Коментари

Довербата се гради кога политичката елита ги почитува граѓаните како суверен носител на власт

9a-mane 1

9a-mane 1

Мане Јаковлески

Европската интеграција останува една од најважните стратешки цели на Македонија. Но, начинот на кој таа цел треба да се оствари создава длабока политичка и идеолошка линија на поделба во македонската политика.

Токму процесот на приближување кон Европска Унија јасно ја отсликува разликата помеѓу концептот што го застапуваат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и оној што го промовираат Филипче и СДСМ.

Христијан Мицкоски ја поддржува европската интеграција како стратешка ориентација, но со јасно поставена граница: Европската Унија треба да се темели на доброволна, рамноправна и достоинствена согласност.

Според овој пристап, европскиот пат не смее да се претвори во механизам на условувања што директно задираат во идентитетските прашања, уставниот поредок и националното достоинство. Логиката „прифати услов или нема членство“ се гледа како форма на политички притисок што ја релативизира волјата на народот и го става суверенитетот во втор план.

Од друга страна, Венко Филипче ја застапува политиката која произлезе од Преспанскиот договор, процес што беше формално затворен во институциите, но без успешен референдумски легитимитет.

За Филипче и СДС, парламентарната ратификација и меѓународната обврска се доволни аргументи процесот да продолжи, без повторно отворање на прашањето за директна народна согласност. Во таа логика, исполнувањето на преземените обврски вклучително и договорот со Бугарија се прикажуваат како неопходна цена за продолжување на европскиот пат.

Токму тука се гледа најголемата разлика: обврските што директно се однесуваат на идентитетски и историски прашања се наметнуваат без поширока согласност од граѓаните, што ја продлабочува нивната недоверба.

Наместо национално обединување околу европската перспектива, се создава впечаток дека процесот се води според надворешни диктати, а не како вистински израз на демократска волја.

Разликата во ставовите на Христијан Мицкоски и Венко Филипче не е само тактичка, туку суштинска.

Мицкоски ја гледа Европска Унија како стратешка цел која мора да се поткрепи со јасна и активна поддршка од граѓаните и која не смее да биде на штета на националните интереси.

Од друга страна, Филипче ја третира европската интеграција како формален, институционален процес, каде што одлуките на парламентот, а не референдумската потврда од граѓаните, се сметаат за доволна основа за легитимитет, без потреба од дополнителна народна согласност.

Последните изборни циклуси покажаа дека граѓаните јасно реагираат на овие политики.

Поддршката што ја доби ВМРО-ДПМНЕ се толкува како сигнал дека огромен дел од јавноста сака поцврст пристап во односите со Брисел и поголема заштита на националните позиции во преговарачкиот процес.

Прашањето за уставните измени и вметнувањето на Бугарите во Преамбулата не е само техничко, туку суштинско национално прашање кое директно го засега интересот на македонските граѓани и државата.

Искуството од Преспа покажа дека формалниот успех во меѓународната политика не гарантира долгорочна внатрешна стабилност доколку изостане силна легитимност пред граѓаните.

Кога граѓаните чувствуваат дека одлуките се носат без нивна вистинска согласност, довербата во институциите се намалува, а политичката поларизација се продлабочува.

Европската интеграција останува стратешка цел, но таа мора да биде изградена врз доверба, транспарентност и почитување на народната волја. Без тие темели, секој компромис, особено идентитетски ризикува да стане извор на долгорочна нестабилност наместо гаранција за европска иднина.

Довербата се гради кога политичката елита ги почитува граѓаните како суверен носител на власта, а не кога ги убедува дека немаат избор.

Токму во тоа се содржи суштинската разлика меѓу двата политички пристапи  на Мицкоски–ВМРО-ДПМНЕ и Филипче–СДС.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top