Среда, 06 Август 2014   
Народи на Балканскиот Полуостров, соединете се додека не е доцна

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

„Балканскиот Полуостров одамна претставува заветно „Елдорадо“ за мнозина сесветски претенденти“. „Местото каде што ќе се одигра финалето на меѓународната трагедија е Балканскиот Полуостров“. „Како храна за раздорот се јавува еден несреќен агол на Балканскиот Полуостров – Македонија“ – се цитати од Д. Благоев кои авторот Ангел Анков ги посочува во својата статија „Димитар Благоев и македонското прашање“.

Сан-стафанскиот мировен договор меѓу Руската и Отоманската империја од 3 март 1878 година, како и Берлинскиот договор од истата година кој го ревидира претходниот, го отвари македонското прашање кое до ден денешен претставува „храна за раздор“ на Балканскиот Полуостров. Во меѓувреме, секогаш кога се разгледувало македонското прашање, голем број интелектуалци го изнесуваат своето мислење.

Интересни се размислувањата на социјалистот Димитар Благоев (1856 - 1924), кој секогаш се искажувал по македонското прашање, кога тоа прашање било поставувано, како во печатот, така и во Народното собрание или на публични собранија. Иако најголемиот дел од животот го поминува во Бугарија, тој се чувствува Македонец. Како што вели: „Јас сум родом од Загоричане (Костурско), меѓутоа јас не сум Бугарин, јас сум Македонец! ...јас сум за Македонија како словенска земја, која ќе има сопствена управа“.

Благоев најенергично се спротивставува по посегањата по Македонија и ја поддржува тезата „Македонија на Македонците“ во рамките на Балканската федерација. Авторот на статијата „Димитар Благоев и македонското прашање“, објавена во „Работническо  дело“, 17.VI.1949 год., се осврнува на овие негови ставови.

„Во весникот „Македонски глас“ бр.16 од 20 април 1885 г. Благоев објавил статија „Балканската федерација и Македонија“ во која пишува: „Пред народите на Балканскиот Полуостров стои дилемата: или да постигнат највисок материјален и морален развиток преку слободен сојуз, преку свесно движење кон колективизам, или да бидат поробени од сесветскиот капитал, кој не ќе задоцни да се јави дома кај нив со својот сесветско-колективен труд, со своите огромни средства што тој ги собира од целата земјина топка“.

За авторот нема потреба од коментари на тие кристално јасни мисли изречени од Благоев кон крајот на XIX век. Но, како што вели: „Ако тогаш тие не беа сфатливи и разбирливи за мнозина - денеска нема човек на кој да не му се јасни“. Анков кој ја поддржува Балканската федерација го цитира Благоев каде овој истакнат интелектуалец вели:  „За да го избегнеме ропството, неопходна е федерација на народностите. Без неа нема спас, нема прогрес“.

Во тоа време, за Благоев кој го анализира Берлинскиот договор, идејата за Балканска федерација претставува реална неопходност, која произлегува од условите на современата стварност. Како што вели авторот, Благоев уште тогаш говорел дека „само оној што е слеп не може да види дека положбата на младите и слаби балкански националности е сомнителна пред силно организираните соседи. Анков ќе посочи дека Благоев: „Балканскиот Полуостров одамна претставува заветно „Елдорадо“ за мнозина сесветски претенденти“. „Местото каде што ќе се одигра финалето на меѓународната трагедија е Балканскиот Полуостров“. „Како храна за раздорот се јавува еден несреќен агол на Балканскиот Полуостров – Македонија“.

Оттука, единствениот излез од оваа состојба, Благоев го гледа во следното: „За Бугарија разрешувањето на македонското прашање е безусловно неопходно за нејзиниот прогрес“, а „Балканската федерација што треба да го има за цел ослободувањето на Македонија и препуштање на сите народности на Балканскиот Полуостров широка слобода на самоуправување, ете каде е спасот на балканските народи“. Како што ќе наведе авторот Анков, Благоев во однос на Македонија смета дека:  „најдобро е да му се остави на нејзиното население доброволно да си го избере оној јазик, вера и народност што ќе ги посака“.

