Коментари

Македонија во европската мисла од 17 век

1a-aleksandar copy copy copy copy

1a-aleksandar

Александар Македонски Џеповски

Во 1618 година, во градот Kraków, е отпечатена книгата „Wielkiego Turka Listy“ од полскиот писател Szymon Starowolski.

На страниците на ова дело се појавува насловот: „Macedończycy Turkowi“–„Македонците на Турчинот“.

Овој факт е значаен: терминот „Macedończycy“ сведочи за историскиот континуитет на името Македонија и за неговата препознатливост во европската културна и интелектуална традиција.

Aleksandar Makedonski Dzepovski

Во текстот, „Македонците“ се прикажани како народ со достоинство, чест и воена традиција. Авторот не ја споменува случајно, Македонија во европската традиција била симбол на храброст, државност и историска големина.

Преку овој наслов, Македонија е претставена како посебен и препознатлив историски субјект, доволно значаен за да биде издвоен меѓу другите народи.

Македонија во европската мисла отсекогаш била симбол на храброст, чест и државничка големина. Поврзана со античкото наследство и со идејата за слободарски дух, таа претставувала архетип на достоинство и сила. Затоа, авторот ја издвојува Македонија како посебен субјект, глас што зборува, се спротивставува и носи историска тежина.

Името Македонија во 1618 година, неговата употреба покажува дека регионот бил препознаен како посебна историска целина.

Преку „Macedończycy“, авторот ја користи Македонија како историско-симболичка сила: таа не е само географски поим, туку наследник на славно античко минато и глас со достоинство и чест.

Во контекст на османлиската доминација на Балканот, ова добива дополнителна тежина, Македонија се појавува како простор со длабока историска меморија, кој живее преку своето античко наследство во европската свест.

Поглавјето „Macedończycy Turkowi“ не е само книжевен наслов, туку и политичко-реторичка конструкција.

Во европската хуманистичка култура, Македонија претставувала симбол на воена слава, храброст и државничка моќ, нераскинливо поврзано со ликот на Александар III Македонски-Велики. Така, во текстот, Македонија станува активен учесник, глас што зборува од позиција на историско достоинство.

Овој запис е значаен и за културната историја: името Македонија циркулирало во печатена европска литература во време кога регионот бил под османлиска власт. И покрај политичката реалност, историското име и симболиката на Македонија останале живи во европската мисла.

„Macedończycy Turkowi“ претставува пример за тоа како античката Македонија продолжила да функционира како културен и историски архетип. Таа не е само дел од минатото, туку активен симбол во европската политичка и интелектуална дебата од 17 век.

Споменот за Македонија бил доволно силен за да биде запишан и отпечатен во срцето на Европа.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top