ги мразиме затоа што не можеме да бидеме како НИВ.“

Го мразите своето, толку жестоко што не знаете од каде произлегувате, на кого припаѓате и на кого да служите. Да, простете за третово: Само тоа знаете, да служите на ТУЃИ, НЕПРИЈАТЕЛСКИ ИНТЕРЕСИ, продавајќи нешто за без пари. Нормално, најниска цена има оној производ што не е твој.

Одете си! Ослободете си се себе си. Народот одамна од вас КРАСТОСАНИ духовни дегенерици е ослободен.

Се прашувам самиот себе, а и малкумина вас: Зборувате за некој имунитет. Од кого ќе ве брани. Залудно е.

Вие боледувате од автоимуна антимакедонска неизлечива, тешка и срамна болест ЛУПУС, инфицирани едни од други со исклучително јасен симптом на континуирано нарушување на имунолошкиот систем на МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА и НАЦИЈА.

А, и да се лечете, не можете.

Злобата ви е поголема и од ЛУПУСОТ.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top