Коментари

Изборите ќе поминат, а народот треба повторно да живее заедно

svekrva

svekrva
Свекрва

Во фокусот на вниманието на македонската јавност е понудата на премиерот Никола Груевски за предвремени избори, како и прифаќњето на фрлената ракавица на лидерот на најголемата опозициона партија СДСМ, Бранко Црвенковски.

Ваквиот изнуден потег на премиерот Груевски, всушност треба да доведе до задоволување на барањата на опозицијата и смирување на меѓуетничките тензии кои резултираа по најавите за радикализација на состојбата доколку нема предвремени избори, а кои имаа свој пробен тест на скопското Кале.

Премиерот Груевски како што изјави на интервјуто дадено за ТВ Сител, ја напуштил првичната идеја оваа година да биде посветена на реформите и евроинтеграциите, иткако опозицијата го напушти Собранието и државата западна во парламентарна криза.

Во услови кога имаше влошување на состојбата во смисла правење на штета на меѓународниот углед и поткревање на меѓуетничките тензии во земјата од страна на опозицијата, Груевски како вистински лидер на македонската нација на кој не му стасало до власта по секоја цена, туку до зачувување на вистинските вредности на демократијата, го повика Бранко Црвенковски доколку навистина сака избори да дојде во парламентот за да се изгласа законот за избори и да се оди веднаш на избори.

Но тука не застанува условувањето на опозицијата. Иако претседателот на СДСМ изјави дека ги прифаќа предвремените парламентарни избори, сепак тој ги услови со исполнување на условите кои партијата ги постави за да се врати во Собранието. Притоа тој поставувајќи ги роковите, повторно се закани со радикализација доколку не се прифатат.

Одовде произлегува дека нешто не е чисто и смрди во опозицијата, која по се изгледа не е сигурна во некаква изборна победа, иако цело време ја најавува и затоа намерно ги одолжува, притоа надевајќи се на влошување на состојбата во земјата. Како таа да сака и очекува, домино синдром кај Медитеранските земји да ја зафати Македонија, притоа калкулирајќи со меѓуетничките односи.

Отука и арогантниот однос на лидерот на најголемата партија на опозицијата кој вели дека:

„ја поздравува одлуката конечно да се одважите, да соберете храброст и да го прифатите нашето барање за предвремени парламентарни избори кои се единствен демократски начин на решавање на длабока криза и излез од ќорсокакот.  Предвремеми парламентарни избори треба и мора да има.“

Но изгледа дека овие избори треба да бидат скроени по мерка на опозицијата, мерка која единствено ним ќе им овозможат фер и демократски избори. Но доколку нема излез, се друго би значело продлабочување на кризата и нејзина радикализација.

А кога е потребна радикализација, секогаш во преден план се појавуваат меѓуетничките односи помеѓу Македонците и Албанците, а во кои прва жртва се изманипулираните деца.

Инцидентот на скопското Кале е само показател до каде може да оди желбата на поединци по секоја цена да се дојде на власт, притоа не водејќи сметка дека во игра се ставени животите на млади деца.

Бескрупулозноста на поедини политичари, иако сеуште е обвиткано со превезот на мистерија што ни се случи, се покажа во 2001 година, кога Македонците и Албанците влегоа во вооружен конфликт. Нешто што никогаш се немаше слученово историјата  помеѓу двара народа, со исклучок на качачки банди кои делуваа во Западна Македонија во одредени периоди за време на Отоманската империја и Втората Светска војна. Но историски гледано во целина односите помеѓу двата народи беа добри.

Во минатото меѓусебните и сродните интереси на Македонците и Албанците создале нужни и неопходни елементи за изнаоѓање поволни патишта за спас од османската тиранија и за канализирање на борбата за национално и социјално ослободување. Ова настојување прераснало во обидите да се определи заедничката платформа за поставување на основите на едно единствено македонско-албанско националноослободително движење.

Прв ваков обид е направен во 1887 година со создавањето на Албанско-Mакедонска револуционерна лига.

Лигата има составено „Апел” и дејствувала преку свои емисари во Албанија и Македонија.

„Апелот” е упатен кон жителите на Албанија.

(И. Г. Сенкевич, Нови материјали од Архивот на М. А. Хитрово. – Гласник 1Х/2,1965, стр. 117; Ракописен оддел ИРЛИ, ф. 325, д. 202. 1.1/).

Овде текстот на „Апелот” го објавуваме во целост за да можат помладите генерации да се потсетат на соживотот помеѓу двата народа, како и на заклетвата која ја има дадено албанскиот народ и која денес ја крши за нечии лични интереси, притоа нанесувајќи себеси си огромна штета.

Браќа,

По многу обиди што ги преземавме за да и помогнеме на нашата татковина Албанија, ние разбравме дека има само едно средство за да се постигне победата. Тоа средство е обединување со нашите блиски Македонци и заеднички акции со нив за ослободување на нашата древна и страдалничка татковина…

…Заради нашата цел беше создадена овде „Албанско-Mакедонска револуционерна лига”, беше составен и устав и програма. Ние ќе ви го испратиме уставот на лигата штом ќе добиеме поволен одговор на ова наше писмо.

Ако ја знаете географијата на Македонија и Албанија, нивната измината историја, нивната блискост, обичаите и нивните политички интереси и ако ни поверувате, тогаш одобрете ги нашите дела и во скоро време присоединете се кон нас и укажете ни ја својата помош.

Сметаме за потребно да ви кажеме дека создавањето на „Албанско-Mакедонската револуционерна лига” под паролата „Слобода или смрт” е единствен пат за да се помогне нашето дело. Ние многу пати говоревме за тоа но не го остварувавме, а сега конечно го остваривме тоа дело.

Нашето дело за ослободување ќе го остваруваат Албанците заедно со Македонците, дејствувајќи заедно, без разногласија, под еден устав, под едно знаме и ќе се бориме за утврдување на самоуправа во нашите две области. Покрај тоа, тука има многу благородни луѓе што се готови да ни помогнат во нашето свето дело и искрено да се грижат за самоуправувањето во нашата татковина.

Дејствувајќи во братско единство, ние ќе можеме брзо да го исплашиме големиот стамболски управувач и ќе постигнеме Европа да биде кон нас благонаклона и да ги признае нашите права. Затоа може да се верува дека нашата цивилизираност ќе стане позната и нам ќе ни помогнат и нема повеќе да не задржуваат во ропство во кое се наоѓаме веќе неколку векови….

…Пред се ве известуваме дека не претендираме на многу: ние не бараме ни кралство, ни кнежевство, ние не сакаме Албанија и Македонија да паднат под власта на Бугарија или Србија или Грција. Но ние сакаме на Македонија и на Албанија да им се даде автономија, дури и во тој случај ако останат тие под власта на Султанот. Со еден збор, ние сакаме да имаме сопствен суд и сопствена управа. Во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците, макар што при тоа ќе се зачува врховната власт на Султанот.

Од името на „Клетвата за верност на Албанија“ ви се колнеме во точноста на се што е изложено во овој документ.…

Ваши срдечни браќа по крв и клетва.“

Денес Албанците како да забаравиле на другите договори, како да заборавиле на Апелот, на заклетвата, како да заборавиле на заедничката борба. Ова е право време да се потсетат и да не дозволат да се повтори Калето и не само тоа, туку да не дозволат да ја рушат и така кревката доверба само за лични интереси на поединци без разлика од која партија или народ припаѓаат.

Изборите ќе поминат, а народот треба повторно да живее заедно.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top