Коментари

Кога немаш одговор за милионските криминали, отвораш тема за часовник?

1-MN copy

1aa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

СДС – партија која зад себе остави траги од финансиски скандали во речиси секоја институција што ја допре, сега одлучи да ја „открие“ вредноста на часовникот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како најголем проблем во државата.

Очигледно, во недостиг на идеи, визија и кредибилитет, СДС смета дека јавноста има кратко паметење. Или уште полошо – дека граѓаните не прават разлика меѓу чесно заработено и сомнително стекнато богатство.

Од едната страна е човек кој заработувал пред политиката и престанал да заработува од бизнис во моментот кога влегол во јавна функција, од другата страна се Венко Филипче и Зоран Заев – хирург и земјоделец од Муртино – кои пред политиката беа просечни граѓани, а по владеењето на СДС се претворија во мултимилионери.

Куќи во елитни населби како Нерези, станови и згради во Дубаи, акции во индиски авиокомпании, фирми дома и во странство со нејасно потекло на капитал, луксузни автомобили како „подароци“ од компании што добивале државни тендери, проценти, провизии, договори – сè освен чесно објаснување.

И сето тоа – токму за време или по нивното активно политичко дејствување. Ова е суштинската разлика која СДС сака да ја замагли со евтини соопштенија и спинови.

Разликата меѓу човек што заработил пред политиката и луѓе што се збогатиле со помош на власта. Разликата меѓу проверливо и сомнително. Меѓу транспарентно и скриено.

Затоа, кога СДС зборува за морал, јавноста со право се прашува: каде се тие морални стандарди кога контролите откриваат милионски дупки, кога по секоја ревизија е нова афера?

Наместо да гледаат во туѓи раце, нека погледнат во сопствениот двор и нека бројат кривични пријави.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top