Коментари

11 октомври и автономистот Методија Андонов-Ченто

tihomir-karanfilov-2

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

„Методија Андонов-Ченто, по занимање крчмар, во минатото бил познат како автономист, мошне борбена натура, и земал учество во македонските борби, кои често ги водел заедно со комунистите, поради што бил обележен од српската полиција како комунист, сега дава изглед дека е приопштен кон бугарската држава, но се` уште не може наполно да му се верува“ – пишува во својот извештај од 28 јуни 1941 година обласниот полициски началник во Битола до директорот на бугарската полиција.

Во Втората Светска Војна бугарските власти кои својата армија ја ставија во служба на Третиот Рајх, по германската окупација на Југославија и Грција, во Македонија и Поморавјето ја испрати Петтата армија, од три дивизии. Подоцна таа е засилена со уште една дивизија, а беа доведени уште две гранични бригади и посебни единици за обезбедување на патиштата и разни индустриски и други објекти. Во источниот дел од Егејскиот дел на Македонија, бугарската влада го испратила Вториот корпус, од три дивизии.

По воената окупација, во Македонија пристигна и посебно подготвен полициски апарат, кој во Вардарскиот дел на Македонија беше организиран во две обласни полициски управи (Скопје и Битола), три градски полициски команди (Скопје, Битола и Прилеп) и 21 околиска полициска управа. Окупацијата на Македонија бугарската влада ја прикажуваше како природно проширување и преземање на „свои национални територии“ и таа со декрет изврши промена на националноста, од македонска во бугарска.

Меѓутоа, соочени со отпорот на македонскиот народ од првиот ден на окупацијата, поедини пратеници бараа од бугарското Народно собрание да се преземат мерки против манифестирањето на македонската национална припадност. Од Бугарија за таа цел беше доведен раководен кадар и најголемиот дел од службениците, кои беа главна потпора на бугарските власти во Македонија. Истовремено за борба против јасно изразена македонска национална свест, бугарските власти создадоа голем пропаганден апарат, кој требаше да има посебна улога во денационализацијата.

Бугарските власти започна да ја спроведуваат својата денационализаторска политика со формирање на широка мрежа на културно-просветни институции, организации и друштва, каде посебно внимание му се даваше на изучувањето на бугарскиот јазик. Под силен притисок беше изложена не само македонската младина, туку и возрасните. Учењето на бугарскиот јазик за бугарските власти беше акутно прашање, бидејќи беше очигледно дека во Македонија имаат работа не со бугарски, туку со посебен македонски народ.

Во текот на овој процес, учителите, свештениците и другите културно-просветни работници, беа задолжени да даваат известувања за расположението на народот, за влијанието на комунистите и за тоа како гледа тој на бугарската власт. Така културно-просветните кадри стануваа дел од административниот и полицискиот апарат.

Во извештајот од 28 јуни 1941 година доставен до директорот на бугарската полиција, обласниот полициски началник во Битола во дел од документот известува и за отпорот што се давал при формирањето на читалиштата во Македонија. Во него тој ќе забележи:

„ …На собранието за обновување на читалиштето „Надежда“, кое се одржа на 9 овој месец во 10 часот изутрината во салата на кино „Балкан“ во град Прилеп, поактивните комунистички елементи спроведоа една организирана акција со цел да го преземат раководството на Читалиштето. Така, откако претседателот на собранието предложи една претходно изготвена листа во која влегуваа лица од разни средини и подобри граѓани, со молчење на присутните таа не беше примена од собранието. Сфаќајќи го тоа, претседателот на собранието предложи да бидат посочени и други лица кои со готовност би се зафатиле да работат, со кои би се дополнил составот на раководството. Тој предлог на претседавачот беше даден со желба да му се помогне на Читалиштето, но, неочекувано од никого, беше искористено од комунистите, кои, на даден знак, од различни страни започнаа да предлагаат свои приврзаници за членови на раководството. При тоа, споменувањето на имињата беше пречекувано со бурни ракоплескања.

Прв беше предложен Љубен Лапе, гимназиски професор по историја, осведочен комунист, кој во минатото бил духовен раководител на работничката организација „Абрашевиќ“, потоа беа предложени лицата: Никола Попоски, Вера Ацева, Трајко Бошкоски, и Рампо Левков, адвокат, сите осведочени и активни комунисти во минатото; Методија Андонов-Ченто, по занимање крчмар, во минатото бил познат како автономист, мошне борбена натура, и земал учество во македонските борби, кои често ги водел заедно со комунистите, поради кое бил обележен од српската полиција како комунист, сега дава изглед дека е приопштен кон бугарската држава, но се` уште не може наполно да му се верува; и Сотир Сугарев, кој не е со сосема определени политички погледи на светот, но во секој случај е со прогресивни разбирања.

