Среда, 13 Ноември 2013   
МПЦ Охридска Архиепископија

trajce-trajkovski
Трајче Т.Трајковски, Перт, Австралија

Трајче Т. Трајковски

МПЦ има долга традиција. За време на владеењето на царот Јустинијан I (527-565), кој потекнувал од с. Таврисион, близу до денешното Скопје, бил изграден нов град наречен Јустинијана Прима, во близината на родното место на царот.

Скупскиот митрополит бил издигнат на ниво на автокефален Архиепископ.

Кателијан бил првиот Архиепископ на Архиепископијата Јустинијана Прима. Имало и други архиепископи, како што се: Бененат, Павле, Јован I, Леон, и последниот - Јован IX, кој во 680-681 година учествувал на Трулскиот Собор во Цариград.

Потоа, таа црковна традиција ја наследува Св. Климент, како прв македонски епископ, воопшто во светот (Извор: МПЦ). Според пишаните документи од средовековна Македонија, Житија, итн. средновековните Македонци како духовни лидери ги спомнуваат Деволските (охридските) Епископи, а Цариградскиот или Преславскиот Патријарх никогаш не се спомнати и целосно се игнорирани, што јасно укажува дека сме имале црковна автономија во тој временски период. Цар Самоил ја издигнува Светиклиментовата Црква на ниво на Патријаршија, најверојатно 976 г. Прв Патријарх е гг. Герман, чие патријаршко име е врежано во царската катедрала Св. Ахил, на Голем Град (Standard News, Sofia, 03.09.2001, наслов: „В църквата има списък на епископствата“). За меѓународно признавање на новото царство и патријаршијата, потребно е благослов од центрите на христијантвото-Цариград или Рим. Цариград не ја признава Самоиловата држава, па затоа тоа го прави Папата Гргур Петти во година која не е точно утврдена (997-999 г.). Самоил ја зграбил круната од Рим (Extract from the book "Rulers of Bulgaria", Profesor Milcho Lalkov, Ph.D., Kibea Publishing Company, Sofia, Bulgaria).

Но, бугарската историографија Рим го преведува со Византија, иако Рим значи Рим, а Византија се викала Романија (гр.) или Грција (лат.)!

Создавањето на посебна црква во Македонија е најголем доказ за постоење на ново Царство, на македонската држава. Во исто време постојат две цркви, Македонска и Бугарска, со два посебни Патријарси. Два народа, имаат две посебни Цркви. Македонскиот Патријарх во 998 г. е гг. Герман (Standard News, Sofia, 03.09.2001, наслов: „В църквата има списък на епископствата“), а на бугарскиот патријаршки преславски трон седи гг. Глигориј (Църковен Вестник, Издание на Българската Праvославна Църква, Година 103, брой 9 и 10, София, 1-30 май 2003, naslov “Българските патриарси през Средновековието” Александра

КАРАМИХАЛЕВА). Под јуриздикција на Охридската Патријаршија се наоѓаат и делови од Бугарија, т.е. шопскиот крај и смолјанскиот. Во се уште непознат временски период, Цар Самоил ја уништува бугарската патријаршија, ја сведува на ниво на Митрополија Бугарија, па Патријархот гг. Глигориј се упокојува во 1016 г. како „Митрополит Бугарски“, и како таков се слави од БПЦ (види православен календар на Бугарската Православна Црква). По укинувањето на Преславската Патријаршија, Охридската Патријаршија својата јуриздикција ја распостила врз сите освоени територии на средновековната македонска држава, Малта и се` до Сицилија.

По пропаста на средновековната македонска држава, Василиј Втори Македонецот, ја инкорпорира Македонија во Византиската Империја, ги руши световните и духовните обележја на средновековната македонска држава за народот да не се сеќава на славните времиња и затоа Македонија ја нарекува тема Бугарија, заедно со Србија, Албанија, Црна Гора, Панонија до Срем. Охридската Патријаршија не ја уништува, туку и` го намалува рангот на автокефална Охридска Архиепископија и дијацезата им ја намалува само на териториите од византиската тема Бугарија.

