Среда, 01 Октомври 2014   
Лидерот на СДСМ Заев, заборава и на државниот интерес само да се добере до фотеља

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Ја знаете она народната „маж сакам- сега сакам“?

И се засакало на некоја бабичка и одлучила да бара маж ама веднаш- не можела да издржи.Така е и со нашава опозиција, заклучиле дека подобро е да бидат вклучени во власта- по секоја цена, па не можат повеќе да издржат во опозиција и сега- веднаш сакаат да се вратат назад, да има нови избори, или и тие да влезат во владата.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не отстапува од својата налудничава идеја по секоја цена да дојде на власт. Иако од 2006 до 2014 година најголемата опозиска партија ги губи изборите, тој е спремен дури и да предизвика внатрешен конфликт само за да дојде на власт. Како инаку треба да се протолкува неговата изјава дадена за телевизија Алсат М, во емисијата „Патот кон“ во која вели дека меѓуетничките односи во Македонија се лоши и дека ќе има жешка политичка есен во која ќе се интензивираат активностите за уривање на власта на Груевски, а ВМРО и премиерот ќе бидат принудени да седнат да разговараат за барањето на опозицијата.

Зоран Заев кој уште пред неколку години кажа дека е подготвен да ја свитка кичмата во спорот со името, потоа дека живи луѓе ќе јаде, како и пораката во пресрет на претседателските и предвремените парламетарни избори испратена на почетокот на годината до Мендух Тачи во која се вели дека: „Перспективите во регионот се воспоставување на соработка со тројката која ќе има големa поддршка во иднина, а тоа сте вие, Харадинај и Бериша, затоа ме подготвуваат и повисоките надвор од Македонија“, само покажува дека е спремен да ја наруши безбедноста на земјата само за да дојде на власт.

По толку изборни фијаска на парламентарните, локалните и претседателските избори, доаѓањето на власт на опозицијата, Заев како и неговиот предходник, го гледа единствено преку дестабилизација на земјата и формирање на техничка влада. Тој за ова објаснува дека СДСМ не остапува од барањето за техничка влада, не зашто таа сака да го дели премиерското столче со Груевски, туку затоа што гаранција за фер избори можело да биде само поделена одговорност меѓу власта и опозицијата за изборниот процес.

Заев најавува жешка политичка есен во која ќе интензивираат активностите за уривање на власта на Груевски, а како што тој смета, ВМРО и Премиерот ќе бидат принудени да седнат да разговараат за барањето на опозицијата, односно за да се формира техничка влада. Во тој контекст, Заев се обидува да ги подгрее страстите меѓу Албанците. Во интервјуто тој вели дека голем дел од Албанците не се согласуваат со политиките на Груевски, но немаат каде да се обратат, бидејќи и двете албански партии се поклопени!? Исто така, според лидерот на опозицијата Зоран Заев максимални казни против обвинетите демонстранти од протестите за случајот „Монструм“ била донесена под политички притисок.

Во време кога целиот свет е во војна со радикалниот ислам, кога Балканот се обединува за да се справат со заканите на исламските фундаменталисти, ваквите налудничави изјави на очајниот и забеган политичар, можат да бидат вистински предизвик за џихадистите, повратници од боиштата во Сирија и Ирак, и може да се одрази на безбедноста на земјата.

Секој и малку одговорен политичар не би ни помислил да потпалува ваков оган со радикалните исламисти, но за непромислени политичари изгледа тоа е само дел од политичка игра, во која за да се дојде на власт не се бираат средства. Како да не размислува дека се ставаат во залог Македонија и животите на луѓето, без разлика дали тој е Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Ром, Влав, Евреин или припадник на било кој друг етникум. Изгледа се забораваат примерите дека и пироманите можат да настрадаат од своето дело.

Во својата изјава за телевизија Алсат М, Заев се осврнува и на реакцијата на македонските власти по повод изјавата на новиот амбасадор Џ.Л. Бејли во која се вели дека во Македонија живеат мнозинство Словени и малцинство етнички Албанци. За него таа е несмасна и дека требало да се побара објаснување, намесно протесна нота, бидејќи Америка е поддржувач на Македонија.

Точно е дека САД е стратешки партнер и поддржувач на Македонија, но тоа не значи дека е дрско или не смее меѓу две пријателски земји да се укаже дека Македонците не сакаат така да бидат именувани, исто како што сите американци не сакаат да бидат именувани Индијанци.

Но, затоа пак реакцијата на Зоран Заев индиректно укажува дека спротивно интересите на македонскиот народ, тој повторно би ја свиткал кичмата и би се сложил со секакво именување на својот народ, дури и да биде безимен како Словен од зад карпатите, само за да ги задоволи барањата на Грција и да влезе во владата.

Неговата изјава за истата телевизија, исто така укажува дека е во кординација со јужниот сосед. Како што вели, после изборите во Грција, може да дојде до уште еден силен обид да се реши спорот за името. Оттука, тој „нема намера уште долги месеци да го гледа ова што се случува во државата“. Иако не го прецизира периодот, Заев очекува предвремени парламентарни избори во 2015 година.

Меѓутоа, македонскиот народ одамна сфати кој се грижи за интересите на македонскиот народ и затоа, како и на претходните, така и на следните избори, па биле тие и во 2015, 16,17,... година ќе знае на кого да им го довери мандатот. Во тоа нема да ги спречат ниту заплашувањата на опозицијата со улична демократија, ниту заплашувањата со исламските радикали.

Македонските институции предводени од партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ имаат доволен капацитет да се справат со сите ризици и опасности, со сите закани кои ги спрема опозицијата. Македонија ВЕЧНА!

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.