Коментари

Киро Глигоров одбил 100 милиони долари да го смени името Македонија

image-26-1- copy

image-26-1- copy

Во деведесетите години по осамостојувањето, кога Македонија се соочуваше со економска криза, политичка неизвесност и меѓународна изолација, се случил момент кој денес открива многу за вредностите врз кои се темелела македонската државност.

Според клафициран документ од ЦИА открива изненадувачка дипломатска заднина, првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, одбил приватна понуда од грчки функционери во вредност од 100 милиони долари. Условот бил едноставен, но суштински: промена на името на државата.

Според содржината на документот, Глигоров ги оценил грчките барања како целосно неразумни. Тој јасно ставил до знаење дека Македонија нема да го продава своето име, без разлика на економските околности. За него, прашањето за името не било само дипломатски спор, туку прашање на идентитет, достоинство и државен суверенитет.

Разочарувањето на Глигоров било насочено и кон тогашната ЕУ.

Наместо принципиелна позиција, европските институции, според неговата оценка, ја толерирале и фактички ја поддржувале грчката политика на блокада и условување.

Во политиката често се прават компромиси, но постојат линии кои, кога еднаш ќе се преминат, тешко се враќаат назад. Глигоров тогаш проценил дека името на државата е токму таква линија.

Историјата подоцна тргна по поинаков тек, со долгите преговори и конечното решение преку Преспанскиот договор во 2018 година.

Додека Киро Глигоров, според дипломатски документи, одбил понуда од 100 милиони долари за да се промени името на Македонија, децении подоцна државата прифати компромис што доведе до промена на уставното име. Тоа отвори многу прашања и дилеми во јавноста.

Во политичките дебати и на социјалните мрежи често се поставува прашањето: дали некој ја наплатил промената на името? Дали зад историскиот компромис стоеле само геополитички притисоци или можеби и огромни финансиски интереси?

Некои од тие шпекулации одат дотаму што тврдат дека, поранешниот премиер Зоран Заев добил милионски суми, во криптовалути-Биткоин.

Но историјата има и уште една димензија – правната.

Што всушност вели меѓународното право кога станува збор за вакви чувствителни државни договори?

Експертите по меѓународно право посочуваат дека валидноста на еден меѓународен договор се темели на слободната и суверена волја на државата. Виенска конвенција за договорно право од 1969 година предвидува дека договор може да биде прогласен за ништовен доколку се докаже дека согласноста на државата е добиена преку измама, корупција или присила.

Особено значајни се членовите 49, 50 и 51 од конвенцијата. Членот 50 предвидува дека договорот е ништовен ако согласноста на државата е обезбедена преку корупција на нејзин претставник од страна на друга држава или субјект што дејствува во нејзин интерес

Дополнително, членовите 51 и 52 се однесуваат на присилата врз државен претставник или врз самата држава. Доколку се докаже дека договорот е резултат на политички или економски притисок, тоа би претставувало сериозно кршење на принципите на Повелба на Обединетите нации.

Според правните толкувања, доколку постојат документирани индиции – како разузнавачки извештаи за обиди за поткуп или тајни фондови за политичко влијание – тие би можеле да претставуваат релевантен доказен материјал во евентуална постапка пред Меѓународен суд на правдата.

Во меѓународното право постои јасен принцип: докажаната корупција може да го урне легитимитетот на секој асиметричен договор. Државата што се наоѓа во таква позиција има право да покрене постапка за утврдување ништовност, бидејќи суверенитетот не може да биде предмет на трговија.

Токму тука се појавува историскиот контраст. Еден претседател одбива пари за да го зачува името, а една генерација политичари подоцна прифаќа промена со објаснување дека тоа е цена за иднината.

Чувството на неправда кај дел од јавноста дополнително се продлабочи и по неуспешниот референдум поврзан со Преспански договор, кога значителен дел од граѓаните одлучија да не го поддржат предложениот договор.

Прашањето што останува да виси во воздухот е едноставно, но тешко: дали Македонија тогаш одби да го продаде своето име, а подоцна некој ја наплати неговата промена?

Историјата можеби сè уште нема конечен одговор. Но едно е сигурно – ова прашање долго ќе остане дел од македонската политичка совест.

МН

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top