Коментари

Бугарите да ти имаат Куран тежок 500 килограми и долг 2 метри, ама не кажуваат!

1a-aleksandar copy copy copy copy

1a-aleksandar copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Александар Македонски Џеповски

Куранот го донеле од Татаристан, им било здодевно да останат добри муслимани, па ноншалантно преминале во Православие. Сето тоа е документирано, со видео на Јутјуб, ама сега настојуваат да го оттргнат од историјата, касно е, Марко веќе стигна на Косово, и не се враќа за ниту еден „компромис“ на историската сценографија.

Бугарското име некогаш било гордост во муслиманскиот свет. Турците ги донеле покрај Црното Море, но Господ и Русите им имале сосема друга режија. И така, тие завршиле заглавени во лавиринт од настани, каде што логика и хронологија се заменети со стратегија на политички снопови, како сарма без јасен рецепт.

Ребусот станува уште поинтересен: Самоил бил Цар, а не Хан. Кирил и Методи ниту личеле на Џингис Кан, ниту на Аспарух или Кубрат, сепак „шверцувале“ низ времето, па стигнале до Тодор Живков како дел од бугарската митологија.

Се чини дека на Балканот секогаш се работи за тоа кој како ќе го прикаже својот слој, додека вистината останува заборавена.

Врвот на балканската комедија? Фердинанд по татко Германец, по мајка Италијка самопрогласен за Цар Бугарски, на конвертираните муслимани од Азија, на македонска земја со стариот град Средец преименуван во Софија.

Историјата не е факт, таа е шоу за дипломати, историчари и политички „акробати“.

И тогаш доаѓаат модерните „акробации“: Брисел предлага средби, Софија поставува услови, а македонската страна чека како сè да е дел од историски риалити-шоу. Секоја нова „комисија“ е како лажица кисела зелка на веќе замешаната сарма: европските бирократи со насмевка зборуваат за „дијалог и соработка“, додека историската вистина се крие под слоевите на дипломатска декоративност.

И додека европските и балканските политички кукли играат свој танц на договори, ревизии и декларации, македонската вистина си стои таму, со сите свои слоеви, кисели и слатки, понекогаш горчливи, ама вистински.

На крајот, сè што останува е едно: Македонија ќе ја јаде сармата на историјата на свој начин. И, додека некои се обидуваат да ја шминкаат, вистината не се продава и не се дава по европски комисии.

Балканот повторно потсетува: тука нема кратки патишта, а политичките „акробации“ се забавна, но понекогаш опасна, игра.

СИТЕ ОВИЕ БОЖЈИ ЧУДА НЕ СЕ ТОЛКУ РЕЛЕВАНТНИ КАКО ФАКТОТ ДЕКА БЕЗ МАКЕДОНЦИТЕ КОИ ВЕКОВНО И МИЛЕНИУМСКИ СЕ ПРИСУТНИ ТАМУ, СЕТО ОВА НЕ БИ БИЛО МОЖНО ДОКОЛКУ НЕКОЈ НЕ ГИ ЗАМЕШАЛ ПРСТИТЕ СО НЕКАКВА НАМЕРА. ДОБРА ИЛИ ЛОША, ПОЛЕКА НО СИГУРНО ОСЕЌАМЕ ТОА НА СВОЈА КОЖА И СЕ НАДЕВАМЕ НА ДОБАР И ПОСРЕЌЕН КРАЈ.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top