Коментари

Сите кои не клекнуваат пред врхушката на СДС – државни непријатели?

1Manojil

9-mane 1 copy copy copy copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

За врхушката на СДС, логиката одамна е суспендирана, а реалноста е заменета со параноја. Во тој затворен партиски балон важи едно едноставно, но опасно правило: ако не си со нив – си против нив. Ако не им помагаш – сигурно работиш за некого. Ако поставуваш прашања – напаѓаш. Ако критикуваш – автоматски си прогласен за непријател на СДС, на државата, на демократијата, и се разбира на европската иднина.

Нивните платеници, уредно распоредени по социјални мрежи, упорно и дисциплинирано испраќаат навреди кон сите што не ја прифаќаат партиската догма. Разлики меѓу нив речиси и да нема. Во едно се совршено усогласени: Преспанскиот договор е света крава, а договорот со Бугарија е новото евангелие. Кој не верува – антиевропеец е, кој се сомнева–руски агент.

По месеци опседнатост со Србија и Александар Вучиќ дојде време за нова фаза. Србија очигледно досади. Вучиќ веќе не пали како тема. Па, логично, се оди „малку понагоре“ на картата. Новиот непријател е Унгарија и Виктор Орбан.

И токму тука започнува вистинската трагикомедија.

Истите тие луѓе кои денес ја демонизираат Унгарија, вчера аплаудираа на соработката со неа. Истите тие забораваат дека Зоран Заев, како премиер, јавно и со широка насмевка ѝ се заблагодаруваше на владата на Орбан за поддршката, помошта и „пријателството“. Средби, декларации, фотографии, ракувања – сè беше во најдобар ред. Или можеби тогаш Орбан бил „добар“, а денес е „лош“? Или принципите во СДС важат само додека се политички исплатливи?

Денес, истата таа Унгарија-искрен пријател на Македонија, се претставува како сериозна закана. Не затоа што реално нешто се променило во меѓународните односи, туку затоа што на СДС очајно ѝ е потребна нова надворешна „опасност“ за да ја прикрие сопствената внатрешна распаднатост.

СДС, предводена од Венко Филипче, очигледно живее во паралелен универзум во кој сите се против нив, сите коваат заговори, а тие се некаков центар на светот.

Овој синдром на постојана опседнатост со надворешни непријатели или укажува на сериозна политичка дезориентација, или е свесна стратегија за бегство од реалноста – од фактот дека партијата се наоѓа во длабока криза, без визија, без идеи и без доверба од сопственото членство.

А токму таму е суштината на проблемот. Не во Србија. Не во Унгарија. Не во Орбан, Вучиќ или кој било друг странски лидер. Проблемот е во СДС и во нивната неспособност да се соочат со сопствените грешки, со корупциските афери од седумгодишното владеење и со сè погласните барања Венко Филипче да си замине од претседателската функција.

Барања што не доаѓаат само од политичките противници, туку и однатре – од луѓе кои одамна ја препознаваат партијата како заложник на тесен круг интереси, познат меѓу членството како т.н. „клан Дубаи“.

Наместо да лутаат во потрага по нови виновници, за СДС би било многу покорисно да погледне во сопствениот двор. Да го слушне членството. Да ги слушне поддржувачите. Да се соочи со реалноста дека никој друг не им е крив за состојбата во која се наоѓаат – освен тие самите.

Во нормални околности, ваква состојба би барала сериозна саморефлексија. Во СДС, таа очигледно се толкува како доказ дека „се на вистинскиот пат“. А можеби вистината е многу попроста и многу поболна: целата оваа хистерија е чадна завеса. Свесен маневар за бегство од реалните проблеми – катастрофалниот рејтинг, распаднатото членство, меѓусебните кавги и сè погласните повици Филипче да го напушти претседателското столче. Столче што одамна не е симбол на лидерство, туку симбол на заробена партија во рацете на малкумина.

Наместо постојано да цртаат нови надворешни непријатели, можеби е време врхушката на СДС да се погледне во огледало. Да си постави непријатни прашања. Да се соочи со сопственото минато, со сопствените афери и со сопствената одговорност. Но за тоа е потребна храброст – а храброста одамна не е валута во СДС.

И за крај, едно прашање што постојано лебди над јавноста, а никогаш не добива јасен одговор: каде во светот лица фатени во компромитирачка ситуација имаат морален легитимитет да делат лекции за вредности, етика и европски стандарди?

Очигледно–само во паралелниот универзум наречен СДС.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top