Коментари

Сонцето е вечниот чувар на Македонија

Sonceto 1

Sonceto 1

Легендата за сонцето не е сочувана како митска приказна, туку како длабоко вкоренето верување вткаено во култот, симболиката и кралската идеологија.

Сонцето било извор на живот, ред и плодност. Се верувало дека ја чува земјата, го дава правото на владеење и ја поврзува човечката власт со небесната волја. Затоа не е случајно што токму сонцето станува државен и династички симбол, знак дека власта не е обична, туку осветлена.

Македонските кралеви, особено од династијата на Аргеади, ја граделе својата легитимност преку соларната симболика. Кралот не бил само политички водач, туку земен одраз на сонцето, оној што владее „по негова волја“, со божествен благослов.

Оваа симболика јасно се чита во погребните ритуали, во украсите на оружјето и во кралските гробници во Вергина, неми сведоци на еден соларен светоглед.

Најпознатиот материјален остаток од ова верување е шеснаесетзрачното сонце од IV век п.н.е., пронајдено на кралските гробници. Неговата симболика најчесто се толкува како сонце што ги осветлува четирите страни на светот, како вечен циклус на раѓање, живот, смрт и обновување, како знак на космички поредок и државна моќ. Тоа не е украс, тоа е космологија во знак.

Во македонските народни верувања сонцето останало живо суштество. „Сонцето гледа“, „Сонцето се радува“, „Сонцето се лути“, овие изрази не се само поетика, туку одраз на старото сфаќање дека сонцето има свест и волја, како божество-чувар.

Во многу краишта, кога ќе се роди дете, се остава да го „види сонцето“ за здравје. „Да го види сонцето, да биде живо и силно“ – тоа е чист соларен благослов. Истата идеја дека животот започнува под погледот на светлината.

Античките Македонци сонцето го поврзувале со родноста на земјата; истото верување живее и денес: се сее „по сонце“, се жнее со лице кон исток, куќите „гледаат сонце“, олтарот во црквите е свртен кон исток, кон изгрејсонце се крстиме.

Во фолклорот, сонцето ги „брка“ демоните – злите сили се активни ноќе, а со изгрејсонце темнината слабее. Истото верување го имале и античките Македонци: темнината е хаос, сонцето е ред.

Клучната работа е оваа: Македонците никогаш не престанале да му се обраќаат на сонцето. Античкиот соларен култ не исчезнал. Тој се преселил во обичаите, се скрил во поговорките и преживеал во песните и ритуалите, тивко и истрајно, како сонцето што секое утро повторно изгрева.

Многу истражувачи сметаат дека македонскиот култ кон сонцето има подлабоки, предхеленски и индоевропски корени. Тоа значи дека сонцето кај Македонците не било позајмен мит, туку автохтон симбол, знак што израснал од ова тло, под ова македонско небо. Симбол што не е донесен однадвор, туку создаден од истата таа земја што секое утро ја осветлува.

И денес сонцето е официјалниот државен симбол во Македонија, се вее во Мала Преспа и живее во срцата на македонската дијаспора ширум светот.

Сонцето не признава туѓа сенка, тоа изгрева секогаш одново, како потсетник дека идентитетот не се гаси со декрет, ниту се менува со потпис.

Сонцето е вечниот чувар на Македонија!.

1aa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top