Среда, 22 Октомври 2014   
Македонија во првата половина на 19 век

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Македонија како и целата османска империја во 18 век се наоѓа во опшествена и политичка криза како резултат на заостанатоста на империјата во однос на останатите европски земји. Македонија тогаш била османлиска провинција со 1.873.388 жители во најголем дел Македонци. Населението се занимава со земјоделство и Македонија е најбогата провинција во Румелискиот беглербеглук. Таа беше поделелна на Солунски, Косовски и Битолски Вилает.

Земјата ја обработувала рајата, а спахиите се занимавале со војничка должност односно биле коњаници во војската на султанот. Поседите на спахиите се наракувале тимари, а поголемите земјишни поседи хасови и зијамети.

Рајата е закрепостена во однос на спахијата, бидејќи е зависна од земјата која ја обработуваат, а таа е пак сопственост на спахијата.

Се палаќале даноците: десеток, харач, девширме, пенџик и др.

Како резултат на малтретирањата врз населението македонскиот народ го организира Негушкото востание (1822) кое треба да се спротивстави на зулумите на османлиите особено на Али паша Јанински.

Водачи на востанието биле Ангел Гацо, Атанас Караташо и Зафарикис Логотет. На 3 март 1822 го напаѓаат Негуш и го ослободуваат, а потоа востанието се проширува на околните села. Им се приклучуваат голем број на доброволци од Берско, Кожанско, Костурско, Леринско и Мегленско. Во ова востание учествувала Сирма војвода од Тресонче дебарско. Востанието е крваво задушено на 6 април 1822.

Во овој период се појавуваат и феудалните анархии на локалните паши и бегови кои сакале да се одметнат од власта на султанот. Такви биле: Абдурахман паша Тетовски, Али паша Јанински, Исмаил бег (Серес), Кара Алија бег (Струмица), Реџеп паша (Скопје) и др. Овие појави се сузбиени по воените експедиции во Бабуна 1831 и Катланово 1844.

Истовремено цела Mакедонија е крстосувана од албанските банди и немилосрдно ограбувана, некогаш бандите броеле и до 1000 души. Заштитници на населението биле сејмените кои биле ангажирани од султанот, таков е и Кузман Kапидан опеан во поемата Сердарот.

Поради тешкиот живот населението масовно бега во градовите и таму сега за прв пат пројaвува интереси за своја црква, свои училишта и др. За прв пат во кукуш 1856 година се одржа миса на словенски јазик по заложбите на кукушани на чело со Димитрија Миладинов, но под покровителство на унијатите.

Почнуваат да се издаваат и првите учебници за македонските говори најпрво со Анатолија Зографски, па Партенија Зографски кој ќе биде поставен и за кукушки владика.

Просветителството започнува со Пејчиновиќ и Крчовски чии книги со беседарски карактер биле печатени во Будим и во првата македонска печатница во Солун отворена во 1820 или 1828 година. Тука се печатени: Началное Учение на А. Зографски, учебниците на Партенија Зографски, а подоцна и на Кузман Шапкарев и на Јордан Х.К. Џинот. Со појавата на првите буквари за македонските говори се побуди и интересот за народното творештво, така да во овој период се појавуваат и собирачите на народното творештво браќата Mиладинови, Кузман Шапкарев, Марко Цепенков и др.

Нивните записи за македонскиот фоклор се сеуште едни од најзначајните дела за Македонецот и македонштината, дела кои се погодни за читање на сите генрации, за секој оној кој сака во себе да ја почувствува древноста на нашата татковина.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.