Анализирајќи го текстот од весникот „Македонски глас“, Анков  завршува   со  повикот на Благоев: „Народи на Балканскиот Полуостров, соединете се додека не е доцна“.

Подоцна, во 1903 год., Благоев пишува две статии во Лениновата „Искра“, едната во бр.45 од 1 август 1903 год. под наслов: „Македонското прашање, Бугарија и руската влада“, а другата, во бр.48 од 15 септември 1903 година, под наслов: „Односот на руската влада кон Бугарија и Македонското прашање“. Осврнувајќи се на статиите на Димитар Благоев, основоположникот на социјализмот во Бугарија, Ангел Анков пишува:

„Благоев констатира дека во Бугарија главното прашање околу кое се вртат и внатрешната и надворешната политика на владата и на кнезот Фердинанд е македонското прашање. За Бугарија ова прашање не е новост. „Македонското движење“, во кое се изразува македонското прашање, започнува од истиот момент кога се потпиша Берлинскиот договор. Ветените од него реформи во Македонија не се воведоа и ниту една влада што го потпишала Берлинскиот договор не нашла корист за себе за да мисли за воведувањето на каква било реформа.

Странската конкуренција, странските капитали ги поткопаа политичките основи на економскиот и социјалниот живот во Македонија. Порасна емиграцијата пред се` во Бугарија. Санстефанска Бугарија стана за бугарските патриоти национален идеал, „голема национална задача на бугарските политичари“, а и руската царска дипломатија не престануваше да ѝ шепоти на уво на бугарската буржоазија: „Ќе има Сан-стефанска Бугарија“.

Првите пет години по ослободувањето на Бугарија тие „национални идеали“ останаа на втор план, поради потребата внатрешно да се уреди новата држава... Кога бугарската буржоазија се збогати, таа се почувствува стеснета во границите на Бугарија, таа почна да се интересира за „националните идеали“, за Санстефанска Бугарија и др. И сега (1886) започна веќе вистинското македонско движење“.

Многу децении изминаа од моментот кога македонскиот народ на светот му стави до знаење дека тој е државотворен народ, кој заслужува да има своја држава. Но, наместо правилно решавање, македонското прашање остана отворено до денес. Заинтересирани за контрола на територијата на Македонија која излегува на Егејско Море, постојано имаше некој кој шепотеше и ги подбуцнуваше балканските народи еден против друг. Тоа беше причина за неколку војни, што доведоа до поделба на Македонија. Создавањето на денешна Македонија не еден дел од нејзината територија, сеуште преставува шок за балканските држави кои ги анектираа деловите од Македонија. За жал тие изгледа ништо не научија од историјата. Како да ги заборавија жртвите кои ги дадоа во меѓусебните војни за туѓи интереси.

Тие денес го негираат името, јазикот и црквата на македонскиот народ.

Грција која со спорот околу името ја попречува Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО, го води орото. Како некој се уште да ѝ шепоти дека е можно создавање на Голема Грција. Како некој се уште да шепоти дека не постои македонски народ. Но, за нејзина жал, тој е тука, и како и секогаш подава рака на пријателство, подучува и потсетува дека Македонецот не може да исчезне, зошто тој е запишан во Библијата.

Денес, во процесот на глобализација, кога не се говори за Балканска федерација, туку кога целиот Балкан тежнее да стане дел од ЕУ и НАТО, попречувањето на евроатланските интеграции на Македонија не оди во ничиј прилог, напротив е на штета на сите Балкански народи. Никој не посакува финалето на меѓународната трагедија да биде на Балканот. Оттука, особено значење има мислата на Благоев кога вели:

 „Народи на Балканскиот Полуостров, соединете се додека не е доцна“.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.