Коментари

Извадок од статијата објавена во „Information“ од 8 март 1901 година

tihomir-karanfilov-2

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

Статистичките податоци во врска со бројот на Македонците што живеат во Бугарија фрлаат јасна светлина врз македонското  прашање. Според  последниот попис на населението во Кнежеството, тој изнесува 3 500 000 и од последниот попис во 1890 година има пораст од 600 000. Порастот претежно се должи на емиграцијата од Македонија и од Одринскиот вилает.

Христо Калајџиев (1886 – 1964) кој потекнува од Ениџе Вардар, Егејскиот дел на Македонија,  бил деец на Македонската револуционерна организација и член на Централниот комитет на Бугарската кумунистичка партија. По Деветосептемврискиот преврат во 1944 година го потпишува „Апелот кон Македонците во Бугарија“, а во периодот 1944 – 1945 година се залага за обединета Македонија. Бил назначен за претседател на Сојузот на македонските културни – просветни организации во Бугарија и за потпретседател на Македонскиот научен институт.

На 13 мај 1950 година, бугарскиот весник „Работничко дело“ го донесува „Политичкиот извешатај на Привремениот централен комитет на македонските културно – просветни друштва во Бугарија“ – всушност резиме од извештајот на Христо Калајџиев пред општата конференција, одржана на 20, 21 и 23 април 1950 година.

Пренесувајќи дословно од резимето, весникот потенцира дека „запирајќи се врз односот на Македонците во Бугарија, кои изнесуваат над 500.000 души, кон борбите на македонскиот народ“, Калајџиев рекол:

„Кај Македонците што живеат во Бугарија никогаш не гаснел интересот кон ослободителното дело на македонскиот народ, за кое во минатото тие ја пролевале својата крв и го рескирале својот живот. Никогаш тие не престанувале да се интересираат за судбината на својата татковина и својот народ, за своите браќа и сестри, останати во Македонија, мнозина од кои паднале во борбата. Зар ќе го заборавиме ние славниот Илинден, великаните Гоце и Јане, зар ќе го газиме идеалот на нашиот народ и ќе го оставиме во рацете на разни трговци… Зар молкум ќе станеме соучесници на тоа предавство? Ние предавници на нашиот народ не сме биле и нема да бидеме. Ние сме живееле со неговите болки и страдања“ – пишува весник „Работничко дело“.

Ако Калајџиев во 1950 година говори за бројка од половина милион Македонци и во изворите уште од 1901 година кои говорат за висока стапка на миграција од Македонија во Бугарија, Сер Франсис Планкет, британски амбасадор во Виена, во писмото испратено до маркизот од Ленсдаун, државен секретар за надворешни работи на Велика Британија, од 9 март 1901 година, доставува краток извадок од еден извештај за бројната состојба на Македонците во Бугарија.

Како што пишува британскиот амбасадор во своето писмо, во извештајот кој бил објавен во весникот „Information“, бил изнесен бројот на офицерите, службениците итн., кои се родени Македонци, и какво влијание има тоа директно врз владата и администрацијата во Кнежеството.

Во извадок од статијата објавена во „Information“ од 8 март 1901 година, која сер Планкет ја доставува се вели дека:

„Статистичките податоци во врска со бројот на Македонците што живеат во Бугарија фрлаат јасна светлина врз македонското прашање. Според последниот попис на населението во Кнежеството, тој изнесува 3 500 000 и од последниот попис во 1890 година има пораст од 600 000. Порастот претежно се должи на емиграцијата од Македонија и од Одринскиот вилает. Емигрантите не носеле со себе ништо освен своето знаење за разни видови трговија, во која се натпреварувале со Бугарите. Дваесет илјади Македонци се населиле во Софија, 8 000 во Пловдив, а во другите градови бројот на македонските населеници е во пропорционален пораст. Статистичките податоци покажуваат дека една третина од офицерите во бугарската армија се Македонци. Меѓу 86 000 бугарски учители има 2 600 Македонци, а меѓу 38 000 службеници 15 000 се Македонци. Четворица од осумте митрополити се Македонци по раѓање, а од вкупниот број 3 112 попови, 1 262 се Македонци.

На тој начин, јасно е дека македонското прашање многу одамна за Бугарија престана да биде само политичко прашање. Тоа повеќе наликува на прашање со внатрешно-економски карактер. Затоа, Бугарите апелираат до Европа да им даде на Македонците реформи – автономија, кралство или република, без разлика што било, само тие да можат да се вратат во својата сопствена земја – тие дојдоа да бараат слобода, а им го зедоа лебот од устите на Бугарите. Европа мора, порано или подоцна, да ги послуша овие апели, бидејќи нема сила на земјата што може да го запре македонскиот офицер, војник или учител да не ја преминува границата, бегајќи од таму каде што востанието само што не избувнало. Ова е општ повик до сите бугарски партии чии гласноговорници, разни издавачи, се Македонци“.

Извадок од статијата објавена во „Information“ од 8 март 1901 година

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top