Коментари

Новинари или манијакални параноици !!?

pece-cvetkovski

pece-cvetkovski
Пеце Цветкоски

Секој си доаѓа дома и нормално е да се посвети на себе. Сака да се информира за се што се случило во неговиот дом, фамилија, град/село, држава, светот. Можеби има и незаинтересирани, депресивни, па и занесени, кои не ги интересира што се случува околу нив. Секакви ги има. Но по мое скромно мнение, денес на сите нам ни е потребна информација, било за професијата, за сонот, сексот, животот и уште што ли не друго!!!

Во сржта на информацијата е вистината!…

Во сржта на информацијата е вистината, барем јас такво мнение имам. Можеби грешам, но тоа не е ни важно, јас така мислам и толку. Се додека моето мислење не штети на никого околу мене, мислам дека е во ред.

Постојат карактери кои несакаат да го гледаат тоа што сите го гледаат или несакаат да го слушаат тоа што сите го слушаат. Но затоа намерно притискаат и ти да го смениш своето мислење и да почнеш да гледаш низ нивната призма на гледање. Ем нив да ги гледаш, ем како нив да правиш. Тие се од оние гласноговорници кои се на мисија и единствено ја проповедаат само нивната вистина. Ако недај боже, ја земат станицата, имаат намера да тргнат од врата до врата, за да ве натераат баш нив да ги слушате и да гледате или како нив да правите.

А информацијата за мене е вистината. Да не се залажуваме. Оставете ме мене со таа вистина, оставете ме самиот да донесам став. Ако треба да се има став за нештото, оставете ме во мојата игноранција, аналфабетија, па и апсурдност, самиот да пресудам. Што има во тоа лошо, јас самиот да одредам што е лошо а што е добро. Не ми е потребно опинање за да некој го сватам дека застапува страна, иако таа негова страна за мене е никаква. Сепак, тој си ја има страната и со здравје да си ја носи. А јас апсурдот, како пример, а можеби и не!?

Нечини да претеруваме, но низ призмата на психијатријата, некое однесување можеби ќе е за интерорбитална  лоботомија, некој пак за слепоочна, но никаде не е дозволена медиумска лоботомија!!!

Светот има „милијарди“ медиуми, па ниеден „газда“, главен уредник или репортерка, со „чеканот“ во рака, не тргнал по светов да бери публика! Единствено „Белија Леблебија“ озабен тргна, сите кои намисли да ги пљачка, што Шведмилк, што млекарите, па земјоделците, па домаќинствата со зачинот, децата со смоките и нај на крај цела наша убава Македонија!

Не мили мои, тоа не го бидува!!!

Како што почнав, секој дома се прибира да се опушти, а не некој да го вознемирува и недај господ, тормози или малтретира! Кој сам избрал нека му е, ама нема право, ние кои ете не го бираме, и нас да не труе!!

Затоа пред нешто да кажам, барам и инсистирам:

– Институците на системот да ме заштитат од пропагандата и сценаријата на А1, СДСМ, НСДП, НД, ОМ и сателитските граѓански здруженија околу нив!!

– Да ме заштитат од говорот на омразата, кој се раѓа како резултат на јавен протекционизмот кон едно малцинство, кон еден медиум и селективноста на органите на прогонот.

– Да се сосечи до корен коруптивниот систем и непотизмот, кои пак ја раѓаат селективноста и протекционизмот, а сето тоа е категорија која силно ги иритира сите народни маси, секаде во светот па и во Македонија.

– Гласно инсистирам да се заштити и мојата слобода да расудувам, како и слободата на моите најблиски и сите во Република Македонија. Мене не ме интересира кој тоа ќе го спроведе, туку како ќе го спроведе.

И да се вратам на слободниот граѓанин. Само што си дошол дома и пушташ телевизија, по мнението на „Белија Леблебија“, како да стануваш медиумски плен!!!

Само погледнете, како се однесуваат М.Ч.  и Б.J., како и целата нивна клапа, со две-три жени или се девојки. Ми се мешаат имињата, а и несакам да ги запаметам. Погледнете како да сакаат да ги исперат мозоците баш на сите тие седнати пред тв екранот, како да е тоа нивната мисија. Ги слушаш како повторуваат исто па исто, за газда Велија, за невработеноста во Македонија и т.н. Првата престава, кога ќе ги загледаш Б.Ј и М.Ч, изгледа како да тргнале да се тепаат со медиумскиот аудиториум. Сакаш несакаш мора  да ги анализираш низ психолошко-психијатриската призма. Тоа не значи дека јас сум експерт, туку едноставно, врз основа на целокупната нивна појава и однесување пред аудиториумот, ме тера да неможам поинаку да ги гледам отколку како „депресивни манијаци со симптоми на параноидна шизофренија. “

Во нивните тонови се насетува прогноза, пристрасност и тендеција, а за реално случена ситуација-деание, и колку да незнам за комуникологијата, тоа се најлошите грешки. Испаѓа дека споменативе лица немаат студирано ниту еден саат журналистика, комуникации и односи, но затоа пак што е најважно, имаат иницијатива! Професионалците сигурно за своите колеги ќе речат дека скроз застрамиле и ги пречекориле границите на пристојноста. Но ним како да не им е  гајле што тие треба да бидат само пренесувачи на информации, со слобода да коментираат во границите одредени со законот за медиумите.

