Коментари

Македонството ги победи изветвените пропагадни

misko-taleski

misko-taleski
Мишко Талески

Битката за македонското постоење, за македонскиот бит ќе продолжи и во оваа година. Маратонската трка која речиси 20 години ја трчаме на светската политичка сцена, се уште не е завршена. Темпото кое јужниот сосед ни го наметнуваше сиве овиде години, само ја зацврсти вербата на македонскиот народ, дополнително ја поттикна упорноста да истраеме на патиштата по кои тргнавме.

Не паднавме на колена, не не совлада депресијата. Напротив. Кога сме убедени дека она што го застапуваме е најдоброто нешто за нашиот идентитет, за нашето име и презиме и за нашиот образ, тогаш нема што да менуваме на стратешкиот курс. Обидите кои ги преземаат одредени структури во домашните кулоари, покажаа дека претставуваат недостоинствен пристап во решавањето на проблемите. Грција долго време ја тестира нашата кондиција и нашата издржливост. Но, на тој пат, таа самата потклекна. Самата Грција не можеше да издржи и падна на тестот на демократичноста, правата и слободите за своите граѓани, за својата цивилизација.

Македонија достоинствено знае да се носи со бремето, кое е полно со предизвици и гестови кои повредуваат и потценуваат. Но, истовремено знае од која страна доаѓаат, знае да ги амортизира, да ги отфрли, да ги процени вистинските луѓе, да ги раздвои искрените од лажните пријатели. Ако тоа не ни успеваше на стартот на последната декада од минатиот век, сега состојбите се пореални.

Влегуваме во година која по многу нешта ќе биде тешка. Многумина ќе се обидуваат, како однадвор, така и одвнатре да ги искористат и да ги злоупотребат сите текови на политичко-безбедносен или економски план. Тоа ќе се рефлектира врз македонската стабилност, онолку колку што ќе успееме сето тоа да го осуетиме и неутрализираме.

Соседните иредентистички пропаганди интензивирано продолжуваат. Политичката тортура која ја применуваат во општењето кон Македонците  не им носи резултати, но истовремено таа ја сметаат за единствен оправдлив метод за некаква промена на моментните состојби. Поинакво средство за дискриминација и асимилација на македонскиот народ, освен политичкото непризнавање на нацијата и јазикот немаат.

Одамна не можат да ги применуваат методите на свирепи злодела врз телата на македонското население, ѕверски да се измачуваат врз нив, за да ја задоволат сопствената монструозност кога ќе го чујат изнемоштениот глас на Македонецот, кој вели дека не е Македонец.

Не можат тоа повеќе да го прават.

Не можат да кинат парчиња македонско месо, не можат со клешти ноктите од прстите да ги вадат.

Не можат.

Се поразија самите во сопствената немоќ да го преобликуваат она што е различно и поинакво од нив. Не е ова пластична операција, па старото ќе го правиме младо или црното ќе го правиме бело. Доктринарните политики на соседите кон македонскиот бит се живи, но повеќе не се практични. Истите не им ги даваат посакуваните резултати. Па, и најнаивните и најглупавите ќе се откажат од налудничавата стратегија, да уништиш цел еден народ, да го преименуваш и асимилираш, особено кога гледаат дека и после стотици години од нивните деструктивни активности, ние сме повторно Македонци кои живеат во слободна и независна Македонија.

Кој е сега победникот, а кој губитникот ?

Кој е со дигната глава, а кој со засрамен лик ?

Македонија и Македонците допрва ќе им го симнат превезот на лицата на сите оние, кои ги закрвавија рацете со македонска крв низ историјата. Не заради одмазда, туку за една поинаква сегашност и поинаква иднина.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top