Коментари

Афери што ја разбија довербата во СДС

Kopie

1aaa-MN copy copy copy copy copy copy

Владеењето на СДС ќе остане запаметено како еден од најконтроверзните и најразочарувачки периоди во поновата македонска историја.

Период во кој ветувањата за правда, транспарентност и европски вредности се претворија во низа афери, скандали и одлуки што ја разнишаа довербата на граѓаните до темел.

Ова не е само список, ова е само мал дел од раните создадени од раководството на СДС што сè уште крварат.

-Случај „Глобал“-Струмичката афера поврзана со Заев отвори сомнежи за злоупотреба на моќта уште пред да дојде на власт. Аболицијата затвори случај – но не и прашањата.

-Пасоши за криминалци–државата како сервис за мафијаши, Македонски пасоши завршуваа во рацете на луѓе од меѓународното подземје. Скандал што ја посрами државата пред светот.

-Правдата под притисок, судството и обвинителството наместо да бидат столб на правдата – станаа алатка. Селективна правда, политички пресметки и изгубена доверба.

-СЈО: „Рекет“–симбол на распадот, Аферата со Катица Јанева и Бојан Јовановски ја покажа најмрачната страна на системот. Милиони евра, влијание и злоупотреба на правдата.

-Преспански догово –болна пресвртница, Преспански договор ја смени државата засекогаш. За некои компромис, за други – откажување од идентитет.

-Договорот со Бугарија–историјата на маса, отвори прашања што не смеа да се отвораат на тој начин. Идентитетот стана тема на преговори.

-Француски предлог за ЕУ интеграција донесе протести, тензии и длабока поделба меѓу народот.

-27 април – напад на демократијата, демонстранти влегоа во Собранието, патриотите и уставобранителите беа осудени на долгодишни казни за наводен тероризам, последиците се чувствуваат и денес.

-Модуларната болница – трагедија без одговорност, Пожарот во Тетово однесе животи, а отвори сомнежи за корупција, импровизација и системски пропусти.

-Вакцините–доцнење што чинеше животи, додека регионот напредуваше, Македонија доцнеше. Граѓаните беа оставени на неизвесност.

-Тендери во здравството–бизнис наместо грижа, фирми блиски до власта добиваа договори, додека системот тонеше.

-Енергетски колапс–РЕК Битола стана симбол на лошо управување. Скапа струја, нестабилност и страв за иднината.

-Артан Груби во центарот на контроверзии, обвинувања за влијание и конфликт на интереси.

-Златни визи и бизнис врски, сомнежи за привилегии и инвестиции во Дубаи, додека граѓаните се борат за егзистенција.

-Партизација на институциите, критериумот не беше знаење – туку лојалност. Државата се претвори во партиска мрежа.

-Контроверзни проекти и договори, Речиси секој крупен проект остави сенка – повеќе сомнежи отколку одговори.

Аферите не беа исклучок, станаа правило, довербата не се губи одеднаш, се руши афера по афера, одлука по одлука.

И затоа СДС нема да остане запаметена само по неисполнетите ветувања, туку по предавствата, криминалите и разочарувањето.

Македонија и понатаму ја плаќа цената.

И сè уште одекнува мислата на Гоце Делчев: „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови-изроди како македонскиот.“

Реченица стара повеќе од еден век – но болна затоа што и денес звучи како да никогаш не престанала да се случува.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top