Среда, 22 Октомври 2014   
МАКЕДОНИЈА - земја библиска, една и единствена, од секогаш и за секогаш!

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Каде грешиме, толку ли имаме згрешено пред Бога, па сега не` казнува толку лошо па не можеме да се се исправиме? Од славно Царство кое прерасна во Империја, после повеќе од 2000 години, дали се уморивме од самите себе и си велиме нека оди се` по ѓаволите... 

Имаме големи недоразбирања самите со себе. Кога е најпотребно, не сме заедно и секој бара шанса да дојде до најдобра позиција за век и векови, од каде ќе се молзе вечно и неограничено. Дотогаш анонимец или анонимци, бараат нивното свето и најмилосрдно мислење да стане дел од сите нас, Македонија да плаче и да се крсти во него или нив и секој што ќе се осмели да им застане една секунда... е тогаш тоа се душманите, изродите и расколниците на народецот наш. 

Како во дијаспората, така и во Македонија, имаме толку контрадикции, омрази и проклето одмазнички идеи, што се наметнува прашање дали има понесреќен народ на целата планета? Со најголемо право си земам за слобода да го речам ова, затоа што не знаеме кога да запреме и да ги оставиме работите таму за сосема друго време, а комшиите не спијат и си ја спроведуваат долгорочната политика и Дракулската с`рж да ни ја испијат крвта. 

Единствена причина за овој феномен треба да го бараме во тоа што имаме Кралски Династии по Европа, гледај иронија, создадени преку Македонските Кралски лози... кои работат против Македонија и на нејзиното уништување. Но едно нешто дознавме овие денови. Таа толку фалена Америка си ги покажа роговите, со воведување на Сатанизмот како религија, еднаква и рамноправна со Христијанството и сите други религии. Значи, ние како Православни треба тотално да пропаднеме или да станеме слуги на Ѓаволот, па се наметнува прашање ако се дефинираме како Сатанска Македонија или Ѓаволски Македонци, дали Америка ќе не остави на мир? 

Значи, полека можеме да видиме каде сме грешеле. Спиеме, не планираме, ниту анализираме или да поставиме план или некоја задача за иднина. Како да се бориме, како економски да зајакнеме и да не дозволиме да се игра некој со нас... звучи неверојатно, но како другите успеале и како нашите пра пра пра дедовци до пред 2000 и кусур години го правеа тоа, да пробаме и ние барем 30 % како нив. 

Но ние не би биле Македонци и после толку време, ако не веруваме во подобро утре и да ја видиме Македонија како што беше порано - една, цела и обединета. Имаме право на тоа и некакво чудо мора да се случи, зошто Господ ги решава сите работи во најпогоден момент. Само што мене и на многумина не ни се чека и сакаме додека сме на овој свет, тоа чудо да го видиме со свои очи. Изгледа тука грешиме, немаме трпение.

Каква Македонија сакаме да оставиме на нашите идни поколенија, ќе биде референдум за честа, достоинството и напредокот, а против нечесните, мрачните и подземни игри, сплетки и удари врз Македонија!

Македонија е света земја, затоа традиционално е кај нас да се негуваат љубовта и почитта кон Господ!

Да ја негуваме сплотеноста на сите на кои Македонија ни е во срцето и гласно да кажеме: НЕ САКАМЕ ЛУЃЕ КОИ РАБОТАТ ПРОТИВ ИНТЕРЕСИТЕ НА МАКЕДОНИЈА!

За наша среќа денес Македонија го има двоецот Иванов-Груевски, кои искрено и вистински се борат за доброто на Македонија.

Тие се на добар пат, да ја направат Македонија таква каква што ние, со генерации наназад ја замислувавме.

Ние сите треба да работиме заедно со нив, за доброто на МАКЕДОНИЈА - земја библиска, една и единствена, од секогаш и за секогаш!

Амин!

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.