Коментари

Во 1925 г. грчкиот дипломат Дендрамис ја признал посебноста на македонскиот јазик

Tihomir_Karanfilov

Tihomir_Karanfilov
Тихомир Каранфилов

Претставник на Грција во Друштвото на народите, Василис Дендрамис, во 1925 година го подржал издавањето на букварот Абецедар, образложувајќи дека тој јазик е посебен јазик, различен од бугарскиот и од српскиот.

Поделбата на Македонија извршена со Букурешкиот договор во 1913 година, а санкционирана во Версај во 1919 година, доведе до приклучување на Егејскиот дел на Македонија кон грчката држава. Со поделбата на Македонија, Грција доби територија која опфаќа 34.356 км2 и повеќе од еден милион жители. Македонците кои го сочинуваа најголемиот дел од населението во Егејска Македонија, непосредно по војните беа изложени на најстрашни репресии од страна на грчката држава. Грчките власти кои веднаш започнаа со терор и прогон на Македонците, предизвикаа нивно иселување од Грција.

Посебно ова иселување се зголеми по потпишувањето на конвенција на 27 ноември 1919 година меѓу Грција и Бугарија за „доброволна“ размена на население. Користејќи ја конвенцијата, Атина насила протера повеќе десетици илјади Македонци, посебно од источниот дел од Егејска Македонија. Тоа најповеќе се почуствува во Солунската, Кукушката, Ениџевардарската и Гуменџиската околија. Сепак и покрај сите напори за прогон на негрчкото население од окупираните територии, во рамките на грчката држава останаа Македонците.

Прекројувачите на картата на Европа од Версај, со цел да ја стивнат огорченоста на Македонците и другите етникуми кои беа деградирани во бесправни малцинства и изложени на фашистичките методи на грчките власти, склучија „Договор за заштита на негрчките народности во Грција”. Со овој договор склучен на 10 август 1920 година во Севр, силите на Антантата и наложуваат на Грција да ги респектира „интересите на жителите што се разликуваат од мнозинството на населението по нација, јазик или вера”. Со Севрскиот договор, Грција беше обврзана да им осигури еднакви граѓански и политички права и слободи на негрчките народности, можности за употреба на мајчиниот јазик во печатот, пред судовите, во богослужбата и во наставата во основните училишта.

Но во меѓувреме, Грчко-турската војна (1919–1922) предизвикала нов бран на иселувања. По Лозанскиот договор од 1923 година на кој било договорено размена на муслиманско со христијанско население меѓу двете земји, Турција протерала околу 1.5 милион Грци од Мала Азија и Источна Тракија, а Грција скоро целокупното муслиманско население од Егејска Македонија, меѓу кои биле околу 40.000 македонски муслимани.

Голем дел Грци од Мала Азија и Кавказ се населеуваат во Егејска Македонија, што ќе предизвика промена на етничкиот состав во Егејскиот дел на Македонија. Меѓутоа и покрај сите обиди за прогон на Македонците и колонизација на нивните простори со азиски Грци, македонското население преовладува во западниот дел на Егејска Македонија, односно во костурскиот, воденскиот и леринскиот крај.

Сметајќи на етничките промени во корист на Грците во Егејскиот дел на Македонија, Атина конечно се одлучува да го спроведе договорот од Севр. Грчката држава го прифаќа барањето на Бугарија за претставување на Македонците во Грција како Бугари и двете влади потпишуваат протокол на 29 септември 1924 година во Женева, со кој грчката влада официјално го призна постоењето на бугарско национално малцинство во Грција. Со овој протокол потпишан од министрите за надворешни работи Калфов и Политис, Грција се обврзала да му осигури соодветни права и слободи на „бугарското малцинство“ во Егејска Македонија. Друштвото на народите назначи двајца свои претставници во образуваната Мешовита грчко-бугарска комисија – полковникот А. Кроф и мајорот Марде де Ровер за остварување на постигнатата спогодба.

Под притисок на Србите, кои дури еднострано го откажаа договорот за пријателство со Грција од 1913 година, протокол Калфов – Политис никогаш не се спроведе во дело. Тогашната влада на кралството на Србите, Хрватите и Словенците (СХС), сметаше дека признавањето на Македонците во Грција за бугарско малцинство неизбежно ќе води кон поставување на слично барање од Бугарија за признавање на македонското население под српска окупација (Вардарска Македонија) за бугарско национално малцинство.

Ваквиот развој на настаните и одговараше на Атина. За грчката влада, официјалното признавање за постоење на бугарско национално малцинство, претставуваше опасност, зошто тоа во себе содржеше признавање на бугарските претензии врз грчкиот дел на Македонија. Поради тоа, грчкиот парламент во почетокот на 1925 година го отфрли предлогот за ратификација на протоколот Калфов – Политис.

По острите критики во Друштвото на народите дека Грција не го почитува Севрскиот договор за правата на малцинствата, грчкиот претставник во Друштвото на народите Василис Дендрамис, дава ветување дека грчката влада уште истата година ќе овозможи по основните училишта во Егејскиот дел на Македонија да се заведе мајчиниот јазик на тамошното население. Меѓутоа, образложувајќи ја својата елаборација, Дендрамис ќе наведе дека тој јазик е посебен јазик, различен од бугарскиот и од српскиот.

Грчката влада за да ги потврди своите намери, образувала посебна тричлена комисија при Министерството за просвета со задача да состави буквар за македонските деца. Комисијата во која се наоѓаат Папазахариу, Сајакчис и Лазару, успешно ја завршува задачата, а букварот бил отпечатен пред започнувањето на учебната 1925/26 година.

Букварот, наречен „Абецедар”, беше отпечатен на македонски јазик, на леринско-битолското наречје, со латиница. За да се задоволат барањата на Друштвото на народите била изготвена и законска уредба за училиштата на малцинствата, со која би се овозможила настава на мајчин јазик по училиштата во зависност од желбите и искажувањата на родителите.

Меѓутоа, наскоро се виде дека Грција никогаш немала намера да го спроведе договореното и дека ја манипулира Меѓународната Заедница. Веднаш по излегувањето, букварот бил запленет и беа сопрени мерките за отворање на малцински училишта за македонските деца во Егејска Македонија. Користејќи го антагонизмот на балканските држави околу македонското прашање, со примена на секаков вид на притисок и терор, Грција продолжила со својата денационализаторска и асимилаторска политика кон Македонците во Грција.

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top