Среда, 09 Април 2014   
Грција нема ексклузивитет на името „Македонија“

gordana-dimovska
Гордана Димовска, Австралија

И повторно излегуваат аналитичари кои докажуваат дека Грција не може да има ексклузивно право на името Македонија, ниту да го користи како изговор за остварување на свои цели. Токму ова доаѓа и како уште едно потврдување на се` што кажавме во статијата: “Кој кому го краде името Македонија“ објавена на 3 ноември 2010 во „Македонска нација“: Македонија е една, Македонија никогаш не била ниту ќе биде грчка. Дури и во најстарите познати мапи на античкиот свет, Грција и Македонија секогаш биле јасно разграничени како две посебни територии и држави. И ако на ниедна од мапите, двете држави не се прикажани во единствени  граници под едното или под другото име, тогаш – до кога чесниот и добронамерен човек по светот ќе се прашува:

Како треба да се именува некој што не покажува оригинален доказ, а обвинува друг дека му го фалсификува? Кој е крадецот, односно кој кому му го краде името ‘Македонија‘??? (Гордана Димовска).

Во продолжение го доставуваме преводот од англиски на анализата на американскиот аналитичар и професор, Даниел Сервер објавена на 2 aприл 2014 на блогот Peacefare.net под наслов: “Мacedonia” is not exclusively Greek (Daniel Serwer).

“Aнтичка Македонија пред освојувањата на Александар Mакедонски беше во делот каде што денес е Република Грција, вели познатиот американски професор, аналитичар и експерт за Балканот, Даниел Сервер на својот блог Peacefare.net. Никогаш не се сомневав во тоа и секако дека во никој случај Грција нема ексклузивно право на терминот "Македонија". Грција денес се граничи со Република Македонија, а таа република не постоеше во Античка Грција и не треба да постои збунетост за тоа кој да го користи терминот Македонија. Според американскиот геолошки институт, постојат осум "места" во САД и 1519 други места (многу цркви кои не се сите православни)  кои го содржат името "Македонија". Исто така во САД, постојат 28 локации со име “Атина“, од кои три се имиња на градови. Дали некој од Грција досега се спротивставил на тоа? Во Франција, Macedoine е име на овошна салата. Дали треба да правиме проблем од тоа? Една од соединетите американски држави се вика "Ново Мексико". Официјалното име на Мексико е Mexicanos Unidos. Историски гледано има многу случаи на иредентистички барања на мексиканско-американската граница отколку на Македонско-грчката граница. Не познавам никој на кого му сметаат имињата освен што некои Мексиканци сакаат да постои Естадос Унидос во нивното официјално име. За оние кои се загрижени за крадење на идентитет: државјаните на САД се нарекуваат себеси "Американци". Никогаш не сум слушнал државјанин на САД да бара ексклузивитет иако граѓани на други земји се противат на користењето на САД.

Македонија под Александар се прошири на територијата на античка Пајонија. Тоа е една од многуте причини што тој беше наречен Велики. Нели оние во Грција кои сакаат да го лимитираат терминот на нивниот простор би го лишиле големиот херој од неговата слава? Исто така, египетскиот град кој го носи името Александрија, дали и тоа се смета за навредливо?

За оние кои сметаат дека неодамнешните архитектонски иновации во Скопје се навредливи, нека го посетат Вашингтон кој беше изграден како "Новиот Рим" и безмилосно ограбуван кон крајот на 18 век, разбирање на грчка и римска архитектура. Постои дури и една имитација на coffered купола на древниот Пантеон во Рим во холот на Националната галерија на уметност изградена во 20 век. Оние пак, кои тврдат дека Скопје треба да се задоволи со име како "Република Горна Македонија" треба да  објаснат зошто тогаш Грција стави вето на членството во НАТО, што е прифатено во ООН како "Поранешна Југословенска Република Македонија". Грција ја прифати  Времената спогодба за многу други цели и не е многу различна и помалку навредлива од "Македонија" или "Република Македонија". Таа има три или четири "модификатори” зависно како ги броите.

Единствен изговор за да се постави како предмет на расправа името на Македонија е ако Македонија има територијални претензии кон грчката територија. Во Амандман 1 од Уставот на Република Македонија се вели: "Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави". Сервер исто така посочува дека некој од неговите антагонисти го нарекол кловн заради тоа што тврдел дека Грција нема ексклузивно право на терминот "Македонија". Тој не се смееше, но јас се смеев со него. Кој е кловн во овој случај?

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.