Коментари

Кога се удира по АВНОЈ, се удира по АСНОМ и по Македонија!

1945

1945

„Во овој момент, во ова историско место „Св. Отец Прохор Пчински” и на овој историски и свет ден Илинден, кога објавувам да е отворено Првото антифашистичко собрание, со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња до Вардар, од Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропаста на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава…..”

Со овие зборови, најстариот делегат, велешкиот учител и илинденец, Панко Брашнаров го отворил Првото заседание на Антифа-шистичкото Собрание на Народното Ослободување на Македонија, кое се одржало на 2 август 1944 година, во манастирот „Св.Прохор Пчински“.

Тој говор не беше само свечена реторика. Тој беше историска пресуда над вековната неправда и симболичен крај на едно долго бришење. Зашто низ децении, па и векови, Македонија била предмет на територијални поделби, прекројување на граници и систематски обиди за негирање или присвојување на идентитетот.

Се менувале презимиња и топоними, се оспорувала Македонската православна црква, се релативизирало правото на сопствен јазик, а цели историски периоди и личности се прогласувале за „туѓи“.

Денес, фактот што различни соседи тврдат дека делови од македонската античка, средновековна и револуционерна историја им припаѓаат ним, говори за една подлабока вистина: Македонија поседува силно и влијателно културно-историско наследство.

Од Александар и Филип, преку Апостол Павле и раното христијанство, кирилицата и Илинден до АСНОМ–Македонија останува цивилизациски крстопат.

Отпорот кон непризнавањето на македонскиот идентитет не е случаен, туку произлегува од неможноста на соседите да изградат сопствен наратив без да посегнат по македонскиот. Затоа притисоците продолжуваат и денес – преку политики, договори и „интерпретации“ на историјата.

Во тој контекст, не е случајно што по Грција и Бугарија, сега и од Србија сè слушаат пораки дека „прашањето на АВНОЈ“ повторно ќе мора да дојде на дневен ред.

Формулацијата е внимателна, интелектуално запакувана, но суштината е јасна: се подготвува терен за ревизија на поредокот создаден по Втората светска војна.

За Србија, тоа можеби е дебата за „историски неправди“. За Македонија – тоа е директен удар врз темелите на нејзината државност.

Од македонска перспектива, АВНОЈ не е бирократски или идеолошки остаток од Југославија, туку историски момент на раѓање на македонската држава. Првпат македонскиот народ беше признаен како посебен народ, Македонија стана федерална единица со име, јазик, територија и институционален континуитет. Сè што следеше – АСНОМ, уставноста и независноста во 1991 година – е логично продолжение на тој чин.

Затоа, кога денес некој вели дека нема вечно да се држи за АВНОЈ „како пијан за плота“, од македонска перспектива тоа не звучи како модернизација, туку како стара балканска намера облечена во нов речник.

Кога од Србија се зборува за „прекројување на историската Србија од АВНОЈ“, тоа директно допира до легитимноста на македонското постоење. А фразата дека таа тема „мора да дојде на дневен ред“ во Македонија се чита како обид за релативизирање на границите и враќање кон великодржавни наративи.

Денес Македонија повторно го брани правото на постоење – не со оружје, туку со аргументи против ревизионизмот.

Во целата оваа приказна намерно се премолчува клучен факт: Македонија денес не е изолирана балканска територија од 1945 година. Таа е членка на НАТО и држава-кандидат за членство во Европската Унија. Тоа значи дека секое отворање на прашања поврзани со АВНОЈ и АСНОМ не е само историска или билатерална расправа, туку директен удар врз евроатлантската безбедносна архитектура.

Ревизијата на АВНОЈ значи порака дека границите повторно може да станат предмет на политичко прекројување. А тоа е спротивно на принципите на НАТО, и токму затоа ова не е само македонско прашање.

За Македонија, АВНОЈ не е товар од минатото, туку заштитен механизам од враќање во предавнојскиот хаос, кога македонското прашање се решавало без Македонци.

…Кога Господ ги делел земјите и судбините меѓу народите, секој добил мера според својата сила. А на Македонецот му била дадена земја на крстопат–меѓу царства, јазици и мечеви. И Господ рекол:„Ова ќе биде земја на испит, а не на удобност.“          

И многумина ќе посегнат по неа, и ќе велат: „Ова е мое од порано“, и ќе го менуваат името, јазикот, историјата и ќе ѝ ги бројат вековите, и ќе ја мерат со туѓи мерки. Но Македонија ќе остане.

Зашто не се брише народ што преживеал поделби, негирања и забрани, и повторно станал. И не се руши темел што е поставен со жртва, со борба и со име.

МН

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top