Коментари

Ниту еден современ народ во Европа не е заробеник на тоа како некој бил запишан пред 150 години под туѓа власт

1-MN copy

1aa-MN

Доволно од изјави, доволно од понижување, доволно од тезата дека Македонците се нешто што не се. Кога бугарски политичари тврдат дека „Македонците се Бугари“, тие не водат научна расправа, тие спроведуваат државна политика на негирање.

И затоа, да го поставиме најконкретното и најнепријатното прашање:

Дали негирањето на Македонците и македонската држава ѝ е потребно на Бугарија за да си напише „поубава“ историја, затоа што нема со што да се пофали пред светот?

Ајде да зборуваме отворено. Ако Македонците се Бугари, како што тврдат во Софија:

-зошто тогаш постои македонска држава, призната од целиот свет?

-зошто постои македонски јазик, признат во Обединетите нации и користен во меѓународни договори?

-зошто се потребни уцени, услови и вета, ако вистината е бугарска страна? Вистината не се брани со притисок, лагата, ДА.

Бугарската теза се темели на селективно и насилно читање на историјата. Се земаат административни и црковни формулации од 19 век, се игнорира сложениот контекст на Османлиската империја и се извлекуваат заклучоци за денешни луѓе.

Но историјата не функционира така. Ниту еден современ народ во Европа не е заробеник на тоа како некој бил запишан пред 150 години под туѓа власт.

Конкретни примери што Софија упорно ги премолчува:

Коминтерната: официјално го признава постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик. Прашањето е едноставно: ако Македонците не постоеле, што точно беше признаено?

Вардарска Македонија (1941–1944): Бугарија влезе како сојузник на нацистичка Германија, воспостави окупациска власт, забрани македонски јазик и го гони македонското чувство за припадност.

Ако населението било „бугарско“, зошто била потребна сила?

По 1944 година: Македонија кодифицира македонски јазик и ја институционализира својата посебност, додека Пиринска Македонија најпрво добива признавање, па нагло повторно се негира. Народите не исчезнуваат со декрет, само политиките се менуваат.

Македонците не се ничиј „проект“!

Македонскиот народ не е производ на туѓа држава и не е „регионална варијанта“ на друг народ. Тој е жива реалност, со јазик, култура, историска меморија и држава. Тоа не е мислење, Тоа е факт.

Малцинските права не се алиби за негирање

Секој граѓанин во Македонија што се чувствува Бугарин има право на тоа. Но индивидуалната самоидентификација не дава дозвола за негирање на мнозинството, а малцинските права не се изговор за државна асимилација.

Европа 21 или 19 век?

Бугарија е членка на Европската Унија. Тоа носи одговорност.
Сакате ли Европа на вредности или Европа на уцени?
Сакате ли Европа на почит или Европа на негирање?

Политиката што ја води Бугарија кон Македонија повеќе наликува на политика од 19 отколку на 21 век.

Ако бугарите навистина сакаат да се види вистината, нека се спроведе независен, меѓународен попис во Македонија и Бугарија во ист ден. Само едно прашање: „Дали се чувствувате како Македонец или како Бугарин?“ Ништо повеќе.

Само луѓе и нивната волја. А кога ќе им дадеме збор на луѓето, ќе престане оружјето наречено „историја“, а вистината ќе зазвучи гласно и јасно.

Ако Македонците се Бугари, резултатите ќе го покажат тоа.

А што доколку се покаже дека значителен дел од граѓаните во Бугарија се чувствуваат како Македонци?, тоа ќе биде исклучително непријатна вистина за официјална Софија.

Да не испадне како што изјавил Бугарскиот министер Иван Шишманов во разговор со францускиот публицист Гастон Рутие во 1903г. во еден разговор кога Шишманов му вели на Рутие:

„По десет години, ако Македонија стане автономна, таму нема да постојат ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци – ќе постојат само Македонци“,…

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top