Среда, 01 Октомври 2014   
Се гордееме со Македонци родени во туѓина

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Сведоци сме на времето што доаѓа како се` повеќе и повеќе се гордееме со Македонци родени во туѓина. Еден од нив е нашиот Петар Ристевски, кој не случајно и сосема заслужено е во центарот на сите политички збиднувања и јавниот живот во Австралија.

Петар е роден во Сиднеј и потекнува од позната патриотска фамилија од Македонски Брод. Татко му Славе е еден од првите и најзаслужни градители на црквата Свети Никола во предградието Кабрамата, Сиднеј... која работеше беспрекорно додека Славе беше внатре.

peter-risteski

Петар Ристевски е високо дипломиран книговодител, со завршени факултети и дипломи, кои кога ќе ги видете на зидот кај него, ќе ви застане здивот и ќе помислите дека се од сите Универзитети од целиот свет.  Затоа многу Македонци и Австралијци уживаат во довербата на Петар и добриот износ вратен од даночните пари во рацете на сопствениците е гаранција за неговите вредности. 

Со политика Петар се занимава уште како тинејџер и има преголемо искуство во Либералната Партија на Австралија. Секогаш и секаде по потреба, тој е истурен играч каде делува победнички таму кај што е најтешко и најпотребно. Додека Либералната Партија беше во вечна опозиција во Општината Ливерпул во Сиднеј, настапува Петар каде со својот тим и помогнат од Македонците, успева да го превземе неосвоениот бастион од Работничката Партија после 30 години. Иако е презафатен со неговата професионална работа, сепак наоѓа време и да оди на сите состаноци во Општината Ливерпул и пред 2 недели да биде назначен за Заменик - Градоначалник, каде функциите ротираат и следниот круг ќе стане Градоначалник. 

Во оваа општина живеат преку 147 националности, каде место најдоа раселени лица од бившите Југословенски простори и се меѓу најбројните. Предизвик е да имаш време за сите нации да ги сослушаш и да пробаш да им помогнеш, но Петар знае да одвои време и за нив, така да неговото работно време е од утро до полноќ, просто кажано. 

Но тоа не е се`... Петар има време и за секој настан во Македонската Амбасада, да помогне се` што може и има основано Стопанска Комора, така да Македонците мора да го искористат овој проект на најдобар можен начин за македонската економија. Петар наскоро, за некоја недела ќе дојде во Македонија и еве шанса и со посредство на „Македонска нација“ и Мане, причина за едно другарување и да се засучат ракавите за една најголема цел - да се помага на најдобар начин на македонската економија преку оваа комора. 

За крај, да кажеме дека Петар Ристевски е член на Масонската ложа, па така да ете и Масоните од Македонија и пошироко од регионот, од Европа нека имаат уште поголема причина да се сретнат и најдат и тие во целата оваа сага. Тоа го посакува Петар, тоа го посакуваат и Македонците.

peter-risteski-2

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.