Коментари

Света богородица била во посета на Македонија!

bogorodica-andrej-rubljov

bogorodica-andrej-rubljovКолку и да изгледа неверојатно но постојат податоци дека во Македонија престо­јувала  една од клучните личности во христијанството, а тоа е лично света Марија Богородица! Денес е зачувано житието (биогра­фијата) на света Богородица во кое е опишан нејзиниот живот од ра­ѓа­њето, па се до нејзината смрт. Овде подетално се опишани нас­та­ните од животот на света Богородица, што се одиграле по распну­ва­њето и воскрес­нувањето на Исус Христос. Имено, света Бого­родица, заедно со апостолите и останатите христијани, продолжила да го шири христијанството се до својата смрт. Таа главно го пропо­ведала Божјото Слово во Палестина, но во еден миг решила да отпа­тува кај своите приврзаници на Кипар, кои постојано ја канеле. За време на патувањето на Кипар, света Богородица накратко прес­то­јувала и во Македонија (конкретно на Света Гора, Атос или Атон на полу­островот Халкидик). Во книгата “Житија на светците за месец август” (д-р Јустин Поповиќ, Белград, 1976) во прегледот на настаните од нејзиниот живот, во врска со ова пишува:

“Се зборува дека Пресвета Богородица била на островот Кипар кај свети Лазар Четвородневни, кој таму беше епископ, како и на Света Гора Атонска (Македонија, з.м!)”.

Посетата на света Богородица на Македонија  детално е опи­шана во нејзината биографијата од светогорскиот инок свети Сте­фан. Во врска со посетата на света Богородица на Македонија, свети Стефан пишува:

“Преблагословената Богородица се качи на коработ, заедно со возљу­бениот ученик Христов, девствениот Јован и со оста­натите нивни побожни следбеници. Коработ заплови кон Кипар, но ненадејно дувна        спро­тивен ветер и го втера коработ во приста­ништето на Атонска Гора (Македонија, з.м.). Тоа беше она што  ангелот и го претскажа на Пречиста Богородица. Целата Атонска Гора беше преполна со идоли: таму се наоѓаше големо светилиште на Аполон, каде што се одвиваа гатања, магии и многу други демон­ски дејствија. Сите незнабошци многу го почитуваа тоа место како одбрано од боговите…”

Во продолжение читаме дека, кога Македонците разбрале дека во нашата земја стигнала света Богородица, во голем број из­легле да ја пречекаат и да ја видат. Во врска со ова свети Стефан пишува:

“Сите отр­чаа кон морскиот брег во спомнатото прис­таниште. Здогле­дувајќи го коработ и Мајката Божја, тие чесно ја примија и на својот собир ја прашаа: ‘Каков Бог си родила и како да го именуваме?’ Прес­вета Богородица, отворајќи ја својата божест­вена уста му благовести на народот  се  за Исус Христос. Тогаш сиот народ падна на земја и сите и се поклонија и и укажаа големи почести – нејзе што Го роди. И поверувајќи и тие се крстија бидејќи многу чуда направи Мајката Божја”.

Света Богородица била видно троганта од ваквиот прием од страна на Македонците. Поради ова таа им се обратила со зборовите:

“Ова место нека биде дел од мене и од Мојот Син и Мој Бог. Божјата Благодет нека владее со ова место и со овдешните жители, кои со вера и со побожност се држат до заповедите на мојот Син и мој Бог. Се што ќе им треба за животот на Земјата тие ќе го имаат во изобилство и без некој поголем труд и ќе им биде поодготвен животот небески и до крајот на векот нема да ја отстапат од ова место милоста на мојот Син, а јас ќе бидам заштитничка на ова место и негова сесрдна застапничка пред Бога”. (Житија… август, стр. 254-256).

Потоа света Богородица им оставила на Македонците за учи­тел еден од своите следбеници и повторно ги благословила. Во про­должение читаме дека света Богородица влегла во коработ и отпатувала за Кипар.

Во врска со ова се поставуваат неколку прашања. Како прво: на кој јазик света Богородица разговарала со Македонците? Дали таа разгова­рала со Македонците на арамејскиот јазик, при што некој од неј­зината придружба им го преведувал тоа што таа го зборувала? Иако оваа претпоставка може да се прифати, мислам дека не треба да се отфрли ни претпоставката дека света Богородица добро го збо­ру­вала јазикот коине, т.е. јазикот што токму Македонците свое­вре­мено го наложиле во Светата земја во времето додека околу три века владееле таму (што е детално опишано од најпознатиот антички еврејски историчар Јосиф Флавиј). Знаеме дека света Бого­ро­дица, пред да го роди Исус, над една деценија живеела во храм. Таа таму цело време го проучувала Стариот Завет. Поради фактот што некои делови од Стариот Завет во оригинал биле напишани на јази­кот коине, сосема е можно дека света Богородица ги читала нив во ори­ги­нал, откако претходно го научила овој јазик (за што, впрочем, има­ла доста време). Иако е добро познат нејзиниот родослов, интересно е тоа што една нејзина тетка носела име со балканско потекло (Софија).

Света Богородица ја посетила Македонија во првиот век, а тоа е токму во времето за кое во Македонија и натаму живееле античките Македонци, иако се наоѓале под римска власт. Нивниот живот под Римјаните бил исклучително тежок, но тие веќе немале сили да кренат ново вос­тание против овој суров режим. Можеби затоа Македонците со ра­дост ја пречекале света Богородица. Таа и самата потекнувала од земја што се нао­ѓала под ропство на Римјаните, а новата христи­јанска вера ги поистове­тувала сите луѓе пред Бога – робовите и господарите. Токму затоа Македон­ците го прифаќале  христи­јанст­вото, гледајќи во него спас од својата тешка состојба.

Посетата на света Богородица на Македонија официјално е призната и од страна на Македонската Православна Црква, иако мислам дека МПЦ треба многу повеќе да го користи и експлоатира пред домашната и светска јавност овој сензационален податок.

Како доказ за ова ќе го посочиме спомнатиот Алманах на 25-ти јубилеен Црков­но-народен собир (објавен како издание на МПЦ). Во врска со посетата на света Богоро­дица на на­шата земја во овој Алманах (стр. 9), читаме:

“Мајката Божја, Пресветата Богородица со стапнувањето (присус­т­во­то) свое на македонската земја, ја благослови и таа постана света земја, матица на христијанството за Европа”.

Впрочем, дека света Богородица и навистина патувала вон Палестина (заедно со свети Јован Богослов) доказ е и куќата каде таа престојувала во малоазискиот град Ефес, кој денес се наоѓа во Турција близу брегот на Егејско Море. Оваа куќа и денес постои и истата се наоѓа под заштита на турската држава, а таму деноноќно се присутни и официјални претставници на Католичката Црква. Популарно е поз­ната како “Куќата на света Богородица”. Се смета дека во неа света Богородица ги поминала последните мигови од својот живот. Куќата на света Богородица се наоѓа на планината Билбил на 420 метри над­морска височина. Оваа куќа била откриена од лазари­јанските свеш­теници во 1891 година и во неа до денес постојано доа­ѓаат на пок­ло­нение илјадници христијани (но и муслимани) од целиот свет, меѓу кои и авторот на овие редови. Значи, штом света Богородица престојувала во Ефес и штом овој податок денес е признат не само од христијаните, туку и од мусли­маните, а се­како и од официјалната турска власт, нема причина да не веруваме дека таа и навистина престојувала и во Македонија, која е само не­кол­ку стотини километри оддалечена од Ефес.

aleksandar-donski-2
Александар ДОНСКИ

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top