Така, Охридска Архиепископија станува главна црковна организација на „цела тема Бугарија“, односно на Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија. Од тогаш, Охридскиот Архиепископ се титулирал како Архиепископ на цела византиска тема Бугарија, со епархии во Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија. За жал, бугарските историчари многу добро се запознати дека Охридската Архиепископија е со дијацеза на „цела тема Бугарија“, а не на држава Бугарија, бидејќи во Византија постоеше само една Бугарија, а тоа е темата Бугарија-военоадминистративна област. За да се докаже „бугарски“ карактер на Охридската Архиепископија, бугарската историографија лажно тврди дека последен Бугарски Патријарх е гг. Дамјан, кој во 971 г. отишол во Охрид и таму ја продолжил традицијата на Бугарската Црква т.е. ја пренел Бугарската Црква во Охрид. Но, тоа е една голема лага! Бугарскиот Патријарх гг. Дамјан никогаш не станпнал во Македонија и не дошол во Охрид, останал целиот свој живот во Силистра, кај своите туркобугари и таму починал. Гробот на Патријархот гг. Дамјан во 1994 г. е откриен на Силистра (североисточна Бугарија, 1000км оддалечен од Охрид) од страна на доц. др. Стефка Ангелова, дипл. археолог (Standard News, Sofia, ден 21.08.2001, наслов: „Археолози отвориха гроба на патриарх Дамян“, интервју со археолог доц. др. Стефка Ангелова). Посмешен е фактот, што и покрај ваквиот најуверлив доказ дека гг. Дамјан никогаш не стапнал во Македонија, бугарската историографија упорно пропагира дека баш тој ја основал Охридската Патријаршија, секако како Бугарска Црква. Не само тоа, туку според сите историски документи гг. Дамјан не бил последен Бугарски Патријарх од Силистра; после него го имаат туркобугарите за Бугарски Патријарх гг. Глигориј (Църковен Вестник, Издание на Българската Праvославна Църква, Година 103, брой 9 и 10, София, 1-30 май 2003, наслов: “Българските патриарси през Средновековието” Александра КАРАМИХАЛЕВА), кој паралелно постои за време на Македонскиот Патријарх Герман од 998 г. (Standard News, Sofia, 03.09.2001, наслов: „В църквата има списък на епископствата“). Не е можно една држава да има два Патријарси и две посебни национални Цркви, па, поради ова, бугарската историографија е контрадикторна сама на себе. Бугарскиот Патријарх гг. Глигориј е упокоен како „Митрополит на Бугарија“, а неговата Бугарска Црква е ставена под јуриздикција на Охридската Патријаршија, за време на владеењето на Цар Самоил (види православен календар на Бугарската Православна Црква).

Штом средновековната македонска држава ја снижила Бугарската Патријаршија на ниво на Митрополија Бугарска, сосема логично е дека државата на Самоил не се викала Бугарија, бидејќи Бугарија била само негова провинција. Територијата на вистинска Бугарија потпаѓа под јуриздикција на Цариградската Патријаршија, освен неколкуте епархии во шопскиот и смолјанскиот крај, кои останале под јуриздикција на Охридската Архиепископија. Денеска, бугарските историчари не` прават недоветни и велат дека Охридската Архиепископија била официјална црква на цела Бугарија; вистината е далеку од тоа, таа била официјална црква само на темата Бугарија (Македонија, дел од Србија, Албанија), но не и на права Бугарија, која ја владеел константинополскиот патријарх. Ако се разгледа тврдењето на бугарските историчари, тие се сами толку контрадикторни, па индиректно тврдат оти денешна Бугарија, т.е. права Бугарија никогаш не била Бугарија, штом средновековна Бугарија ја поистоветуваат со византиската тема Бугарија, во чиј состав влегувале само најзападните делови на денешна Бугарија.

Македонија од 1018 г. до средината на 12 век, главно е под Византиска Власт, за да кон средината на 13 век потпадне под власта на второто Бугарско Царство, кое всушност немало никаков бугарски елемент. Таа држава, ја создаваат Власите од северна Бугарија, па за да создат нова држава морале да се повикаат на традиција на некое претходно Царство што постоело на нивна територија, а тоа билo бугарското. Така, се создала во 12 век бугарска држава на Власите, а првиот император Иван Асан (по потекло куман-влав) се декларирал себе си како: „Император на Власите и Куманите„, „Имепратор на Власите и најголемиот дел на Бугарите“, „Император на Власите“ [History of the Byzantine Empire, A.A. Vasiliev, University of Wisconsin Press, 1964, p.442]. Во 1197 г. Влавот Калојан, Цар во второто бугарско царство, ги одзема неколкуте епархии на Охридската Архиепископија во Бугарија, и од нив, заедно со повеќебројните епарахии одземени од Цариградската Патријаршија, со помош на папата Инокентиј Трети формира нова бугарска црква (Църковен Вестник, Издание на Българската Праvославна Църква, Година 103, брой 9 и 10, София, 1-30 май 2003, наслов “Българските патриарси през Средновековието” Александра КАРАМИХАЛЕВА ).

Охридската Архиепископија во 1197 г. била се’ уште дел од Византија, која била поделена на военоадминистративни области-теми, па Охридската Архиепископија останала да биде Црква на цела тема Бугарија, а додека државата Бугарија имала своја посебна автокефална државна Црква. Со ова, многу лесно се демантира бугарската историографија дека Охридската Архиепископија е бугарска црква, бидејќи не е можно да постојат две национални цркви во исто време. Во православните држави, постои само една национална црква, па така имаме само една Бугарска Православна Црква, една Српска, една Грчка Православна Црква итн. По обновувањето на Бугарската Православна Црква, бугарскиот Патријарх се нарекува Патријарх на цела Бугарија и Влахија (“totius Bulgariae et Blachiae Primas” (The Vlach Connection and Further Reflections on Roman History, Kelley L. Ross, Ph.D., Department of Philosophy, Los Angeles Valley College, Van Nuys, California). Сево ова, пак иде во прилог дека Охридската Архиепископија била официјална црква само на темата Бугарија, додека официјална црква во вистинска права Бугарија е онаа на кумано-власите, и пак ќе повторам: невозможно да има ДВА патријарха на Бугарија!

 

На прво место

News image

Не отворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. ...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Култура и туризам

News image

Црско (Мало и Големо)

Од сите легенди и преданија за настанокот на селото и неговото име што се задржале во колективното п...

Фељтон

News image

Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ И ПРИЗНАТ ХИРУРГ (1)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II.

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.