Среда, 13 Август 2014   
Македонското прашање на Париската мировна конференција

vasko-gicevski
Васко Гичевски

”Зарем границата може да не подели,таа не е ништо друго осем еден обичен камен кој нема никакво значење ако срцата на сите нас ни чукаат заеднички за нашата Македонија”.

По четиригодишната Прва светска војна која најмногу и со најголема жестокост се водеше на територијата на Македонија,во која што војна македоскиот народ беше разделен на четири страни помеѓу завојуваните држави и често се случуваше преку нишанот на пушките да се сретнат и брат со брат.

Париската мировна конференција започнала со работа на 18 јануари а завршила на 28 јуни 1919 година и на чие што заседавање беше дефинитивно донесена одлуката за конечна поделба на Македонија.

На оваа конференицја преовладуваа разноразни мисли и идеи за тоа како Македонија треба да биде организирана.Италија беше за да се даде право на специјална администрација во Македонија а подоцна ќе го промени ставот и ќе се заложи за автономија на Вардарска Македонија.

Франција и Англија поради спротиставените интереси на своите држави сојузнички Србија и Грција не можеа да постигнат политичка и економска експанзија на Балканот преку создавање на автономна држава Македонија која ќе ги спроведува интересите на Франција и Англија.На Конференцијата Франција го подржа ставот дека со уставот на Србија од 1903 година му се гарантираат националните и политичките права на населението во Вардарскиот дел на Македонија а кон овој став се приклучи и Англија со барање во новосоздаденото кралство СХС македонскиот народ  да добие статус на национално малцинство.

Како дел од сојузот кој ја изгуби војната Бугарија немаше никакво право на мислење на конференцијата и нејзината улога беше минорна,но Србија и Грција кои имаа спротиставени интереси за тоа како и колку и на кој да се дели Македонија мораа да се согласат на само мали измени на границите утврдени со Букурешкиот мировен договор.

Македонскиот народ не остана глув и нем на намерите на големите сили за делба на веќе поделената со Букурешкиот мировен договор Македонија,македонските здруженија постојано ќе испраќаат апели и меморандуми запознавајќи ги со Македонија и македонците, но ниеден од нив нема да наиде на одговор кај големите сили.

И покрај сите напори на македонците, Македонија да остане цела и неделива таа сепак беше поделена и уште еднаш расцепена по примерот на поделбата од 1913 со минимални корекции на границите се со цел да се зачува мирот на Балканот бидејќи Македонија преставувала и ќе преставува јаболко на раздорот околу кое и сите се борат кој може повеќе да земе мислејќи дека тука е пуста пустина,земја без стопан а заборавајќи намислата дека она што е македонско е свето за оние кои што живеат во Македонија .

Париската мировна конференција како и многу пред неа и многу по неа слични конференции не постигнуваат ништо повеќе освен што Македонија ја делат територијано,но зарем може да се подели заедничкиот дух на македонците,може ли да се подели името македонец и врз него да се стави граница?

Никогаш тоа не било и ниту ќе биде но на крај ќе ја пренесам мислата која многупати сум ја слушал од нашинците во Егејскиот дел која вели вака:”Зарем границата може да не подели,таа не е ништо друго осем еден обичен камен кој нема никакво значење ако срцата на сите нас ни чукаат заеднички за нашата Македонија”.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.