Среда, 23 Октомври 2013   
Отварањето на македонска партија би ја демантирало нашата историја

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

Белградска „Политика“ од 01.08.1923 година.

Отварањето на македонска партија би ја демантирало нашата историја, би ја срушило државната идеологија, би ја помрачило иднината на нашите напори за излегување на Солун и Варна – пишува М. Јелич во својата статија „Македонска партија“ објавена во белградска „Политика“ од 01.08.1923 година.

Во рамките на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците за изборите за Уставотворната скупштина во ноември 1920 година, во Македонија свои кандидатски листи истакнаа Радикалната, Демократската и Комунистичката партија, Муслиманската организација „Џемиет“, Републиканската партија и Демократската муслимансла лига.

Републиканската и Демократската партија лицемерно изјавуваа дека се согласуваат да и` се даде автономија на Македонија. Дури демократите стапија во контакт со македонската емиграција со која преговараа за нивно враќање од Бугарија во Македонија, за вработување на интелектуалците и за толерирање на месниот дијалект за локална употреба.

И покрај масовниот терор на воениот-полициски апарат за време на изборната кампања, придружен со разни малверзации, најголем број гласови добија КПЈ, потоа Демократската партија, па Џемиетот и Радикалната. Уплашени од масовните штрајкови кои ги припремаше КПЈ истата беше забранета со Обзнаната во ноќта меѓу 29 и 30 декември 1920 година.

Симнувањето на КП од јавната политичка сцена по Обзнаната, помогна српските граѓански партии да ја претворат Македонија во свој политички забел. Антирежимски настроените Македонци се ориентираа особено кон Демократската партија, која беше долго време во опозиција. Сепак, се` до донесувањето на Видовденскиот устав на 28 јуни 1921 година, беа давани предлози и барања за Македонија да добие покраинска самоуправа. Непосредно пред донесувањето на Уставот, Марко Цемовиќ побара формирање на покраинска влада за Македонија, односно таа да стане автономна покраина на кралството на СХС. Ваквото барање  предизвика жесток отпор меѓу Радикалите и други поддржувачи на унитаристичкото уредување.

Ваквиот став предизвикува група македонски интелектуалци и граѓански политичари за основање легална партија која требало да работи за сплотување на политичките елементи за остварување сигурност и рамноправност на граѓаните и за подобрување на стопанскиот и културниот живот во Македонија, како и за федеративно преуредување на државата. Власта оневозможи да се создаде легална македонска политичка партија.

Раководствата на најголемите српски граѓански партии бескрупулозно ги наметнуваа своите кандидати во Македонија. Главните граѓански партии што дејствуваа во Македонија - на радикалите, на демократите и „Џемиетот“ - на пратеничките избори што се одржаа на 18 март 1923 година за кандидати истакнаа помалку Македонци, и тоа главно како заменици.

Сепак четворица иницијатори за формирање на Македонска партија успејаа да бидат избрани за пратеници во Народното собрание на кралството СХС, во кое фигурираа како одделна парламентарна група и понекогаш истапуваа заедно со некои пратеници од Црна Гора и Босна и Херцеговина, здружени во пратеничкиот „клуб на неутралните“.

Во статијата „Македонска партија“ објавена во белградска „Политика“ од 01.08.1923 година, авторот Милосав Јелич пишува за обидот на Глигор Анастасиевич и неговите приврзаници да формираат нова македонска партија. Искажувајќи го стравот на Србите од формирање на македонска партија, тој во својата статија со заканувачки тон се обраќа до сите оние кои ќе се обидат да ја спроведат оваа идеја. Во својот текст тој меѓу другото вели:

„Белград покажа како дава само кога го уценуваат. Сите го уценуваат, па зошто тоа да не го направат и Македонците.

Демократската партија исто така има важна улога за определување за ова движење на југ. Неа, Ј. Србија и даде 24 пратеници кои биле почастени со правото да гласаат за сите владини предлози; а да не добијат ни еден километар железница. Тоа се резервирани за Хрватите и Словенците. Пратениците од југ можеа по кључ 9:7 да добијат по некој полициски чиновник. За министерска фотеља не можело ни да се сонува, а за изведување на некаков програм ни да се замисли. Уште повеќе тие не биле ниту консултирани за многубројни прашања за кои имаа суверено право на компетенција...

Практичниот дух на оснивачите на македонската партија не го губи од вид ни слабиот изглед за брзо враќање на демократите на власт. Радикалите кои секогаш зад себе имаат 50% од власта со устав загарантирани, а за другата половина се борат со познати методи, ги сметаат демократите за свои главни противници. Против нив се мобилизира и сета законска сила и сета полициска војска. И тогаш, во време кога прогласите на радикалните бирачи се носат на корекција кај големите жупани, а истакнувањето само на демократската листа на општинските избори се смета оправдано за многу погубно во македонските села – нема голема надеж за успешност под тоа знаме. Подобро е да бидеш во една група „а ла џемиет“ и во погоден момент да го свртиш вниманието на своето присуство. А нелогично би било да се прогонуваат членовите на една регионална партија кога такви прогони нема кон други такви исти партии во кралството. Наместо тоа, се` по очигледно е дека баш радикалите ќе го фаворизираат покретот само затоа што тоа значи слабеење на демократите.

