Коментари

Христос воскресе! Вистина воскресе!

На Велигден верниците го одбележуваат Христовото Воскресение, настан што ја содржи суштината на верата и претставува нејзина најсилна потврда. Тоа е денот кога Исус Христос ја покажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Како што вели Светиот апостол Павле: „Празна ќе беше нашата вера, ако Христос не воскреснеше“.

Велигден, како симбол на победата над смртта, се празнува уште од првиот век. Според Светото предание, овој празник – спој на верата и традицијата – се практикува од времето на светите апостоли, Христовите ученици и нивните наследници.

Македонските православни верници со особена радост го пречекуваат Велигден. На празникот му претходи Великиот пост, кој трае седум седмици. Кулминацијата започнува на Велики Четврток, кога домаќинките уште пред изгрејсонце ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Како што Христос на Тајната вечера најавил дека ќе пострада и ќе воскресне, така и црвените јајца се симболична најава за приближувањето на Воскресението.

Традицијата на бојадисување јајца има длабоки корени. Јајцето како симбол на нов живот се среќава во многу древни култури, а во христијанството добива ново значење – симбол на Христовото Воскресение. Црвената боја ја претставува победата, божествената сила, но и крвта што Исус Христос ја пролева за спасението на човештвото.

Според преданието, Марија Магдалена била првата што го започнала овој обичај. По Христовото вознесение, таа го напуштила Ерусалим и почнала да го проповеда Евангелието. Следејќи го нејзиниот пример, првите христијани започнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат, поздравувајќи се со: „Христос воскресе!“, на што се одговара: „Вистина воскресе!“. Овој поздрав се користи сè до Спасовден.

Датумот на Велигден се менува секоја година. Првите правила за негово определување се донесени во 325 година на Првиот вселенски собор во Никеја, свикан од императорот Константин Први. Таму било утврдено Велигден да се празнува во првата недела по првата полна месечина по пролетната рамноденица.

Подоцна, во 526 година, правилата биле дополнително прецизирани: Велигден секогаш паѓа во недела, по рамноденицата и по полната месечина, и не смее да се совпадне со еврејската Пасха. Разликите меѓу Јулијанскиот (православен) и Грегоријанскиот (католички) календар често доведуваат до различни датуми на празнување, но понекогаш се поклопуваат, па празникот се слави заеднички.

Со текот на времето, Велигден станал празник што ги сплотува луѓето. Во Македонија, црвеното јајце често се дарува како знак на почит и пријателство, без разлика на верската припадност. Така, празникот ја носи пораката на Христос – за мир, љубов, човекољубие и взаемно почитување.

Христос воскресе!
Вистина воскресе!

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top