Коментари

Патриоти и предавници

Alexander_the_Great

Alexander_the_GreatАлександар Македонски

Дали постојат патриоти? Да! А, дали постојат предавници? Секако! Се разбира, непријателот не може да Ви биде предавник, затоа што тој Ви е деклариран противник.
Непријателот никогаш не може да Ви биде предавник, но предавникот може секогаш да Ви стане непријател.
Предавник може да Ви биде соборец, роднината, пријател.

Тој што Ве предал, тој што до вчера со Вас споделувал идеја, а утре од Вас се откажал поради материја, на пример пари или власт, или и едното и другото.
Во кривичното законодавство, современите општества изградиле институт велепредавство.

Тој што полагал заклетва дека нешто ќе штити и брани по Устав и закон, а поради интерес, ја погазил заклетвата и прешол на другата страна.
Степенот на одговорноста го квалификува делото на предавство или велепредавство.

Некој може да побегне од земјата и да не ја брани од напад на непријател во случај на окупација и геноцид, иако одбраната на земјата е обврска за сите нејзини државјани.
Овој нема да биде обвинет за ништо во тој случај.

Ќе го сметаат за кукавица, предавник, ама без одговорност и ќе го заборават.
Кога офицерското лице или функционерот ќе побегне, е тоа се смета за дезертерство, предавство или велепредавство и нему му се суди, за тоа одговара и лежи затвор, затоа што полагал заклетва пред да седне на тоа место.
Понекогаш на таквите им се пресудува смртна казна, во редовна или итна постапка.
Предавство не се разликите во мислата, говорот и уверувањето.
Тоа е богатство на општеството, во тоа е смислата на демократијата.

Се разбира, антидемократски е квалификацијата предавник за сите што различно мислат, говорат и имаат свое спротивно уверување од било која власт.
И во Македонија, како и во секое демократско општество, не се предавство или велепредавство разликите во мислата, говорот или уверувањето. Тоа е здраво демократство општество.

Но, предавство е кога бивши високи владини функционери, за време на своето владеење или потоа работаат или пропагираат против својот народ и држава,
тоа е предавство или велепредавство.

05.08.09

Свекрва

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top