Среда, 20 Август 2014   
Библиотеката во Бабино „Татковина на книгата“

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Несомнено чудно и помалку иронично е сознанието дека во малото планинско село во вишните ридови на Плакенска планина на горниот крај од селото се наоѓа најголемата приватна библиотека во Македонија, а јас би кажал дека таа кога ќе ги отвори вратите внатре е уште поголема и поубава, од внатре се слуша гласот на она што нема јазик, а има мудрост, пријателот кој дели најдобри совети, а е еден од најмолчеливите што може да ги имаме.

Искачувајќи се нагоре по тесниот селски друм од левата и од десната страна, насекаде околу вас здогледувате стари куќи разурнати, растурнати, а нивните сопственици откорнати од родните огниште кои сега чмаат и паѓаат, се рушат, а во себе ги чуваат заробени спомените на едно минато време на едни дни можеби многу помачни и по тешки за народот наш но и до една мера можеби посреќни.

Не чудете се ако по пат наидете на многу спомен плочи со добро познати имиња на нив, бидејќи Бабино како и целиот Демихисарски регион понира во нашата нашата историографија. И така полека полека кога ќе стигнете до една угорница и токму кога ќе си помислите да се откажете пред вас ќе се покаже едно маестрално здание кое плени, стара камена градба која оддалеку личи како стара македонска градба со интересни орнаменти и колорити насекаде по ѕидовите, а во себе таа како некој замислен белобрад старец ја крие мудроста на светот.

Кога ќе слегувате по скалите за да стапите во дворот на библиотеката ќе ве пречекаат веселите и игриви лица на домаќините Стеван и Менка Степановски кои едвај чекаат да ве запознаат со тајните на импозатната камена двокатница.

Сопственикот Стеван Степановски напред, а јас по него чекор по чекор секој потежок од предходниот, секој повозбудлив од предходниот. Најпрво влеговме во етно собата со носии и предмети од Бабино и целиот демихисарски крај, кој од кој поубав, а ги имаше околу 120 .

Па потоа следува она што за мене лично беше едно возбудливо патување кон историјата на пишаниот збор на книгата и имаше што да се види.

Безброј стари книги на арапски јазик, на старословенски и на многу други јазици на кои што има дела напишано за нас Македонците и македонштината.

Ќе се вчудоневидите од бројот на оригинални изданија, први примероци на многу ретки книги, а некои се и единствени во Македонија како што е на пример книгата „Македонското Прашање“ од Иван Михајлов, првиот примерок од „Волшебното самарче“ на Ванчо Николевски и многу други.

Внатре покрај овие многузначајни и ретки книги ќе ја сретне цела антологија на македонската книжевност, многу книги од областа на фолклористиката, правото, медицината, но и многу повеќе.

Тука се и патеписите на сите оние кои поминале низ Македонија, безброј фотографии кои датираат од периодот на Првата Светска Војна, а под фотографиите јасно напишано стои ”македонски градител“, ”македонски овчар“ и многу други називи и места се со предзнакот Македонец, Македонка, Македонци, македонски зборови кои сега некои поради алчни желби сакаат да ги уништат да ги сотрат од ликот на земјата.

По долгото разгледување на книгите сепак заклучив дека времето што го поминав таму беше премалку, а и би додал дека таму и триесет години да ме затворат сепак ќе ми биде премалку за се` да видам, за се` да почувствувам, бидејќи на знаењето и мудроста таму им нема крај тоа е како еден бескраен простор полн со знаење и мудрост, тоа е „Татковина на книгата“ космополитско место во кое секој оној пријател на книгата ја наоѓа својата татковина, својот мир помеѓу 20 000 тивки, а гласни пријатели книгите.

За крај на посетата си купив пасош за татковината на книгата, мало книжуле кое толку многу значи, бидејќи тоа е нешто како една разгледница која секогаш кога ќе ја видите пак и пак ќе ви ја врати желбата да отидете во „Tатковината на книгата“.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.