Коментари

ДОСТА Е !!!

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva copy copy copy copy

Ја напишаа  ЕНЦИКЛОПЕДИЈАТА, испадна хаварија.

Да се надеваме дека тоа не им била целта, АМА ДОСТА Е!!!!

Многу сита и решета за македонците, откако паметам, само препишуваат а, и да препишуваат излегува дека не знаат.

Македонија има луѓе со висок интелект, има свои доктори на науки, историчари, академици, светот ни подава рака, полн со ентузијазам и поддршка на македонизмот, а нашето сито не расејува, народотот ни го раслојува.

Не е ли ред да и ставиме крај на оваа голгота, околу името, околу мистеријата за потеклото, околу генезата со Александар Македонски, Античките Mакедонци, Библиска Македонија или Славјаните кои се нарекувале Македонци, или ???

Идентитетот е неотповиклив вкалкулиран печат за секој човек, се раѓаме со жигот на генезата, дајте го еднаш, да се видиме, да се преброиме, да си го видиме братот, да си го сплотиме семејството…

На народот веќе му е преку глава ова тргачење по истории, генези, по медиуми, по весници по енциклопедии.

Дајте малку народски и логично да размислуваме, еве гласно резмислувам:

  1. Македонија е Библиска земја со Апостолска Црква,
  2. Античките Македонци се нашите предци по генеза, од Македон, Каран, Филип таткото на Александар Македонски, Светите Климент, Наум, Самоил, Гоце, Александров, Ченто…. Ние сме нивни наследници.
  3. Славјаните дошле од зад или пред карпатите (нека се докаже ако навистина дошле) на територијата каде живееле нашите предци, Македонци.
  4. Дошле и многу други освојувачи и си заминале, или се асимилирале.
  5. Македонците останале до ден денешен и ќе останат засекогаш на овие простори.
  6. Ние сме Македонци.

Ве молам да се прибереме, да се приземјиме, да си ги собереме браќата и сестрите по крв, по генеза и по татко и по мајка, и да си ја напишеме еднаш за секогаш ВИСТИНСКАТА  ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА.

Да најдеме други историчари,  само не од тие кои целиот живот профитирале да не трујат за трските на некакви Словени.

Ме гризе црвот од внатре, се секавам на зборовите на баба ми, која ми кажуваше дека до Солун со магаре патувале 8 дена и 9 ноќи, а на вториот ден се разболела од заморот и 42 дена не можела да се соземе од грозница. Назад по истиот пат се вратила по 4 месеци од поаѓањето. Си замислувам како од зад Карпатите Словените стигнале до Македонија? Колку мина успеале, здрави и живи да стигнат? Колку стока донеле? Како стоката  го препливала Дунав? Како што пишуваат, луѓето кога пливале по Дунав, трските ги ставале во уста, каде ги ставале на стоката, во задникот? Не се задржале на  некое друго место патувајки? Кој бил војсководецот што ги водел, како се викал? Дали археолозите откриле некои ископини?

АЈДЕ ДА НЕ СЕ ЛАЖЕМЕ ВРЕМЕ Е И ДОСТА Е…

Навистина се претера…

ДАЈТЕ НИ ЈА ВИСТИНАТА ЕДНАШ ЗА СЕКОГАШ…

Дајте да ја пренесуваме во семејствата, во училиштата, да ја пренесуваме кон светот, да сме единствени и со ист став за нашето потекло, ни требаат ЕНЦИКЛОПЕДИИ со содржини кои обединуваат, нашите Архиви и полици да ги наполниме со ВИСТИНИ….

Господине Блаже Ристевски, го направивте првото македонско чедо, но, за жал килаво!!! Наместо да обедини- разединува.

Не бидете себичен, поделете ги ставовите, ставете факти, дајте време за ова да успее, дајте ни ја можноста да останеме македонци, тргнете го ситото, доста ни е од расејување, дајте обединување на големиот македонски дух, и дајте ни го она што секој народ го одржува во целост, единството на битието….

Ме срдат и плуканиците по се што е македонско.

ДОСТА Е !!!

Ако сме поделени, имаме една софра, имаме едно сонце, и едно срце македонско,
ДАЈТЕ ДА ДИШИМЕ !!!!

Свекрва

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top