Коментари

Ако ова е вистина – тогаш 27 април 2017 бил политички сценарио

90890

90890

Македонската политика долго време живее со една траума – настаните од 27 април 2017 година. Ден кој беше претставен како „најголемиот напад врз демократијата“, по кој следуваа долги судски процеси, затворски казни за тероризам и политичка пресметка без преседан.

Но денес, една изјава повторно отвора прашања за позадината на тој ден.

Артан Груби во едно интервју изјави дека во разговор со Радмила Шекеринска слушнал дека постоело сценарио на Зоран Заев за настаните во македонското Собрание на 27 април 2017 година, со крајна цел вината да биде насочена кон ВМРО-ДПМНЕ.

Во својата изјава Груби вели:

„Контактиравме јас и Шекеринска вечерта на 26 април и се согласивме утрото на 27 април да се сретнеме со јасни пораки – јас од г. Ахмети, а таа од г. Заев. Се сретнавме во Клубот на пратениците на 27 април, каде се согласивме тој ден да го спроведеме сценариото кое го имавме подготвено многу порано, со сите текстови и сценариото за изборот на новиот претседател на Собранието, г. Талат Џафери.

Тогаш ни се придружи и г. Зоран Заев, кој потврди дека тој ден ќе го направиме тоа и рече дека ќе најави на прес-конференција дека тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ.“

Ако ова тврдење е точно, тогаш Македонија се соочува со нешто многу поголемо од обична политичка расправија. Се соочува со можност дека еден од најдраматичните настани во поновата историја бил искористен – или дури и поттикнат – како политичко оружје.

Што ако зад драматичните сцени, крвавите фотографии и политичките говори постоела стратегија?
Внимателно осмислена провокација која требало да создаде хаос, а потоа политички да се искористи за да се обвини ВМРО-ДПМНЕ?

Изјавата на Груби не може да се игнорира. Таа не доаѓа од случаен коментатор или од некој на маргините на политиката. Доаѓа од човек кој со години беше во самиот врв на власта и во срцето на политичките договори во земјата.

И токму затоа се отвора најнепријатното прашање: ако ова било познато – зошто се молчеше толку долго?

Зошто овие информации не се појавија кога се водеа судските процеси?

Зошто не беа изнесени кога луѓе добиваа долгогодишни затворски казни за тероризам?

Зошто јавноста за вакви тврдења слуша дури сега?

Ако постои и најмал сомнеж дека настаните од 27 април биле дел од политичко сценарио, тогаш тоа е прашање што бара сериозна и независна истрага.

Бидејќи ако се покаже дека трагедијата од тој ден била искористена за политички пресметки, тогаш станува збор за една од најголемите политички манипулации во современата македонска историја.

Прашањето е кога конечно ќе се отвори целата вистина за 27 април 2017 година — или и ова тврдење ќе заврши во добро познатиот молк на правосудството?.

1aaa-MN copy copy copy copy copy

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top