Среда, 09 Октомври 2013   
Доста е, дајте да дишеме!!!

svekrva3
Свекрва

Миланскиот едикт, извор од кој произлегува верската слобода

Централната манифестација на одбележувањето на 1.700 години од донесувањето на Миланскиот едикт (313 - 2013) се одржа во Ниш, во градот во кој е роден римскиот император Константин I Велики, кој го потпишал најзначајниот документ за христијанството. На манифестацијата на која присуствуваа поглавари и највисоки достоинственици и претставници на православните цркви, потоа на Високата делегација на Ватикан и претставници на римокатоличките цркви во регионот, како и претставници на реформаторските цркви и други бројни различни христијански организации од Европа и светот, не присуствуваше ниту еден претставник на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

Сигурно и самиот римски император Константин I Велики, човекот кој го потпиша Миланскиот едикт со кој била прогласена верска рамноправност во империјата и ставено крај на верското прогонство, би се срамел од постапката на своите сограѓани и Српската православна црква, кои поради политички причини и интереси на повеќе држави, не ја поканија МПЦ – ОА, најстарата Апостолска - христијанска црква не само на Балканот, туку и во Европа.

Срамот е уште поголем ако се знае дека одлуката на СПЦ да не ја покани МПЦ – ОА нема никаква врска со христијанското учење кое тежнее кон Бога и е извор на единство на луѓето, а не извор на недоразбирања, ниту поделби. Како што порача Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Миланскиот едикт претставува извор од кој произлегува и начелото на верската слобода во целиот свет“. Меѓутоа, токму истите, вселенскиот патријарх и поглаварот на СПЦ, кои славеа 17 века од Миланскиот едикт, истовремено ја оспорија верската слобода на македонскиот народ  со непризнавањето на МПЦ – ОА.

Во својата беседа после Светата архиерејска литургија, потсетувајќи на прогоните на христијаните, Вартоломеј напоменува дека и денес се случуваат прогони на христијаните во Нигерија, Египет, Сирија, Ирак и на други места. Во тој контекс тој исто така го споменува страдањето на „охридскиот брат Јован“, што е недостојно за еден верски поглавар на православието, да не е запознат со верската слобода во Македонија. Вартоломеј како божји човек не смее да си дозволи, без разлика кој го плаќа, своите информации да ги темели само врз извештаите на СПЦ или ГПЦ. Пред да даде било каква изјава тој може слободно да дојде во Македонија и да се запознае со состојбата на христијанското население во Македонија и МПЦ – ОА, но и да се запознае со „прогонот на Јован“, дали е од верски, политички или криминални причини.

Ваквите изјави во кои се вели дека македонската црква е антихристијанска и псевдо-црковна организација, се резултат на напуштени божји патеки и застарени идеологии. Тие делуваат спротивно на волјата на Бога за единство меѓу луѓето и прогресивно ги раздвојуваат. Тогаш тие стануваат извор на проблеми, брат со брат да си вади очи и оставаат простор да се радуваат следбениците на пророкот.

Така во минатото падна Балканот, така падна Константинопол, така денес паѓаат христијанските бастиони во Азија и Африка. Денес ги прогонуваат христијаните во Сирија, Египет, Нигерија и на други места, а утре прогонот ќе биде и во Европа. Во едно плурално општество и во ерата на глобализацијата, само верската слобода, толеранцијата и единството е гаранција за мир и за достигнување на нови цивилизациски вредности.

„Отсуството на МПЦ – ОА од настаните посветени на 1.700 години од Миланскиот едикт што се одржа на 6 октомври во Србија е на товар на совеста на православието и православните цркви“, но и покрај тоа, како што вели поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан, „фактите говорат дека Македонската Православна Црква постоела и ќе постои“.

Охридска архиепископија возобновена во лицето на МПЦ –ОА, во текот на историјата имала свои подеми и падови, исчезнувала и повторно се појавувала на историската сцена. Но без разлика на политчките интереси и интриги, таа опстојувала, зошто таа е апостолска црква. Охридската архиепископија како вековна црква била мајка на повеќе цркви од нашето опкружување, така да сосема е јасно зошто таа денес не е прифатена од нив.

Меѓутоа, загрижува фактот што токму во црквите и денес се негува нацинализмот.

