Вторник, 14 Октомври 2014   
EВРОПСКА УНИЈА ИЛИ ,, НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА,,!

Ljupka CipusevaЉупка Ципушева

,,Оној кој ја поседува Вардарската долина тој е господар на Балканот,,

БИЗМАРК

Археологијата потврдува дека , уште Неолитскиот човек не само што ја сакал македонската земја туку и никогаш не ја напуштил.

Денеска откриваме многубројни траги и информации од Неолитот , време во кое човекот на свој начин и развиен сенс ни го пренесува искуството , културата, животот во неолитот во сите сфери на живеење, и се` благодарение на макотрпната ,исцрпна и одговорна работа на археолозите.

Беспрекорно јасно, видливо со очи,неолитскиот човек оставил белези (неолитските керамички садови) во прекрсни форми , украси, пораки преку живописни шари во една хармонија и симболика,или , поточно – зачеток на денешнава цивилизација.

На локлитетот Грнчарица кај село Крупиште во Македонија откриен е најстариот неолитски жител – кој живеел 7000 години пред н.е.

Доцниот пак неолит во Македонија (5 300 – 4 200 г.п.н.е) претставува врвен културен македонски процут – култот на Големата мајка, маслиновото гранче – предизвик на денешната наука.

На митскиот Балкан, од секое ќоше, пештера, долина, поле или планина течат извори од далечните наши- македонски претци кои ја отсликуваат егзистенцијата на човечкиот род на овој простор.

Во патешествието низ времето се сретнуваме со напредни културни македонски револуции ; Богинките Мајки, Адам од Говрлево, потоа македонските бронзи, златните ритуални маски кои се продукт од аристократските кругови – охридска област – 6 -5 от век п.н.е, - раната антика или златниот век – векот на Филип Втори и Александар Трети,кога Македонија станала силна империја во светот , историски факт – Македонија изобилува со злато и сребро,тврдини со мегалитни блокови- или богатство за светот тогашен . Овие револуции ни ја ветиле Македонија нам на македонците со сите свои убавини ; реки, езера, планини , долини , полиња, низини и преубава блага клима.

Од времето на ,,златниот век,, почнуваат македонските неарнини- расколи , делби, особено со настапот на Римската империја- кога Македонија станува нејзина провинција – факт кој историјата го бележи како познати ,,македонски делби,, кога македонската почва е раздавана на оние на кои им ја ветила историјата.

Со вкоренувањето на римските вредности- скоро во сите сфери, урбанизираните средини – градовите се развивале во мир како Стоби, Хераклеа, Скупи, Стибера Лихнидос и др.

Стоби на устието на Аксиос- Вардар и Еригон- Црна Река, град кој во римскиот период имал исклучителни римски повластици – ковал сопствени пари, Лихнидос , заради својата местоположба и најпознатата античка патна магистрала Виа Егнатиа, претставувал монденско место во светот тогашен.

Скупи пак 1-3от век бил најголем град на Балканот-римски колонијален град, а Стибера – кај Чепигово –прилепско, бил центар за изработка на мермерни склуптури.

Се до доцната антика, кога и започнува ранохристијанството, овие простори биле густо населени, и ова е ,, Време на базликите,, раскошна архитектура и мозаични подни површини.

Во ова време од историјата Македонија и беше ,,ветена,, на византиската империја, време (10от – 11от век) кога на царскиот престол во Цариград владееле девет цареви од т.н. македонска династија.

Светиклиментовото време е ,,брилјантно,, време за родот словенски- Светиклиментовиот универзитет, Самоиловата тврдина во Охрид кој како монумент , историски ја отсликува македонско- словенската доминација над балканските земји.Самоил бил единствениот владател кој немал време да си го регулира платежниот систем во царството и да остави траги како другите предходни владатели.

Кон крајот на 14 от век – српските цареви ,,ја ветиле,, Македонија на Турците Османлии и таа останала половина милениум под Отоманската империја.

Колку и да се оддалечуваме временски од овие периоди, и по два милениума, Македонија постои, и денеска во 21от век, а во овој век историјата ја вети Македонија на самата себе.

Што му требаше на Бизмарк да ја зпише својата мисла која перманентно го тресе Балканов а и пошироко?!

Вардарската долина не го крие Вардарскиот Рид во чие тело живеат 16 културни слоеви (13ти век п.н.е, 7 и 6 ти век п.н.е.) ниту пак го крие Македонското сонце на иднината – рудникот Алшар сместен во пазувите на Кожув Планина.

И не само богатството од долината- богатството од умот на Македонецот е оној невидлив ресор кој денеска го буни светот и кој кинисал да го уништи, или пак го ,,ветил,, секому по малце.

Европа, Унија на држави – денеска има вистински проблем, а проблемот е јасен. На Унијата во подсвеста и тече река од мисли, а една мисла и` надвладува,,јас сум милионерка, јас сум милионерка,, богатство само на потсвеста, а целата унија се тресе во финансиски маки.

Унијата стана безидејна, финансиските нејзини маки станаа витли на искршени мисли – таа не успеа да си ги зачува своите 5 евра- остана на 3 евра, бидејќи свесно двете евра ги фрли – како неважни, во јужниот бунар дез дно , и од Унија на држави премина во ,,хуманитарна невладина организација,, која талка по трансверзалата на пропаста.

Не успева да си ги ги спои краевите како нејзина обврска- а времето ја пренасочи во наш македонски ,, мислител,, сопирајќи ја нашата цел и амбиција, губејќи го од вид себеказнувањето како наследничка на македонската трагедија 1912-13год. кога таа иста Европа ја ,,вети,,Македонија на нејзините денешни патишта на пропаста.

Но, се` си има своја цена.

Историјата е драгоцена , таа те води низ минатите векови – нив ги нотирав во почетокот на текстов- се работи за видлива вистина која на Европа треба да и ги исчисти сите негативни предрасуди за Македонија, дека Македонија е нејзино Трајно Големо богатство, дека Македонија треба да биде Европска разбудена , непоматена совест , Македонија да ја гледа како дијамант на својот златен прстен кој ќе и`го зачува нејзиниот живот.

Европа треба да ја напушти својата ментална кавга, не за себе- промена, туку да стане свесна – што е тоа што не чини , а и` го прави на Македонија.

Навиките имаат моќ –тоа е карактерот, но карактер без самоконтрола сее само судбини, деградира, се губи, и понира во небиднина – и се` ова заради необразованост на срцето и душата.

Светот има потреба од образована популација – значи не само во умут, туко во срцето, во душата – токму ваква е македонската популација, популација со голем потенцијал на која и` се окомила Европската Унија без срам без перде.

Заради ваквата окоменост – воспитаниот и образован македонец секој ден наново и наново воскреснува со сила, храброст и јачина, и за навек се ослободи од слабоста и стравот.

Ние македонците мораме да си веруваме во нашите мисли, зборови и дела, тие се видлива сила која може и светот да го промени, иако Европската Унија кон нас се поставила како ,,хуманитарна невладина организација,, која по шести пат ни доделува согласност за пристап во нејзините редови.

Дали е ова пак, оној , највисокиот стадиум на моралот од Европската Култура во која не постои ниту вистината, ниту убавината ниту добрината?

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.