Коментари

ДО КАДЕ ЌЕ ОДЕЛЕ ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ МАКЕДОНСКИ ?

6d-donski copy

6d-donski copy

Александар ДОНСКИ 

ДО КАДЕ ЌЕ ОДЕЛЕ ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ МАКЕДОНСКИ ДОКОЛКУ НЕ ПОЧИНАЛ ТОЛКУ МЛАД, ТУКУ ДОЖИВЕАЛ СТАРОСТ?

Сигурен сум дека мнозина си го имаат поставено ова хипотетичко прашање и нормално дека одговорот на истото е во областа на шпекулациите. Сепак, врз основа на некои историски факти, може со да се претпостави некој повеќе или помалку веродостоен редослед на настаните. Да претпоставиме дека Александар би доживеал возраст од 75 години. Во консултации со историски извори во врска со состојбата со земјите кои не биле освоени од негова страна, еве што веројатно би можело да се случи.

Доколку Македонската војска и нејзините сојузници не побарале да се вратат назад туку наместо тоа продолжеле со освојувањето на Индискиот потконтинент, тие веројатно би го освоиле Пенџаб и би стигнале до реката Ганг, а индиција за ова е фактот што на тој простор владееле политички разединети држави. Тешко може да се претпостваи што би се случило потоа. Александар немал информации за Кина, а далечината од Македонија, од логистички аспект гледано, би била преголема за натамошни освојувања.

Aleksandar-star

Од друга страна доколку се вратил жив во Македонија, сигурно дека освојувањата би продолжиле и низ Европа, Арабија и северна Африка. За освојување на арабискиот полуостров немало речиси никаков проблем, во северна Африка тогаш доминантна држава билоа Картагина, додека во средна и западна Европа тоа бил Рим (тогаш се уште недоволно развиена држава). Повеќе од сигурно е дека и едната и другата држава (Рим и Картагина) би биле поразени и освоени.

Дали и колку би одел во освојувањата понатаму Александар тешко е да се претпостави, но факт е дека ќе можел да ја освои цела Европа. Така Македонската империја би се протегала од западна Европа, се до централна Индија плус северна Африка и Арабискиот полуостров. Сигурно дека во толку големата империја постојано ќе имало немири и востанија, кои веројатно би биле успешно задушувани имајќи ја предвид мудрата политика што ја водел Александар уште додека бил жив кога локалната власт ја оставал на локалните народи со целосна почит кон нивните културни и верски потреби.

Понатаму, доколку Александар дочекал возраст од 75 години тој секако дека ќе оставел свој способен наследник, наместо вака кога неговата империја ја наследиле генералите кои веднаш ја поделиле и почнале со меѓусебни војни. На тој начин значително би било продолжено егзистирањето на Македонската империја со што и светската историја би имала поинаков тек (не би постоеле Рим и Византија и сл.). Но, сето ова се само шпекулации…

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top