Според македонските црковни великодостојници, помесните цркви треба да бидат загрижени за оваа појава која покажува дека нешто не е во ред со православието. Токму овој тврд црковен нацинализам претставува најголема пречка за обединување на православните народи, но и православието да биде прва христијанска вера во светот.

Отсуство на МПЦ – ОА од прославата по повод 1.700 години од Миланскиот едикт е само одраз на националистичките политики кои одамна се водат и кои не го признаваат македонскиот народ. Познавајќи ги традиционално добрите односи на Грција и Србија кога се во прашање нивната опсесија и интереси во Македонија, сосема е јасна и нивната црковна политика кон Македонија. Оттука архиепископот г.г. Стефан вели дека: „Проблемите во православната црква ќе бидат надминати во тој момент кога ќе се надмине спорот што го има Грција со името на Македонија“.

На прославата по повод 1.700 години од Миланскиот едикт беше присутен и државниот врв на Србија. Претседателот Томислав Николич и премиерот Ивица Дачич во присуство на присутните патријарси и архиепископи се поклонија на реликвиите во црквата Св. Константин и Елена, меѓутоа, тие ништо не направија да овозможат присуство на МПЦ – ОА на овој голем собор на христијаскиот свет.

Времето покажа дека иницијативите на српскиот претседател Николич за враќање на преговарачка маса на СПЦ и МПЦ – ОА биле само обичен политичко-маркетиншки трик, кој му овозможи меѓу другото по повод 100 години од Кумановската битка на собирот во Зебрењак, Кумановско, да донесе за првпат без одобрение на МПЦ-ОА, владика на СПЦ за да изврши панихида. Тогаш Србите ја остварија целта, а сега ниту со прст не мрднаа да овозможат не само средбите на двете цркви, туку и присуство на претставници на МПЦ на прославата во Ниш.

Оттука, некако празно делуваат зборовите на вселенскиот патријарх Вартоломеј дека:

„Невозможно е во пракса да се применат начелата  на Миланскиот едикт ако не се води конструктивен дијалог... Во денешниот меѓусобно поделен свет, кој и покрај својата поделеност се обидува да најде излез по пат на мирен дијалог и помирување... Не е дозволен верски фанатизам кој во минатото нанесе големо зло, но го нанесува и денес... Постојат мирни начини на решавање на меѓучовечките разлики и тие кои тврдат спротивно да ја изразуваат правата Божја воља“.

СПЦ ниту изразува воља за рамноправен дијалог и помирување, што е спротивно на Божјата волја и волјата на српскиот и македонскиот народ, туку континуирано ги попречува активностите кои водат кон тоа. Не само што МПЦ-ОА не беше поканета на прославата на 1.700 години од Миланскиот едикт, туку секоја година на 2 август го попречува и чествувањето на Првото заседание на АСНОМ одржано во манастирот „Св. Прохор Пчински“, кој денес се наоѓа на територијата на Србија.

Така не се градат добрососедските односи и не се спроведува божјата волја, туку се врши прогон на македонските православни христијани.

Доста е од „нашите браќа по вера!

  1. Македонија е Библиска земја со Апостолска Црква,
  2. Охридска архиепископија возобновена во лицето на МПЦ –ОА, во текот на историјата имала свои подеми и падови, исчезнувала и повторно се појавувала на историската сцена,
  3. Античките Македонци се нашите предци по генеза, од Македон, Каран, Филип таткото на Александар Македонски, Светите Климент, Наум, Самоил, Гоце, Александров, Ченто....
  4. Ние сме нивни наследници.
  5. Славјаните дошле од зад или пред Карпатите (нека се докаже ако навистина дошле) на територијата каде живееле нашите предци, Македонци.
  6. Дошле и многу други освојувачи и си заминале, или се асимилирале.
  7. Македонците останале до ден денешен и ќе останат засекогаш на овие простори.
  8. Ние сме Македонци, ако сме поделени, имаме една софра, имаме едно сонце, и едно срце македонско.
ДОСТА Е, ДАЈТЕ ДА ДИШЕМЕ !!!
 

На прво место

News image

Не отворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. ...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Култура и туризам

News image

Црско (Мало и Големо)

Од сите легенди и преданија за настанокот на селото и неговото име што се задржале во колективното п...

Фељтон

News image

Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ И ПРИЗНАТ ХИРУРГ (1)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II.

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.