По изборот на раководството, осведочениот и активен комунистички функционер Борислав Петров Талески, студент по медицина, даде предлог да биде изменето името на Читалиштето од „Надежда“ во „Гоце Делчев“ и тој негов предлог беше пречекан со бурни ракоплескања, меѓутоа претседавачот вешто го отфрлил.

Следниот ден, избраното раководство се конституирало. Таму избраните комунистички приврзаници пројавиле голема дрскост, настојувајќи одговорните места да бидат заземени од нив, бидејќи тие биле избрани од собранието со апсолутно мнозинство. Тоа предизвикало големи расправии и стана причина да се замешаат господинот полковник Маринов и господин Срамов, кои биле присутни. Се дошло до компромисно решение, при кое се конституирале како што следува:

1. претседател: Методија Андонов-Ченто; 2. потпретседател: Методи Најчев, адвокат; 3. I секретар: Љубен Лапе, професор-комунист; 4. II секретар: Благоја Стојанов; 5. касиер: Георги Тромпев; 6. библиотекар: Никола Попов – комунист; 7. II библиотекар: Сотир Сугарев, предложен од комунистите; 8. домаќин: Димитар Стојанов – непроучен. Членови: 9. советник: Георги Дамев; 10. Д-р Методи Тројачанов; 11. Харалампи Ачев; 12. Нада Зографска; 13. Панче Н. Здравев; 14. Харалампи Перов. Контролна комисија: 15. Рампо Левков, комунист; 16. Вера Ацева, комунистка; 17. Д-р Никола X. Здравев; 18. Петар Спасов“.

(ис вор: „Документи“ Том II, Скопје, 1981, стр. 300 – 301; Архив Војно-историјског института – Београд-(Натаму: А VII) – Обласна полицијска управа, Битољ 1941 г.)

Од документот е видливо дека сите прогресевни лица со изразена македонска национална свест, биле окарактеризирани како комунисти. Сепак ова е само дел од разните форми на отпор на македонскиот народ против окупаторските власти. Македонскиот народ се спротивставувал на разни начини: од неизвршувањето на разни наредби, до криење на храната, потоа барања за поголеми работнички плати, па протести против употребата на бугарскиот јазик, па се` до демонстрации против бугарската окупација (Струмица 22. IV 1941), саботажи, диверзии и на крај и вооружена борба.

Вооружениот отпор на македонскиот народ против окупаторските војски го најавија диверзанстките групи уште во јуни 1941 година при уништувањето на германски авиони на аеродромот во Скопје, потоа диверзијата на рудникот Радуша за земање експлозив во август, како и судир кај тунелот Богомила  во септември 1941 година.

По обемните политички и воени подготовки при крајот на август 1941 година од диверзанстките групи беше формиран и Скопскиот партизански одред, потоа Прилепскиот во средината на септември 1941 година и Кумановскиот на 12 октомври 1941. Овие одреди ја означуваат новата фаза на вооружената антифашистичка борба на македонскиот народ.

Токму во Прилеп, во градот на автонимистот Методија Андонов-Ченто, каде прогресивните сили континуирано даваа отпор на денационализаторската политика на окупаторските власти, со воена акција на Прилепскиот партизански одред, извршена на 11 октомври 1941 година, македонскиот народ гласно го најави жестокиот вооружен отпор и борба за нацинално ослободување. На овој ден беше извршен напад на бугарскиот полициски участок во Прилеп, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп. По оваа акција Прилепскиот и Скопскиот партизански одред ги продолжија дејствата против бугарската полиција и војска, а Кумановскиот партизански одред во судир со бугарската полиција и војска беше разбиен при самата негова појава.

Денес, Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ е државен празник кој се прославува во Република Македонија на 11 октомври. Овој ден ја одбележува годишнината на вооружената акција на Прилепскиот партизански одред на 11 октомври 1941 година во Прилеп, градот на Методија Андонов-Ченто првиот претседател на Президиумот на АСНОМ или како што често се именува првиот претседател на Македонија.

По овој повод Прилеп како востанички град на 9 мај 1975 година, во тогашна Југославија, бил прогласен за град херој и одликуван со Орден на народен херој.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top