Коментари

Големиот стратег Филипче и „светската политика“ од партиска говорница!

1aaa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

1aaa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Големиот стратег Филипче и „светската политика“ од партиска говорница!

Кога Венко Филипче ќе застане пред микрофон, човек би помислил дека следи брифинг од некој глобален самит, а не прес-конференција на опозициска партија во Македонија која за две години изгуби на три изборни циклуси и е пред распаѓање.

Толку самоуверен настап, толку големи зборови – што лесно може да се заборави дека станува збор за истата политичка фигура која до вчера беше дел од власта што ја остави државата заглавена во место.

Со тон на самопрогласен геополитички авторитет, Филипче реши да ја „позиционира“ Македонија во светските текови, порачувајќи дека „регионот припаѓа на Европа, а не на Русија и Кина“.

Звучи како изјава за насловна страна, но кога ќе се оттурне малку од површината останува празна форма, исполнета со политичка амнезија, селективна меморија и добро позната потреба за евтина реторика.

Да, регионот припаѓа на Европа. Тоа не е никакво откритие на „визионерот“ Филипче. Тоа не е визија. Тоа не е стратегија.

Тоа е азбука на македонската надворешна политика, запишана уште во 1990 година кога неговата тогашна СКМ-ПДП денешната СДС, пред Филипче воопшто да реши да глуми геополитичар. Проблемот не е што го кажува очигледното, проблемот е што се обидува да се претстави како некој што тоа штотуку го „измислил“, заборавајќи ја сопствената улога во политиките што ја влечеа државата назад.

Истиот тој Филипче, кој денес зборува за „автократија“, беше дел од власт која седум години ја разградуваше довербата во институциите, ја претвори државата во партиски механизам и ја сведе политиката на договори зад затворени врати. Власт која повеќе се занимаваше со сопствениот финасиски интерес отколку со вистински реформи.

3afaae99-a84a-4072-a240-36944da5ea0e copy copy

Денес зборува за Унгарија и за „гласот на народот“. Но, кога станува збор за Македонија, меморијата му станува кратка.

Заборава дека истиот тој народ веќе го кажа својот став – јасно, гласно трипати по ред: на претседателски, парламентарни и локални избори. Заборава дека токму неговата политичка гарнитура беше симболот на политиката која граѓаните решија да ја испратат во длабока опозиција.

Да се повикуваш на волјата на граѓаните во друга држава, а да ја игнорираш сопствената реалност, не е политичка зрелост – тоа е политичка ароганција обвиткана во лицемерие.

И тука доаѓа суштината: Филипче не води надворешна политика. Тој ја користи како реквизит. Како декор за настап. Како алатка за прикривање на празнината зад големите зборови.

Надворешната политика не е театар. Таа не е место за пароли, ниту за импровизации. Таа бара кредибилитет, доследност и одговорност – три работи што не се градат со прес-конференции, туку со резултати. А резултатите на Филипче и неговата гарнитура се добро познати.

Ако веќе зборуваме за геополитика, тогаш да зборуваме за вистината. За тоа дека Македонија не беше закочена од некакви надворешни сили, туку од погрешни политики, лоши одлуки и катастрофални договори.

Да не беше штетниот договор што го потпиша СДС со источниот сосед, европскиот пат на Македонија ќе беше многу појасен и попредвидлив. Наместо тоа, тие го заглавија процесот, го обременуваат со нови услови и создадоа проблеми што и денес ја кочат државата. И сега истиот тој Филипче излегува и држи лекции за ЕУ, како ништо да не се случило, тоа е политички цинизам.

Затоа, пред да се самопрогласува за „светски политичар и визионер“, Филипче треба да се соочи со едно многу поедноставно, но многу понепријатно прашање: што точно направи за Македонија кога имаше власт?

Бидејќи вистината е едноставна:
Лесно е да зборуваш за Европа од говорница,
Лесно е да црташ геополитика со празни фрази,
Лесно е да делиш лекции кога веќе не носиш одговорност.

Но многу потешко е да објасниш како токму твоите политики ја оттурнаа Македонија од Европа, како токму твоите одлуки го закочија европскиот пат, и како од позиција на одговорен за тие промашувања денес се обидуваш да глумиш стратег.

Затоа што, колку и да зборуваш за „Европа“, фактите те демантираат, не си ти тој што ја водеше Македонија кон Европа, туку си дел од политиката што ја оддалечи Македонија од Европа.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top