Среда, 15 Октомври 2014   
Македонија и Македонците во Првата Светска Војна

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Македонија, почетокот на Првата Светска Војна ја затекнал разделена помеѓу трите соседни држави Бугарија, Србија и Грција во чие што владение македонското население беше крајно асимилирано и малтретирано, подложено на најтешки казни, онакви со какви ни најголемите убијци не се казнуваат, а не пак невини луѓе.

Уште со почетокот на војната македонскиот народ бил мобилизиран од армиите на соседните земји, во српската околу 53.000 Македонци, во бугарската 33.000, а во грчката армија 20.000 Македонци. Македонците во сите овие армии секогаш се наоѓаа на првата борбена линија на фронтовите, едноставно беа користени како топовско месо.

Во Бугарија исто така била и организирана 11 македонска дивизија на чело со генералот Крсте Златарев, а додатна воена формација претставувале и четите на Тодор Александров кои пак единствено нешто што постигнале бил теророт после Валандовската афера, кога српската војска вршела невиден терор врз населението како одмазда за провокацијата од страна на ВМРО на Тодор Александров.

Пред самиот почеток на војната на 14  август 1914 година Димитрија Чуповски и Крсте Петков Мисирков поднесуваат опширен меморандум во кој се опишани македонската етнографска и национална посебност од соседните држави, со верување дека Македонија ќе биде независна и обединета, а со самото тоа ќе настапи мир на Балканот.

Наце Димов исто така ќе поднесе еден Меморандум до рускиот министер за надворешни работи во 1915 година, но и по тој Меморандум нема да има никаква измена на границите на Балканскиот Полустров.

Македонскиот народ како и предходно, ќе биде залажуван со тоа дека ако се борат во некоја од армиите на соседните земји таа што ќе победи ќе и` ја даде слободата на Македонија и конечно ќе дојде до нејзино обединување.

Најсилна во овие ветувања била Бугарија, токму онаа која што се вклучи во војната откако и` беше ветена цела Македонија, а од друга страна ветува дека ќе и` ја подари на Македонија долгочекуваната слобода.

Како што понатаму ќе се развива военото дејство, силите на Антантата полека полека ќе ја ослободуваат заземената територија, од страна на војските на Централните сили, и кога веќе ќе се гледа крајот на војната истите сили ќе капитулираат, а со самото тоа и аспирациите на соседните држави кои биле дел од таа геополитичка и воена формација.

Со Версајскиот договор ќе се стави крај на на четиригодишната војна која ќе одземе безбројни жртви, а ќе остави исто толку ако не двојно повеќе сираци и вдовици.

Според договорот ќе се постави таканаречениот Версајки систем на граници, кои што до ден денешен не се во голема мера изменети, а според кои Македонија повторно е поделена и сега Вардарскиот дел ќе припадне кон новсоздаденото Кралство СХС, додека двата други дела следствено на Букурешкиот договор ќе се најдат повторно во власта на Бугарија и Грција.

По војната Македонецот повторно ќе биде асимилиран и запишуван под разни имиња и националности, а не бил ни еден од нив и токму тука се крие вистина и пропаѓа во вода дека Македонецот е Бугарин, Србин, Грк. Зарем не е најголемиот доказ во тоа што со употреба на сила станувал се` и сешто, а во мирно време се искажувал како Македонец.

Македонија по војната и покрај тоа што ќе биде распарчена и економски уништена врз нејзините територии ќе газат и туѓинци, колонисти донесени од далечни места се` со цел да се доразнебити македонското население до најмал сегмет, но сепак Македонецот како и секогаш до сега ќе издржи и еден ден ќе ја дочека светлата слобода.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.