Коментари

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ – ТРН ВО ОКОТО НА СОСЕДИТЕ И ГЛАС ШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИГНОРИРА

1a-aleksandar copy copy copy copy

1a-aleksandar copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Александар Македонски Џеповски

Во време кога Македонија со години се движеше по пат на отстапки, компромиси и тивки порази, се појави политичар кој очигледно не игра по веќе напишаното сценарио.

Mickoski-Dzepovski

Христијан Мицкоски денес е повеќе од обичен Премиер или партиски лидер, тој стана симбол на отпорот кон предавничките политики на Зоран Заев и Венко Филипче, што долго време ја ставаа државата во подредена позиција.

Политиката што ја води Мицкоски не е политика на повлекување, туку на директно соочување со наративите што со години се наметнуваа однадвор.

Мицкоски знае да ги „прочита“ своите соговорници – не дипломатски украсено, туку суштински. Во неговите настапи нема премногу калкулации, туку јасна порака: Македонија не е тема за преговарање кога станува збор за идентитетот, историјата и достоинството. Токму тоа е она што ги прави неговите одговори непријатни за оние што се навикнати на поинаква реторика од Македонија.

Додека дел од европските кругови се обидуваат да најдат баланс меѓу интересите, впечатокот е дека и самата Европска Унија понекогаш се наоѓа во ситуација да нема јасен одговор на новата динамика.

Жалбите што доаѓаат од соседите повеќе не наидуваат на автоматско разбирање, туку отвораат прашања кои долго време биле игнорирани.

Христијан Мицкоски не е лидер кој ја мери секоја реченица според туѓи очекувања–напротив, неговиот политички стил ја менува играта. Тој не настапува со дефанзива, туку со самоувереност што ретко се гледала во поновата македонска политика. И тука доаѓа суштината што најмногу боли кај критичарите.

Мицкоски не само што одговара–тој возвраќа. Ги чита како отворена книга и испорачува пораки по кои не следи вистински контра-аргумент, туку само нервоза и жалби по европските адреси. Во таа игра, улогите се менуваат: наместо Македонија да се правда, сега другите се тие што објаснуваат.

Тврдењата дека се‘ може да се купи или поколеба звучат сè повеќе како празна реторика. Сите пари на Ротшилд и Рокфелер  да му се понудат на Мицкоски, нема да шанса ни 1 секунда да ја продаде Македонија или пак самиот да помисли на тоа ѓаволско искушение.

Мицкоски не е како Заев и Филипче срамови божји и алчни за пари, Тој е Македонски плод што треба да ги лечи сите Македонски рани од време на владеењето на СДС.

Љубовта кон својата земја и заедничката татковина не се купува со пари, злато, дијаманти или криптовалути. Чистото лице и мирната совест денес се реткост–но кога постојат, тие стануваат сила што носи почит, одговорност и обврска кон семејството, народот и државата. Тоа се вредности што не се трошат, туку се пренесуваат и се врежуваат во идните генерации.

Затоа, едно е неспорно: појавата на лидер кој одбива да игра по старите правила секогаш предизвикува потреси. А понекогаш, токму тие потреси се првиот знак дека нешто конечно почнува да се менува.

656622335 1537766121038642 5324857269325415867 n

ОД МЕНЕ ЛИЧНО И ОД СИТЕ ЧЕСНИ МАКЕДОНЦИ БЕЗ КАЛКУЛАЦИИ, СЕ РАЗБИРА И ОД БОГА, САМО НАПРЕД ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, ПРОДОЛЖИ ТАКА ДА СЕ БОРИШ И ДА ЈА ЧУВАШ НАША МАКЕДОНИЈА.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top