Коментари

КОМИНТЕРНАТА НЕ ГО СОЗДАДЕ МАКЕДОНСКИОТ, ГО СОЗДАДЕ БУГАРСКИОТ ЈАЗИК!

1a-aleksandar copy copy copy copy

1a-aleksandar copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Александар Македонски Џеповски

Во последно време повторно се засилува старата бугарска пропагандна приказна – дека наводно Коминтерната ја „создала“ Македонија и македонскиот јазик, а сето тоа подоцна го спровел Јосип Броз Тито.

Оваа теза се повторува толку упорно што некои веќе почнуваат да ја прифаќаат како историски факт.

Но вистината е сосема поинаква.

Македонскиот јазик не е создаден во 1945 година. Тој постоел со векови како жив народен јазик, со свои дијалекти, со своја културна традиција и со свои писмени траги. Во 1945 година тој не беше „измислен“, туку кодифициран и официјално признаен како јазик на македонскиот народ во рамките на тогашната ФНР Југославија.

Тоа значеше и нешто многу поважно – македонскиот народ беше признаен како рамноправен народ, а Македонија како рамноправна република. Колку и некој да ја сака или мрази Југославија, овој историски факт не може да се избрише.

5 1

Но токму тука започнува парадоксот.

Додека денес некои бугарски историчари и политичари тврдат дека македонскиот јазик е „проект“ на коминтерна но ја премолчуваат сопствената историја.

5 2

Малкумина зборуваат за фактот дека токму во 1945 година Бугарија со помош на Советскиот Сојуз-Коминтерна спроведува голема правописна реформа, со која се укинуваат неколку букви од старото македонско писмо и се прават значајни измени во јазичниот систем.

Во 1946 година следуваат и дополнителни измени. Сето тоа се случува во период кога Бугарија е под политичко и културно влијание на Советскиот Сојуз.

Затоа денешните обиди да се претстави македонскиот јазик како „вештачка творба“ не се ништо повеќе од политичка пропаганда која се судира со сопствените историски факти.

Но уште потрагично е кога во Македонија се појавуваат луѓе кои со неверојатна леснотија ја повторуваат истата таа пропаганда. Луѓе кои се подготвени да го негираат сопствениот јазик, сопствениот народ и сопствената историја, само за да ги оправдаат туѓите комплекси и заради лични финансиски интереси.

Историјата, сепак, има една лоша навика за пропагандистите – таа не може бескрајно да се фалсификува.

Македонскиот јазик постоел пред 1945 година, постои денес и ќе постои и во иднина. Тој е дел од идентитетот на еден народ кој премногу пати во историјата морал да се брани од туѓи претензии.

Колку повеќе некои се обидуваат да го негираат, толку повеќе ја откриваат сопствената несигурност.

А вистината, колку и да се оттурнува, секогаш си го наоѓа патот.

КОЛКУ И ДА СЕ ТРУДАТ ИЗРОДЕНИТЕ МАКЕДОНЦИ ТАТАРОЉУБЦИ ДА НИ НАКАЛЕМАТ НИВНИ КОМПЛЕСКИ И ФРУСТРАЦИИ, ТОЛКУ ГОСПОД ИМ ВРАЌА 10 ПАТИ ПОГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ И НЕКА УЖИВААТ КАКО ГУБИТНИЦИ.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top