Еј народе!…Дневникот е пренесување на оригиналните случувања, деманти, информации и сл., а не за толкување, изнесување став или за напаѓање и штитење на криминалот, а притоа да барате да ве заштитат небаре сте загрозени пред истребување како мечките!! Само по мое гледање, сваќање, знаење или незнаење, нека е за некој и апсурд, по се изгледа дека овие манијакални депресивци со месијански идеи,  се далеку од вистинското новинарство.  Можеби само ги пуштиле на факултетот, каде најинтересни им биле кулоарските домски и студентски трач рубрики, полагајќи ги предметите со нормални пазарења. Се надевам дека новиот Закон за високото образование барем ќе почне да ги осуетува ваквите работи, па кандидати  можеби ќе научат нешто пред да завршат. И уште нешто, само ако некој им шепнал нешто од Макијавели, тогаш ете пропаст!! Ете како .основната премиса во живот ќе им биде, жолтата штампа, трач-рубриката, спроведувачи на идеи на пакувач на смоки во П.Наков бб.

Како награда потоа следува вработување кај „Босот“ или „Шефот“, како самите велат кај тој “арогантниот глуп криминалец“, терсене и сештознаен „експерт“, кој каде што ќе се допре е успешен „бууугати.“ .И секако успешен, каде земи неплати, каде омирисај укради, уште и некое посериозно дело, а знаеме имаше нечисти умирања во Скопјето, и тоа бизнисмени!?

Но, да не погаѓаме, што ќе се случи ако му паднат во рака на „Газдава“, претходните новинарчиња? Не за џабе рекле криминалот е порок! Тој почнува ситно дури и невидливо, со малецки услуги.  И така, т.н. новинарчиња, де онде заврши му работа, де онај го знам, де знам за тоа демек овај го „уловиле“, на оној ќе му покажеле, полека стануваат ко-партнери на газда „Белија“ и неговата фамилија!!! Ете го кланот, и во Сицилија тие односи  исто така функционираат.

Интересно е како на обвинетиот најтешко е да му се објасни дека некој баш него го терети за сторено дело!!?

Затоа се судовите. Тоа е системот кој треба да му кажи на обвинетиот дека ете неговото дејание се коси со член тој и тој од Кривичниот закон. Замислете што би било да го нема К.З.? Тоа не е играчка, за тоа неможе секако да решаваат индивидуалци, тоа е цел правен систем.

Прашање е зошто никаде неслушнав што ќе се случи доколку се воспостави дека нема обвинение. Дали некој знае дека тој кој го затворил, ќе плати дебели суми за толку голем случај!!! Колку судии го ставиле својот дигнитет на увид!? Зошто тоа еднаш не го изанализираат, тогаш нема да можат како мајмуни-павијани да дремат пред владата .Најлесно е да рече човек незнаат!? Сепак мислам дека тоа не им оди во прилог. Намерно тоа не го анализираат, валкани се и страв им е да не бидат и тие „уловени“.

Едноставно е!

Ако и малку, барем ронка невиност имале, тогаш тие ќе беа сигурни во таа своја невиност и ќе ги оставеа парите на сметката баш сите пари во сметката. Мили мои, пред вистината и боговите молчат.  Да сме јасни одмрзнувањето на сметката беше тест пробата да се види дали имаат свест за стореното.

Како што спомнав претходно, системот е тука на секој што сторил кривично дело, да му објасни прво на обвинетиот, а потоа на јавноста дека делото е сторено и по закон казниво. Малите грешки значат потврда, а лакомоста од 200.000 евра ги откри криминалните дела од над 20 милиони  и околу 6 милиони евра неплатен данок. Сега колку да сакаат нека дремат како пингвини пред владата. Нивната вина е јасна, само законот бара каење.

По мене, топчето само што почна да се отплеткува, а учесниците во „Белиините“ кр(е)минали се нервозни. Сите има да киснат по ќелиите, што психијатриски што затворски, кој со каква среќа ќе биде.

И за пример, замислете ги снимаа инспекторите за време на претресот. Тоа не е само попречување во работата туку и загрозување на идентитетот. Снимањето на приведувањето и известувањето во јавноста му овозможи на газдиниот син да ја избегне раката на правдата. Отука е моето тврдење дека т.н. новинари од дотичниот медиум апсолутно ништо незнаат од новинарството или несакаат да знаат. Со ваквиот начин на известување тие се соучесници во криминалот.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top