Тоа што позитивно оди во прилог на г. Глигор Анастасиевич, кој многу смело ја презеде улогата на идеолог на новата партија е: сиромаштијата, јавната безбедност, аграрниот хаос и корупцијата во Јужна Србија. Зошто навистина нема понеморална коалиција од таа со џемиетот. Враќањето на ослободените краеви во предвоената состојба, давањето на беговите политичко влијание, правењето на агите сајбии, бркањето на христијанските чивчии од имотот, отварањето на џамии кои во турско време биле магацини, тоа во најмала рака е антисловенска политика во часот кога званичниот турски национализам ја запоседна Марица. Вака оваа работа изгледа набљудувано низ призмата на христијаните во Ј. Србија...

Г. Анастасиевич може посебно среќно да оперира во агитацијата против сите досегашни режими  со несреќната јавна безбедност, со нерешените аграрни односи и корупција, со појави кои доволно ги популаризирале дневните весници. И тука нема да се најде човек кој би го демантирал.

Меѓутоа и покрај сето тоа формирањето на македонската партија не може да ја издржи критиката. Тоа е просто национален злочин.

Иако г.г. поп Трајко Арсич и Чичевиќ, соработниците на Анастасиевич во оваа политичка екскурзија, се луѓе кои се така национално формирани да не трпат критики, нив лесно може да им се случи некоја голема незгода. Сакајќи да и` помогнат на својата родена област тие ќе се најдат очи во очи со едно илегално движење, кое го помага соседна Бугарија морално и материјално. И ќе мораат да завземат одреден став према него. Ако само симпатично го погледаат ќе дојдат како Срби до таа аномалија да послужат за легализирање на борбата на Тодор Александров. Доколку му се спротивстават тоа би била политичка герила. ...Не треба да се одвојува од националниот фронт.

Отварањето на македонска партија би ја демантирале нашата историја, би ја срушила државната идеологија, би ја помрачиле иднината на нашите напори за излегување на Солун и Варна. Таму не може да се стигне преку сепаратистички движења, туку преку југословенство... Македонските сепаратисти се најдоа меѓу два фронта, српски и  бугарски, или подобро кажано пред осилениот југословенски фронт.

Меѓутоа денес совеста се затемнела, па паѓаат тешки зборови од македонската, црногорската и уште не знам која друга партија. Се зборува и за ампутација на болните делови, па луѓето губат рамнотежа. Како тука да е потребна посебна памет за да повторно останеме на железничката пруга Белград – Ристовац. И да ја спроведеме ампутацијата во смисла на Голема Србија, каква политика после тоа би воделе. Повторно југословенска. Нема за нас друга политика. А ако таа политика не успее и мораме да војуваме со Хрватите, тогаш подобро е тоа да го направиме додека сме се` уште во една куќа за да не ни се мешаат соседите.

Пратениците патриоти од југот се должни да бараат лек за тешката состојба во Ј. Србија. Ако за тоа мислат дека им треба власт нека се обратат кај своите другари во радикалниот клуб, кои и покрај кобното присуство на џемиетот, мораат еден ден да го кренат гласот во одбрана на народниот интерес. Ако сметаат дека треба да поведат остра опозиција, тогаш тоа нека го направат како членови на челните опозициски партии. Сепаратизмот никогаш не бил лек. Тој му штетел на државната идеја и затоа Караѓорѓе го остранувал со пиштол лично, Милош наредувал тоа да го направат Паштрмац или Штитарац, а Вук Танаскович целата работа ја завршува со камата.

Среќа е сепак што неодамнешното коминике на демократскиот пратенички клуб ја дементира веста за македонската партија. Чесно би било кога во него овој случај би бил окфалификуван како моментална слабост на патот за добро на широките народни маси“.

Стравот од сепаратизмот на Македонците беше огромен кај Србите. Тие за „воведување ред и мир“ во Македонија, каде делуваа четите на Тодор Александров, ангажираа околу 35.000 лица (војници, граничари, жандарми, четници итн.), а преку 70 проценти од бројниот состав на југословенската жандармерија (12.000 од вкупно 17.000 жандарми) беа распоредени и употребувани за „пацификација“ на Македонија. Истовремено на четничкиот војвода Коста Пеќанац, кој беше поставен на чело на воено-четничка организација му беа дадени неограничени овластувања.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.