Коментари

Зошто државата ги осуди уставобранителите, а ги награди архитектите на хаосот?

1Manojil

9-mane 1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

Владимир Панчевски бил цел на организиран прогон затоа што одбил да постапува незаконски и да биде „послушен“

Зошто државата ги казнуваше оние што го бранеа Уставот?
Зошто Јавното обвинителство, СЈО, Кривичниот суд и Апелација решија дека одбраната на уставниот поредок е тероризам? И кој им даде политичка насока овие институции да не судат според закон, туку според партиска потреба?

Mane Jakiovleski

27 април 2017 беше тежок ден, но вистинската темнина дојде потоа, во годините кога правдата беше сведена на алатка за политичка одмазда, а институциите на извршители на однапред донесени одлуки.

Во координација на СЈО предводено од Катица Јанева, делови од Јавното обвинителство, МВР под водство на Оливер Спасовски и судии од Кривичниот суд–Скопје, беше создаден систем во кој не се судеше за дело, туку за припадност. Не за вина, туку за став, не за настан, туку за тоа кој одбил да се поклони.

Така мора да се чита и случајот на Горан Ангелов–Ќосето, како и случаите на останатите уставобранители.
Тие не беа осудени затоа што организирале терористичка структура. Не затоа што командувале вооружени формации.
Не затоа што рушеле држава.

Беа осудени затоа што не беа на „вистинската“ страна за тогашната власт на СДС, под политичко покровителство на Зоран Заев–како што сам изјави, трговецот од Горни Милановац.

Квалификацијата „тероризам“ не беше правна, туку политичка. Таа беше порака, порака до сите што не се согласуваа со Преспанскиот договор, со насилното менување на уставот, името, историјата и идентитетот.

Ако ова беше правна држава, зошто не беа обвинети оние што ги отворија вратите на Собранието? Зошто ниту еден од тогашните безбедносни структури, не сноси одговорност?

Одговорот е болен, но јасен: затоа што обвинителството работеше селективно, а судовите беа послушни.

Условното пуштање на Горан Ангелов по осум години затвор е најсилната потврда на фарсата: Ако бил терорист, зошто е пуштен? Ако не бил, зошто СЈО и Кривичниот суд го осудија како таков, а Апелација ја потврди пресудата?

Дополнителна светлина врз оваа темна слика фрли изјавата на Лејла Кадриу, екс-обвинител, избркана од Катица бидејќи: „не била тимски играч“ во емисијата ВЕЧЕРНОТО ШОУ НА БОГДАН ИЛИЕВСКИ од 06 02 2026,.

Според Кадриу, клучни оперативци во СЈО биле Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски–истите оние кои денес повторно се појавуваат како „реформатори“ и кандидати за високи функции.

Луѓе кои примале предмети директно од Заев и Шекеринска, без процедура и без записник. Во таков систем, правото не важи, важи партиската волја.

Постоеле обиди за директна контрола врз судството, па дури и креирање лажен предмет за претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски.

Кадриу открива дека Владимир Панчевски бил цел на организиран прогон затоа што одбил да постапува незаконски и да биде „послушен“. Откако не дозволил предмети да се изнесуваат од судот без процедура, започнала хајката за негово отстранување.

Кога не можеле да му најдат реален пропуст, му бил наместен случај за наводна рачна распределба на предмети, иако таква практика постоела и во други судови.

Владимир Панчевски, вели Кадриу, бил жртва на селективна правда и политичка егзекуција во време кога СЈО и власта на СДС креирале обвиненија за неподобните.

Исто така, како што изјави Кадриу, Зоран Заев, Радмила Шекеринска и советници на Оливер Спасовски биле редовни гости. Обвинителството, наместо независна институција, било претворено во штаб на СДС.

Според изјавата на Кадриу, Буџетот се трошел без срам: кафиња, лешници, договори со партиски блиски, роднини и пријатели.

Само за два месеци во 2015 година, бил потрошен еден милион евра. За што? За правда или за партиски комодитет?

На врвот на таа структура стоела Катица Јанева, „девојката од милион долари“, денес симбол на пропаста на СЈО. Осудена на седум години затвор за примање мито, а денес на условен отпуст.

Ова не беше само судење за уставобранителите од 27 април, ова беше судење на ВМРО-ДПМНЕ, за идејата за македонска држава и за секој што не се согласи со наметнатиот политички проект.

Уставобранителите не бараат помилување, помилување се бара кога имаш вина. Тие бараат повторено, фер судење, пред судии без политички диктат и обвинители без инструкции.

Судот на народот и судот на историјата не познаваат застарување. Овој антимакедонски чин е смислен, организиран и спроведен од конкретни политички актери, свесно и со умисла, на штета на државата и народот.

Од таа вина нема засолниште – ниту во функции, ниту во институции, ниту во времето. Правдата можеби доцни, но кога ќе стигне, таа не простува.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top