Коментари

До овдешниот Епштајн и неговата банда: Господ е милостив, простува, Македонија НЕ!

1v-Lambe copy copy copy

1v-Lambe copy copy copy copy copy copy copy copy

Ламбе Арнаудов

Во пресрет на најхуманиот и најблагороден православен христијански празник Поклади или Прочка, преку кој Господ нé повикува на проштевање и помирување меѓу луѓето, но и со покајанието за сторените гревови кон НЕГО, ВЕРАТА и ЧОВЕШТВОТО. Еве и јас како и секој христијанин се придружувам да ја подадам својата рака на помирување кон секого, дури и кон моите најголеми непријатели.

И тој чин на искреност и отворени душа и срце, го сметам за највисок дострел на личниот мој однос кон канонските вредности на христијанството. Но, тука застанувам и понатака сум апсолутно немоќен, како поединец, да го барам истиот начин на постапување и однесување на мнозинството, од заедницата, поточно речено од еден тешко напатен и онеправдан народ, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Има неколку гревови, многу малку за кои човек којшто направил барем еден од нив, не само што не се дозволува простување, туку напротив, не е дозволено ниту покајание, а камо ли прошка за некој од тие гревови.

Еден од најголемите можеби и најтежок е предавството на својот народ, својот род, својата татковина.

И, апсолутно оправдано, без никаква резерва, зборувам за лични и групни предавства коишто со нивната разорна моќ и сила, може лесно и засекогаш да исчезне сé што со векови и милениуми дотогаш се одржувало, растело, жилаво се бранело и во таа борба често со многу жртви било доведено до раб на пропаст засекогаш.

Но не се дозволило. Во многу потешки времиња. Срам голем ќе биде за оваа генерација да ви ги прости предавствата, денес кога МАКЕДОНИЈА живее со процут на зрелоста на благородното МАКЕДОНСКО СЕМЕ тукашно автохтоно, што некои мрачни сили потпомогнати од овие најцрните домашни, сака да го расеат насекаде под туѓо име, со неразбирлив начин на употреба и на туѓи почви каде што не вирее во земја неродна, за нас и непозната освен на нашата најплодородна, најдародавна нива МАКЕДОНСКА што штедро го дарува својот народ, со највисок просек по хектар црна земја што раѓа и по 100 јунаци МАКЕДОНЦИ.

Заветот, пораките што како извор на вечна инспирација бистро силно тече, како вода допира до секого од нас, онаа вечна парола: СЛОБОДА или СМРТ, секако облагородена и хуманизирана без насилство но со незапирлив туку забрзано еруптивно да продолжиме решително да ја одбраниме честа и да ја сочуваме гордоста на нашата татковина МАКЕДОНИЈА. 

Затоа со гнев и резигнација се обраќам до овдешниот Епштајн и неговата банда којшто благодарејќи на она што го поседува, а незаконски го стекнал, и понатака држи во заложништво судии, обвинители, поранешни и актуелни политичари, новинари, професори, академици и други ќумур карактери, свиткани кичми, корумпирани до гуша, бараби од најдолно милје, од дното на пеколскиот казан.

Место таму да останат како казна што ја заслужиле, сега за да ја избегнат вистината за нив и да се посрамотат пред, прво себе, своите семејства, пријателите на кои им нанеле тешки неправди и понижувања и најтешкото, ќе прифатат да бидат грешници за кои нема прошка и помилување, да бидат и предавници на својот народ.

Ама, што е проблемот. Проблемот е вашата наивност. Наивност што верувате дека доказите за вашите недела, мислите ги има само тој, овдешниот Епштајн, ве уценува и ви се заканува, а вие тонете ли тонете во духовни мрши, се сушите од проклетството на совеста, очекувајќи дека ќе ја сокриете вистината од народот. НАРОДОТ сé знае. Нема човек кој не слушнал или не видел за што и на што сте спремни да ја продадете вашата еродирана до максимум чест. Секој ден сте предмет на исмејување, секој момент има нови и смешни, банални, срамни и антинародни дејствија, што сé сте правеле.

Но има и сериозни докази за висок криминал, корупција, неправда, вазалство и систематска берза на тргување со вашата човечка нечесност. Знаат сите, знаат и оние коишто не ве познаваат, оние коишто ви се комшии, знаат пазарџиите, пензионерите во парковите, вашите пријатели ако ги имате, многу добро знаат оштетените од вас знаат и вашите најблиски.

Конечно знаете и вие, ама немате што да правите.

За пуста власт, комодитет, привилегии и богами најмногу за народните пари, молчите, мудро молчите.

Нема што да правите. Монструмот Епштајн овдешен, вие самите го создадовте, сега немате каде, ќе бидете уште извесно време бандитите, а потоа робијаши. Ќе го почувствувате амбиентот и атмосферата што им ги дадовте на долг рок, по 10 год.-12 год.-15 год.-20 год. затворски казни на невини луѓе патриоти.

Епштајн и неговата присна соработничка ви носеа на рака однапред определени од нив црни судбини, вие наречниците облечени во тие одори што секаде симболизираат правда и правдина, а за вас тесна поврзаност со црниот ѓавол со кој најдобро се познавате, се разбирате и постојано се дружите за да правите пакост на чесни луѓе.

На крај, до тебе Епштајн и твојата БАНДА. Ве амнестирам, правам јасна разлика меѓу вас овдешните и покојниот Епштајн, кој ако се земат во предвид димензиите и пропорциите, според злосторствата што вие им ги направивте на својот народ, е мало дете.

Чинам, среќа ќе беше и полесно за сите нас тоа што е тој да бевте и вие. Вака ја обесчестивте младата девојка МАКЕДОНИЈА. НЕМА ПРОСТУВАМ.      

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top