Коментари

На 20-ти март се навршија 35 години од Првата влада на независна Мскедонија

m.trenevski1

m.trenevski1 copy copy

М-р Мартион Треневцки, член на Експертската влада од ВМРО-ДПМНЕ и екс министр за информации

На 20-ти март се навршија 35 години од Првата влада на независна Мскедонија

20. март 1991 – 20 март 2026

Годишнините и јубилеите се повод кога вообичаено се слават десетгодишнини, или на секои пет години, на личности или настани, зависно од нивносо значење.

Еден таков датум, што според мене заслужуваше да биде одбележан по секоја цена, беше 20-ти март кога се навршија 35 години од Првата влада на независна Мскедонија, или попозната како Експертска влада!.

Но. наместо обележување на таа влада, молк, и од медиумите и од актуелната влада!? Како и зошто, но секако неоправдано!

Македонија како држава нема многудецениска, или многувековна традиција на државност во текот на која се менувале разни влади, што е случај со импоерии како царска Русија, османска Турција, Франција или Британија каде една влада ја наследувала претходната и каде се манифестирал континуитерт во владеењето! Нема, за жал, Дотолку повеќе затоа требаше и мораше на пригоден начин да се подбележи 35 годишнината од формирањето на Првата влада на незавоисна Македонија.

Јасен ми е мотивот, или претпоставката зошто тоа не се направи (во првата влада имаше министри кои за актуелната власт се неподобни, или поблаго речено несакани), но тоа не  е причина да се игнорира и самиот такт на формирањето на таа влада што ја предводеше академик проф. д-р Никола Кљусев. Токму таа влада ги постави темелите на независна Македонија: своја армија, надворешна/дипломатска служба, монетарното осамостојување и други атрибути на независна Македонија. Зошто тоа се игнорира? Од кои причини?

Па иако таа влада некои ја нарекуваат експертска, таа влада во голема мерка беше и политичка влада! Имено, во неа имаше најмалку пет министри кои беа членови или симпатизери на сегашната владеачка партија ВМРО-ДПМНЕ, а премиерот акад д-р Никола Кљусев по падот на владата, односно излрасувањето на недоверба, подоцна стана претседател на Советот на интелектуалци на ВМРО-ДПМНЕ што во голема мерка помогна за успехот на партијата (ВМРО-ДПМНЕ) на политичката сцена во Македонија.

Не знам зошто ниту еден медиум во земјата не објави збор-два за Експертската влада. Годишнината од нејзиното формирање секако беше многу добар повод. Но тоа е веројатно цената што ја плаќаме за одсуството на нашето државничко искуство.

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

To top