Среда, 23 Март 2011   
Иредентистите обвинуваат за иредентизам

misko-taleski
Мишко Талески

Грците наметнаа став дека од името на Македонија произлегуваат територијални претензии. И се уште живеат и водат надворешна политика со таа стратегија. Обвинувањата за македонски иредентизам во однос на грчките интереси не само што се смешни, туку и обид за префрлување на топката како во тенисот.

Ако се зборува за вистински иредентизам, тогаш грчката политика може да го носи приматот доктор.

Не знаејќи кој чекор да го преземат грчките политички кругови редовно ја обвинуваа Македонија и македонскиот народ за иредентизам, за територијални претензии на нејзината територија, за присвојување и крадење на нивната историја, традиција, култура… Им пречеа мапите на етничка Македонија кои стоеја како историски доказ во македонските институции на системот, не обвинуваа за водење агресивна политика која имала за цел да го собори нивното видување за античката историја, за припадноста на Александар Македонски и ред други небулози.

Најмалку Македонија и македонскиот народ можат да се етикетираат и обвинат за склоност кон други територии, за непочитување на малцински права и сл. Во современата историја Македонија покажа и докажа колку може да ги исполни европските стандарди во поглед на човековите права. Грција како членка на НАТО и ЕУ не покажа со ништо дека се однесува проевропски.

Присвојувањето на туѓи територии, желбата да држи монопол над името Македонија кое правно и историски никогаш не и припаѓало, насилните менувања на македонските топоними со еленистички, се само дел од потезите кои ја докажуваат национал-социјалистичката и хегемонистичка политика на една земја - членка на ЕУ и на НАТО, земја која се декларира како една од зачетниците на светската цивилизација и култура.

Грчкиот национализам веќе со години ја користи и Грчката православна црква како додатен адут за јакнење на нивниот идентитет. Тоа континуирано се манифестира со обелоденувањето на информации дека скромни пари се префрлуваат на сметката на самонаречената црква на Јован Вранишковски. На многу странски експерти се уште им е нејасно зошто грчката црква го става носот во државните работи, но очиггледно е дека таму работите се испреплетени.

Многу интересен е пристапот на решавањето и на албанското прашање во Грција, кое на моменти предизвикува згрозување од начинот на размислувањето како треба да се реши тој проблем. Имено, двајца пратеници на опозиционата Нова демократија во јавноста своевремено изнесоа, според нив, “иноваторски” решенија, односно сугестии како грчката држава треба да им пристапи на Албанците дојденци.

Еден од нив, пратеникот Андреоулакос на заседанието на парламентот побара властите посериозно да се позанимаваат со нелегалното населување на жителите од Албанија и дека едно од решенијата би било депортација на како што рекол “изродите”. Во случај да се осудат да се вратат повторно во Грција, истите би требало да бидат затворени во концентрациони логори на некој изолиран грчки остров, како по примерот на оние што Атина ги користеше во текот на студената војна.

Станува збор за крајно расистички став, но речиси никој од присутните грчки пратеници тогаш не реагирал на ваквите предлози на пратеникот од Нова демократија. Како што подоцна во една прилика изјави познатиот грчки композитор Микис Теодоракис, “сите пратеници сносат вина за таа изјава на Андреоулакос, затоа што никому не му било непријатно да ги слуша нацистичките ставови на пратеникот”. Неколку весници само се обидоа да ја ублажат катастрофалната позиција на грчките политички кругови со пишувањата во стилот – расистички делириум. Но, ниту тоа не помогна. Слични реторики подоцна во истото здание се појавија и за турското малцинство во Грција.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.