Коментари

Македонска нација Да кажеме “Доста е!

Во овие мигови кога минатото ни се пресликува во сегашноста, кога повторно ни е наметнато прашањето за нашиот идентитет потребно е храбро, одговорно и гордо да кажеме “Доста е!„

Да кажеме “Доста е!„ затоа што нашето единство денес како и многупати досега е историска потреба, затоа што само на тој начин сплотени околу заедничките национални и државни интереси можеме да продолжиме да градиме демократска, модерна и слободна македонска држава, која ќе биде почитувана и уважувана од сите народи и држави во светот. Македонскиот народ и чесните граѓани одамна го заслужуваат тоа.

Конечно јасно и гласно да кажеме дека нема да дозволиме да не обезличат, посрамат и понижат.

Во 1913 г. Македонија не по своја вина беше поделена од страна на нејзините соседни земји кои го искинаа нејзиното живо национално ткиво и ја поделија територијата на неколку дела. Тоа национално ткиво сеуште крвари.

На сите соседни земји нека им стане јасно дека никогаш повеќе нема да се повтори Македонците да се борат за нечии туѓи и „повисоки„ интереси. Македонците немаат друга татковина, не прифаќаме никакви „кумови„ ни „кумчиња„ однадвор и одвнатре повторно да не крстат и прекрстуваат. Ние сме од памтивек крстени и нашето вековно исконско име било и вечно ке биде Македонија. Ние со векови сме биле и ќе бидеме Македонци и ништо друго освен  Македонци.

Драги Македонци, измачени но со големи срца во кои свети силно македонско сонце, во чии души се одржува вековниот македонски ген, денес и засекогаш гордо да кажеме „Доста е!„

Мораме да кажеме „Доста е!„ и да се потсетиме на славниот Александар Македонски (синот на Филип Втори Македонски), во чие време македонската империја се протегала на три континенти и чија крајна цел била  создавање на општосветска империја, во која требало да нема граници во мешањето на различните култури и во која сите народи требало да живеат братски.

„Доста е!„ и заради фактот дека христијанството во Европа за првпат почнало да се шири токму преку Македонија.

Македонија и Македонците повеќе пати се спомнати во Библијата, најмногу заради мисијата на светите апостоли Павле и Лука кои престојувале во оваа земја. Првите европски христијани што се христијанизирале на тлото на Европа биле Македонци.

„Доста е!„ и заради свети Климент Охридски, човекот кој ја создал кирилицата – писмо на кое денес пишуваат неколку стотици милиони Руси, Украинци, Срби, Бугари, Црногорци, Македонци и припадници на други народи.

„Доста е!„ мораме да кажеме и заради Илинденскиот идеал, заради Гоце, Даме, Ченто, заради нивните знајни и незнајни соборци кои се бореа и загинаа за достоинството на Македонија и заради нашите деца и внуци и нивните потомци кои мора да опстојуваат на нашите простори.

Заради сето ова и заради уште многу нешта, гордо и со крената глава да кажеме: „Доста е!„

Вечна Македонија!!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top