Коментари

Историјата нè научи дека брзањето има своја цена!

1aaa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

1aaa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Во време кога Европа повторно зборува за проширување, кога геополитиката ја оттурнува Унијата да се отвори кон Западен Балкан, Македонија повторно се наоѓа на позната раскрсница – меѓу ветувањата за напредок и условувањата.

Францускиот амбасадор во Македонија Кристоф ле Риголер, дипломатски, но недвосмислено ја повтори позицијата на Франција што веќе две години стои како камен-темелник на процесот – договореното во 2022 година е затворена тема. Нема враќање назад, нема нови преговори за истите прашања, нема „ресет“ на процесот.

Европската порака е едноставна: условите се познати, изборот е ваш. Но токму тука започнува македонската дилема.

Од една страна, постои реална можност – можеби една од последните во догледно време – Македонија да го фати европскиот бран на проширување. Од друга страна, постои длабоко вкоренето чувство на неправда, дека процесот не е чисто европски, туку оптоварен со билатерални прашања кои ја поткопуваат неговата суштина.

Според премиерот Христијан Мицкоски, процесот не може да продолжи без јасни гаранции за правата на македонската заедница во Бугарија, како и без конкретни заклучоци од Европскиот совет кои би ја дефинирале крајната цел.

На европските претставници им порача дека единствено од ВМРО-ДПМНЕ зависи дали ќе има уставни измени, додавајќи дека е подготвен да чека доколку условите не се јасни и праведни, исто како што за одредени политики се чекало со децении.

Премиерот ја повторува токму таа позиција:

„Ако тие мислат дека услов треба да биде промената на Уставот, а во сè друго да бидеме најдобри, тогаш жалам, но овде нема да има добар соговорник без да бидат исполнети и другите услови. Треба секој да знае дека тоа зависи исклучиво од најголемата политичка партија во Македонија и од ова раководство, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Ако некој повторно живее во илузија дека ќе најде марионети кои ќе направат нешто спротивно на интересите на државата – се лаже“, порача Мицкоски.

Тој додава дека актуелната позиција на државата е резултат на, како што вели, „криминалните и предавнички политики на претходната влада на СДС“, но нагласува дека станува збор за историски процеси во кои Македонија ќе продолжи да се бори.

„Кај нашиот источен сосед политичарите, за да го применат принципот на живковизмот, чекаа децении да се создадат услови и да се појават политичари какви што беа тие во изминатите седум години кај нас. Ако треба, и ние ќе чекаме децении. Но политики кои директно влијаат врз нашиот идентитет, а притоа не нудат предвидливост и јасен крај на процесот – нема да прифатам. Додека сум претседател на Владата, немам намера по било која цена да влезам во таква авантура“, изјави Мицкоски.

Неодамнешните изјави на италијанскиот амбасадор во Македонија само ја потврдуваат оваа комплексност – нема гаранции дека нема да има ново вето. Единствената „гаранција“ е градење доверба. Но довербата не се гради со декларации, туку со конкретни дела – и тоа од двете страни.

И токму тука се крие суштината на проблемот: Европа бара доверба, а Македонија бара предвидливост. Европа инсистира на процес, Македонија бара крајна точка. Европа нуди перспектива, Македонија бара сигурност.

Прашањето не е дали Македонија треба да стане членка на Европската Унија. Тоа е стратешки консензус што речиси никој не го оспорува.

Прашањето е – под кои услови?

Дали цената е прифатлива за Македонија?
Дали процесот е фер?
И најважно – дали постои крај на ова условување, или тој постојано ќе се поместува?

Иако Европската комисија со години препорачува почеток на преговорите, процесот за Македонија и натаму останува заглавен во политички условувања. Тоа не е само институционален проблем – тоа е проблем на кредибилитет. Затоа што секое ново одложување, секој нов услов, секое ново „само уште ова“ ја еродира вербата на граѓаните дека правилата се јасни и еднакви за сите.

А кога вербата исчезнува, исчезнува и европската идеја како движечка сила.

Во меѓувреме, светот не чека. Геополитиката не трпи вакуум. Додека Европа калкулира, други актери веќе дејствуваат – економски, политички, па и безбедносно. Балканот повторно станува простор на интерес, а не само на интеграција.

Во време кога САД сѐ поотворено сигнализираат интерес за стабилизирање на односите со Русија, доколку Унијата продолжи да го одолговлекува членството на Македонија без јасна визија и кредибилен сигнал за проширување, таа не само што ќе ја изгуби сопствената привлечност, туку ќе отвори простор за геополитички натпревар кој веќе е во тек.

Затоа што прашањето повеќе не е дали Македонија ѝ треба на Европа, туку дали Европа има храброст навреме да го признае тоа – и со својата неодлучност да не ги оттурне оние што со години чекаат пред нејзината врата.

Историјата нè научи дека брзањето има своја цена.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top