Среда, 25 Декември 2013   
Среќна Нова 2014 година Европо!

ljupka-cipuseva-3
Љупка Ципушева

,, . . . .   Дух има само она живо суштество кое е способно за совршена објективност,,

Посакувам оваа јавна, отворена , искрена и лубезна честитка , по повод новата 2014 год, да ја затече Европа во добро здравје и економска благосостојба.

Ние, народите на Балканот, ја живееме Европската Ера, која заслужува голема почит и респект, респект кон се`   што Европа направи , или дозволи да се направи на Балканските народи во напредниот ни трет милениум.

Посебна благодарност Европа мора да добие од Македонија, поточно од македонскиот народ, заради големата нејзина упорност, ете, Македонија, а и народот нејзин да си го сменат името.

Секоја новогодишна честитка ,пропратена е со текст преку кој се искажуваат силни чувства , желби и голема љубов – така останало, и заради тоа што така останало – оваа честитка ќе има малку историска содржина.

Ако, Римската Ера била ера на војни и пљачкосувања, пропратена со гладови и болести, ако римјаните за партнер си ги имале грците, ако грците тогаш си се нарекувале ,,Ромејци,, и поносни од новото име бездушно им помагале на Римјаните да опустошат, уништат се` што Македонија и македонскиот народ создале со векови, а и успеале во тоа, да ги изгорат, ограбат, присвојат фактите и вистините, ако сево ова е историја и познати извршени недела во таа Римска Ера, тогаш, зошто оваа денешна Европска Ера, пак за партнер си ги има грците- кои одново во оваа ера, Европска ера, сакаат да си го менат името, сега сакаат  ,,македонци,, да бидат,  за кое нешто Европа силно им помага во намерата.

Европо, нема, не постои историски факт, преточен во било каква форма, од најстарите папируси, до современите дела во кои Грците не се опишани како зол народ кој сее лаги, кој краде туѓи дела и истории, кој искривува вистини, кој го менува своето име како што ќе му  текне и кој чекори секогаш низ времето во една црна безнадежност.

Во одредени времиња, добро познати, вакви влијанија  и партнерства биле сосема несвесни, како што била француската револуционерна идеологиа, романтизмот, панславинизмот, социјализмот, комунизмот, влијанија лансирани од надвор за да ефектуираат во градењето на судбината на човештвото – и сите испреплетени како невидлив конец низ историјата на Македонија.

Ваквите историски состојби, наметнуваат засилени и крупни промени кои националниот карактер го менуваат во сосема друг правец или го доведуваат до целосно исчезнување и, како ова да се свати,  од одредени држави, ете,  како опсесија или како несвесвеснот?

Една битна опомена на Европската цивилизација, во оваа нејзина ера , нема да и биде на одмет, a  и предупредување дека, величењето на нешто вештачко значи себе негирање.

Балканскиот крстозбор никако да се реши, етносите во него минувале низ многу фази, се губеле , претопувале или исчезнувале, а зад себе останувал само просторот нивни- северно и западно јужно и источно,  географски простор кој бил именуван по исчезнатите етноси.

Илирите исчезнале,  потоа Бригите, исчезнале во доцната антика од театарот на историјата – како историска категорија со своја одредена етничка свест.

По исчезнувањето на многу етнички заедници на Балканот – особено во периодот на Римската Ера ( доминација)- нивните имиња биле користени како географски термини за опширни административни области – како на пример, останува врежано името        ,,ИЛИРИК,, потоа повеќе провинции биле намалени и реорганизирани од чии делови биле создадени нови провинции како Тесалија, Нов Епир, а од Мизија била формирана Дарданија.

Зарем Европскава денешна Ера – не го следи патот на Римската? Со својот партнер Грција, таа бара географска одредница за Македонија , - мислејќи дека историјата не е мајка на знаењето, мислејќи дека Македонците така лесно ќе исчезнат од полето свое, дека лесно како некогаш бришејќи ги со гума од родните огништа ќе отпатуваат во заборав како народ-  но, не Европо- чумата одамна е сотрена,Вашава Ера нема да и дозволи повторен живот на чумата .

Време е Европо Македонецот да го ослободите од улогата- ЖРТВА!

Нека оваа последна реченица силно се сплоти со желбите за Среќна и Просперитетна Европа во Новата 2014 година!
 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.