Коментари

Големите луѓе малите ги прават големи, малите ги изедначуваат со себе!

1v-Lambe copy copy copy

1v-Lambe copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Ламбе Арнаудов

Воведно, заради најново објавените анкети за политичката поддршка од народот, сакам да се навратам на мојата анализа за “БРИЛИЈАНТНАТА КОНСТАНТА“ на рејтингот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и партијата во изминативе години.

За подобро да се разбереме, избрав една едноставна , но силна содржина и пораки, реченица на ЏОРЏ ОРВЕЛ што ќе ја парафразирам и ќе се обидам да ја прилагодам на моментално општествените, политичко безбедносни и социо-економски состојби во МАКЕДОНИЈА.

Тој вели:

Од постанокот на светот и животот на земјата постојат три видови луѓе: ВИСОКИ, СРЕДНИ и НИСКИ.

ВИСОКИТЕ работат постојано, се трудат, размислуваат и испорачуваат, за да можат сите да се големи и заедно среќни, да останат големи ВИСОКИ и дародавци на убавини.

СРЕДНИТЕ се мотивирани да станат ВИСОКИ и со својот вложен труд во таа насока се корисни за општеството, заради нивната спремност да се тркаат со најдобрите, со ВИСОКИТЕ.

НИСКИТЕ, тие се гнилеж на секое општество, тиквари кои по цел ден се греат на топлото, светлото МАКЕДОНСКО СОНЦЕ, ама никогаш не созреваат и заради таа нивна трајна духовна осакатеност на мали патулјачиња во политиката се трудат сите да ги изедначат и да ги направат мали, невидливи, немоќни и посрамотени како нив. Во политиката тоа е СУЕТА, во народот ЗАВИСТ.

ВИСОКИОТ, ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ со 25,2% поддршка од избирачите, односно народот.

Сите заедно 9-мина следни на ранг листата останати, плус оние НАЈМАЛИТЕ со рејтинг заеднички, околу тие дваесетина помал од 0,008% сочинуваат 3% помалку од самио лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

За што разговараме ние, за што дебатираат “аналитичарите“, за што вие МАЛИТЕ ЛАЖЕТЕ.

Политичката партија и народната МАКЕДОНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ВМРО-ДПМНЕ со вкупен рејтинг 24% наспроти сите други заедно што едвам надминуваат 20% претворено во статистички количини со додадените изјаснувања на неопределените, што по законот на гравитација се распоредуваат со исти пропорции и димензии како кај оние што се изјасниле, епилогот е јасен како сончева светлина. Апсолутна поддршка од народот со 64-65 пратеници, а заедно со коалиционите партнери апсолутно двотретинско мнозинство.

Сега мислам на сите ви е совршено јасно: ЛИДЕРОТ на ВМРО-ДПМНЕ е најпрестижната титула во светот и центар на гравитациската обединувачка, продуктивна и сесодржателна политичка понуда силно и совршено интегрирани со интересите на својот народ.

Дополнително сите луѓе на ЛИДЕРОТ за овие неколку години пораснаа политички за десетина сантиметри и од ВИСОКИ и тие благодарејќи на амбиентот во кои работат и живеат во една духовно творечка и релаксирана лична психоментална многу здрава, со леснотија ги испорачуваат најдобрите од себе народот, како признати, докажани, врвни интелектуалци и патриоти порамнати со ЛИДЕРОТ, за среќа на СИТЕ нас.

НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ!

Немој да веруваш на зборови на ИЗМАМНИЦИ и на празни соништа, за заблуда и исфрлање од рамнотежа на твојата вековно докажана стабилност, истрајност, возвишеност и припадност што скоро и да не постои во светската историја, или кај друг народ.

Опстојуваш НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ благодарејќи само на тоа што секогаш се потпираш само на СЕБЕ и на никој друг од страна. Со векови тоа успешно го правиш, цврсто убеден во своите зачудувачки вредности обдареност и отпор, истовремено мудро и постојано ги препознаваш Данајците што ти носат дарови отровни за да те снема.

Издржувајќи  на тој пат секогаш победуваш, и оние уште малку и малецки, дома и надвор, наскоро ќе ги докусуриш или сам ТИ ќе ги принудиш да се откажат.

Вие малкумина лесноверни, ви се обраќам и ВАМ.

Според онаа библиската:

Ако некој првпат те излажа, крив е тој.

Ако истиот те излажа вторпат, крив си ТИ.

Ако некој те излажа третпат, тогаш нема ни излажан ниту лажач. Тогаш снемува сé. Сé се распаѓа и човечноста и општеството, семејствата, пријателствата, дружбата, комшилукот, гласноста ќе се замени со тишина што ќе ја нарушуваат само завивање на гладни в`лци кои последни ќе изумрат, ама ќе изумрат.

Затоа, послушајте го гласот на својот народ, препознајте ја политичката платформа на вашиот вечен бедем и заштитник ВМРО-ДПМНЕ и соберете се околу НЕГО и понатака ве замолувам и истовремено ве убедувам дека најдоброто што можете да го направите во својот живот, да ги достигнете врвовите на вашите лични дострели, да продолжиме по патот на КОНЕЧНО ИЗБАВУВАЊЕ што ни го осветлува и трасира народното ВМРО-ДПМНЕ предводено од најдобриот ЛИДЕР ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ.

Целта е на дофат. Влегуваме во фотофиниш на нашата вековна трка да ги победиме само замислените најдобри на светот.

НИЕ СМЕ СВЕТСКИ ПРВАЦИ.

Заслужено, никогаш не сме се откажале, одиме од искон само погоре и погоре до ВРВОТ.

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top