Среда, 19 Март 2014   
Македонците се иселуваат во Руското царство во 18 век (1 дел)

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

 

Статијата е посветена на Македонците кои во средината на XVIII век се преселуваат во Руското царство и се изјаснуваат како Македонци. По Карпошовото востание (1689) и по поразот на Австрија во Австро-турската војна (1683 - 1699), кога голем број Македонци се повлекуваат во денешна Војводина и Унгарија. Соочени со опасноста покатоличување, со дозвола на Русија, еден дел од Македонците се населеуваат по текот на реката Дњепар, каде го формираат македонскиот хусарски полк. Тие се декларираат како Македонци.

Во резимето на својот труд „Преселници од Македонија во Руското царство во средината на XVIII век, Милка Здравева ќе напише: „Во Шевиќевиот полк 74 лица се декларираат дека се „од македонска нација“. Према рускиот автор Кабузанов, во 1754 година во Нова Србија биле попишани 2.225 лица од кои 124 Македонци. Во 1759 година бил формиран Македонскиот хусарски полк. Командантот на полкот бил Алексиј Костјурин, а врховен командант на сите полкови бил Јован Хорват. Според податоците од 1756 – 1769 година, од вкупно 271 трговец кои биле запишани во „Нежинското грчко братсво“, 54 се изјасниле дека се од „Македонска провинција“, воглавно од Костур, Солун, Воден, Скопје и Струмица. Преселеното население се вклопува во новата средина и со време етнички се претопило“.

Објаснувајќи ги релациите на овие блиски народи таа пишува: „Врските на православните балкански народи со Руското царство постојат одамна, но тие се интензивираат во текот на XVI и XVII век. Во овој период повеќе духовни лица од Македонија одат во Русија да бараат помош за црквите и манастирите (но и помош за ослободување на земјата од турскиот јарем - Охридски архиепископи Гаврил 1587 г., Атанасие 1615 г., н.з). Во овој период се зголемил бројот на трговци (турски поданици) од Балканот во Руското царство, кои носат свила, памук и др. Во 1657 година, запорошкиот хетман Богдан Хмељницки на т.н. „грчки трговци“ во Малорусија им дал повластици за тргување.

Во втората половина на XVII век се зголемува бројот на т.н. „грчки“ колонисти во Малорусија. Према Снегаров, многу колонисти од Македонија дошле во Нежин, кој бил на патот Кијев Москва. Се смета дека во 1680 година тие во Нежин формирале т.н. „грчко трговско братство“ и имале своја црква и свои свештеници... За време на Австро – Турската војна кон крајот на   XVII век, во Москва во 1687 година бил скопскиот митрополит Јефтимиј, кој барал заштита на православното население, на кое му се заканувала опасност од покатаоличување. Следната 1688 година, како пратеник на печкиот патријарх Арсеније III, влашкиот кнез Шкербан и поранешниот цариграски патријарх Дионисиј, во Москва бил архимандритот на светогорскиот Павловски манастир Исаија кој барал Руското царство да учествува во ослободување на Балканот од османлиските власти“.

Нетрпението меѓу католиците и православните била една од причините поради кои Македонците од Австроунгарската воена краина подоцна ќе заминат во Русија. Авторот за ова вели: „По Карловачкиот мир во 1699 година, православното население кое побара спас во Унгарија, не било добро примено. Поради недоразбирање со католичките духовни лица, епископот Јефрем од Тетово, кој замина за Унгарија со патријархот Арсеније III, ја напуштил Мохачко-Сигетско-Печујската епархија и заминал за Русија, каде умира во 1718 година...“

Согледувајќи дека западот нема сили да ги истера Турците од Балканот, православците се повеќе се вртат кон Русија. Како што вели Здравева:  „По проширувањето на Руското царство за времето на Петар I, особено по освојување на Азов во 1696 и победата на Полтава во 1709 година, христијанското население на Балканот се` повеќе се надевало на помошта на Русија за ослободување од османлиските власти. Во 1704, 1708 и 1710 година, српската, односно граничната полиција испратила до царот Петар молба „да мисли на нивната земја која се наоѓа под Султанот“, искажувајќи верност и спремност да војува на руска страна. Меѓутоа, кога за време на Прутскиот поход цар Петар I го испратил познатиот Манифест од 3 март 1711 година до „сите христијани од грчки и римски закони во Србија, Славонија, Македонија, Босна и Херцеговина“ и кога 19.000 граничари беа спремни да заминат во војна, влашкиот господар Бранкован го спречува нивното придружување на руската војска“.

Меѓутоа, во Молдавија во битката кај реката Прут, во руската војска се истакнал капетанот Јован Албанез, кој по српскиот песник и историчар Захарие Орфелин (1726 - 1785) бил Србин од Подгорица... Во 1723 година тој добил грамота од царот Петар во која го повикува да ги наговори австриските Срби и да состави неколку хусарски полкови кои ги распоредил по малоруските градови. На овој повик Србите веднаш се одлучуваат да заминат за Русија.

Здравева за ова пишува: „На повикот на цар Петар I да се формираат хусарски полкови од странци, дојдоа офицери од Унгарија. Јован (Иван) Албанез на основа на грамотата успеал да насели во Украина преку 1.000 Срби, а сигурно меѓу нив има и други православни народи. Од овие доселеници во 1727 година бил формиран „Српски хусарски полк“, подоцна наречен „Стари српски хусарски полк“. Командантот на полкот бил Иван Албанез. Во руската армија постоеле и унгарски, молдавски и грузиски полк. Покрај народите чии имиња ги носат полковите, во нив имало и луѓе од разни племиња“.

Со оглед на ниското ниво на производство во XVII и XVIII век, западноевропската политика била популационистичка, односно се водело грижа за зголемување на бројот на населението за да се зголеми стопанството, но и за поголем број на војници. Бидејќи проширеното Руско царство имало пусти и необработени пространства, Русија водела сметка да се зголеми бројот на доселениците. Царството исто така имало потреба од војници граничари на границата со Отоманската империја.

„Во време на војната меѓу сојузниците Австриската и Руската империја со Турција во 1737 година, биле доселени 500 граничари од Австрија во Русија и вклучени во „Српакиот  хусарски полк“. Во 1740 година, царицата Ана издава Проглас за доселување на православните од Унгарија, за да се вклучат во новоформираните полкови или да добијат земја и да ја обработуваат. Иако овој Проглас се однесува за населението од Унгарија, во Русија доаѓаат доселеници и од други краеви. Веќе наредната година бројот на доселеници се зголемил. Во четириесетите години на XVIII век во Нежин се споменуваат неколку лица од Македонија. Симеон Федоров „болгарин“ од град „Атрида“ (Охрид?) населен во Нежин во 1740 година.  Иван Димитриевич Сталевски „болгарин“ од град Искип (Ускюп, Скопје), во Нежин се споменува од 1745 година како трговец и други“ – пишува Здравева.

Организираното доаѓање на Македонците настанува со укинувањето на Моришка, Потиска и Дунавска воена краина во 1741 година, кога се јавува незадоволство кај граничарите. Ова е период  кога со доаѓањето на рускиот престол на царицата Елисавета Петровна (1741– 1761) емиграцијата во Русија станува масивна. Всушност незадоволството на граничарите во Австрија кулминира после Ахенскиот мир (1748) кога повеќе воените краини се сметаат дека не се потребни и кога на 15. 08. 1750 година Виена издава наредба да се укине и остатокот на Моришката и Потиската крајина. Тогаш во Виена бил руски пратеник грофот М. Бестужев, кој се ангажирал православците да емигрираат во Руското царство.

Според Здравева: „Преселбата во Русија прв ја започнал полковникот на Моришката полиција Јован (Иван) Хорват, за кој се смета дека по потекло бил Влав од Македонија. Тој имал австриска благородничка титула „де Куртич“. По родословната книга на благородниците на Харковската губернија, неговите претци ја добиле титулата и грбот во 1689 година од Леополд I, а таткото на Јован Хорват, Самуил бил Великоварадски војвода. Додека Јован бил роден во Петроварадин, за неговиот татко се смета дека е роден во селото Хорват (Хорвати, Р’вати, Арвати) во нахијата Долна Преспа.

Јован (Иван) Хорват се поврзал со грофот Бестужев, добил дозвола од царицата (М. Терезије) во јуни 1751 година дека може да ја напушти војската и да оди во Русија. Отказ од војската и дозвола за Русија барале и други офицери, меѓу кои Јован Шевич, Рајко Прерадович и др. Заедно со Хорват добил дозвола и капетанот Никола Штрб кои во руската војска го викаа Чорба. Се смета дека браќа на Никола биле Теодор и Јован Чорба. Во списокот на офицери који барале да заминат за Русија, а кој австриски пратеник во Петроград го испратил до својата влада во Виена на 01. 09. 1751 година: Јован Хорват..., Михаел Хорват, Никола Чорба... Теодор Чорба..., Лазар Серезлин, Лика Попович, Кир Попович..., Максим Чорба..., Георг Попович, ... сите со семејствата. Не се исклучува дека Максим Чорба е од веќе спомнатото семејство, а се смета дека семејството потекнува од Охрид, каде и денес се сретнува ова презиме. Исто така се смета дека со семејството Хорват ги врзува старата татковина. Презимето на споменатиот Лазар Серезли, кој заедно со Хорват се исели, укажува дека капетан (бајрактар) Лазар сигурно по потекло бил од Сер. Се смета дека од македонско потекло се и спомнатите Лука Попович, Кир Попович и Георги Попович. Во почетокот групата која кон крајот на септември 1751 година со Хорват (офицери, војници, цивилни лица со нивните семејства) се исели во Русија, броела 218 лица. До пролетта 1752 године, бројот на иселеници се зголемил на околу 1.000 лица. Прифатна станица била Киев.....

За средување на православното население Хорват бил повикан во Петроград, каде на Дворот ги изложил своите предлози. Со Одлука на Елисавета Петровна од 24 декември 1752 година се дозволува на христијаните „не само на Српските, туку и на Македонските, Бугарските, Влашките и другите“ да се населат во Русија и да формираат свои полкови. Со грамота од 11 јануари 1753 година, Иван Хорват се именува за генерал мајор и се одредува формирање на хусарска (коњаничка) и полициска пешадиска единица“ – пишува Милка Здравева во својот труд „Преселници од Македонија во Руското царство во средината на XVIII век.

Продолжува

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.